Да. И ми раскажале и сум била изневерувана. Сочувствувам со изневерените.. И не ми се допаѓа како однесување изневерувањето. Ама ќе го сменам тоа? не! А се обидувам да го сменам.. да им укажам да бидат искрени.. кој ме слуша?? Никој! Зошто да те 'оскубе' тебе? Ти и' вети пред Бога, држава и народ, дека ќе и' бидеш верна, или тој?
И затоа наместо да продолжиш да се обидуваш нешто да промениш на подобро, наместо тоа ти се променуваш на полошо и одобруваш неверство, така? Браво! Немам што повеќе да коментирам на темава.
Не можеш да смениш, ама како викаат ако не знаеш ни еден добар човек покрај тебе епа погледни во огледало и биди првиот. Секој треба да знае што прави и да почне прво од себе за да можат некои работи да тргнат на подобро во глобала. Не само за врски, изневерувања туку и за многу други работи. Најлесно е, ми е гајле, никој не се менува, нема ни јас..
и..? Што им беше 'изговорот'? Сите имаат некаков 'изговор'. Ама јас не изневерувам. Тие изневеруваат.
По прашањето кое го имаше погоре поставено. Дека треба да слушаме приказни зошто некој изневерил па можеби ќе сфатиме нели..
Дека не и е потребно љубов и досега никој не сакала. Ако и требало за секс, доволно е да си има пријателче со бенифиции.
Точно ама си дел од тоа и си овозможила да се оствари. Не би зборувала за вина тука, оженетиот ја има најголемата вина. Емпатијата и сочувството кон друго лице се тие работи што на едни ќе ги спречат да се дел од тоа а на другите нема да им е гајле за изневерената и тргнуваат по принципот дека ако нему не му е гајле за девојката ним па ич.
Имаш добра другарка која е мажена, маж и нејзин ужасно те привлекува и знаеш дека сака да има секс со тебе. Ќе се согласиш или сепак нема?
Соучествуваш во неверството и со тоа даваш одобрување. Исто како да прекриваш некој што има направено злосторство, автоматски стануваш соучесник. Не знам што има да се убедуваме т.е да ги читаме твоите оправдувања кои ти се само тоа, не се аргументи. И имаш многу контрадикторност во акциите и зборовите кои ги просипуваш тука.
Нема. Никогаш! Ни за отворен сексуален однос не би се согласила со блиски, не пак такво нешто... Свесна сум за тоа... Ама ми требаше многу време да го постигнам ова ниво...
Ахаа дојдовме до интересното. Значи за блиски те боли а за таму некоја што не ја знаеш ич не ти е гајле ? Емпатија кон блиските а кон далечните па и не толку. Нели нагон е нагон и не бира кај ќе се манифестира, нели сексот е само секс ?
Е јас исто мислам и за некоја што воопшто не ја познавам, бидејќи на двете исто ќе ги боли. Затоа не можам и не сакам да си дозволам такво нешто.
Точно.. И сите сме посклони емотивно кон блиски, него ли кон далечни.. И сечии граници се различни... моите се тука. Ве разбирам точно што зборувате, ама јас не се чувствувам така.
Дали ќе се почувствуваш изневерено доколку тебе ти се случи нешто вакво од блиски, значи не ти да направиш туку тие тебе?