Сум била.. Светот ми се срушил... Затоа велам дека имам емпатија за изневерените. Точно знам како се чувствуваат.
Дел од твоите километарски постови. И што сега од ова? Да не сакаш да ги разберам нивните изговори кои ти ги раскажале? Да не треба да сочувствувам со нив случајно? Ништо паметно не прочитав, таквите не се ни за да бидат во врска, а камо ли во брак. Само им го уништуваат животот на кутрите девојки и жени. Таквите не би ги ни погледнала, а не па со такви гадови да имам нешто и да бидам дел од нивните гадотии. Читајќи ги прераскажани нивните приказни кои тебе ти ги раскажале уште повеќе се чудам што толку се запна да ме прашуваш дали некој што изневерува ми се доверил отворено да ми ги раскаже причините. Само уште повеќе ми се згади ја таквите личности и ни малку таквите приказни не придонесоа јас да го променам мислењето кое веќе го имав.
Баш заради тоа! Оти се само изговори! А не аргументи... Ако прокопаш- подлабоко, ќе видиш дека од внатре гнило ќе излезе... Некои се само социопати, а некои толку страдале, што не знаат како поинаку да добијат 'љубов'
Знаеш и сепак го подржуваш неверството. Искрено си ми интересна личност за читање, но некогаш исто како и сега си доста контрадикторна во тоа што го изнесуваш, мислам дека сето ова како и за отворен брак е само дел од твојата чудна имагинација. Без навреда ама таков впечаток имам!
Вајлдче, понекоаш мислам дека водиш таков живот т.е отворен брак баш за да избегаш од се што можеби некогаш си доживеала... и ако доживуваш нешто и во сегашноста со тоа ''отворен'' имаш фора да си ги смириш емоциите.
Не.. Не е оти се чувствувам повредена од минатото, туку поради тоа што сексуалните апетити ми се, на моменти, такви. Дури и 'мирна' сум во браков. се' на се', 10 пати сум имала секс надвор од него... во 15 години
Ништо не се решава со изневерување. И по стоти пат ќе речам ако нешто не чини нека стават крај на врската, ама не и на десет столчиња да седат. Нека не бидат себични и да мислам само на сопственото задоволство, туку нека се стават на местото на партнерот како ќе им биде нив да бидат од другата страна на приказната-изневерени и со рогови.
Само ќе кажам: Секоја чест што сте се нашле со маж ти т.е што си спремна да го делиш и да те дели со други.
точно, точно, точно тоа!! На сите сум им го рекла истото.. Ама ни еден не ме послушал Ме разбираш? Тоа дали воопшто дошло до сексуален акт меѓу него и некоја трета, не прави никаква разлика.. Проблемот е се' што довело до тоа, да дојде на тоа ниво врската/бракот, па тој да стигне и да посака, и да најде начин да го издејствува тој сексуален акт. Што и да направиме тогаш, нема да го смени фактот, дека тој е веќе таков. Возрасен..Со изграден карактер...
Не те разбирам како таквите личности ти се привлечни и имаш секс со нив? Особено бидејќи велиш дека и ти си била изневерена порано. Се прашувам како не ви е испод ниво да помислите, а не па да имате нешто со личности кои се неверни...
Оти се 'најдалеку' од она што сум јас. Оти нема шанса да бидам со некој таков во врска. Оти си го сакам бракот, и не сакам поради сексуалните потреби, да го запустам, кој бај д уеј.. ми е навистина солиден. Така можам да контролирам, да нема никакви емоции.. Туку само чист секс.
Не знам колку ти е солиден штом малку ти е партнерот со кого си во брак, па имаш потреба да имаш секс со други. Исто важи и за маж ти...
Многу навлагате во туѓа приватност.Стварно сте без осет, сите до една.Вас да ве чепне некој, узбуна ќе направите. Нека си прават луѓето што сакаат.Не бара никој од вас да поддржувате изневерување, нити па можете да судите некој.
Нема што тебе да те прашуваат.. Подобро да се вратите на темата. Не е тема на муабет сексуалниот живот на Вајлд.. Во ова време - невреме кога никој за никого не се секира, вие за емпатија говорите а притоа ја анализирате членката. Ноу ноу...
Имам идеа. Бидете со зафатени машки и дајте им го доказот за тоа на нивните девојки сопруги. Ќе биде јако
Многу 'јако' ќе биде... Ќе се испозаколат меѓу себе жените, а господинот ќе си го прчи Стојко.. Тој има имунитет.. пошто 'курвата' е крива.. Таа го завела.. Тој кутриот.. појма немал што прави