Она со ако не сум јас, ќе биде некоја друга е како да најмиш платен убиец, да му нарачаш да убие некого. Што е убиецот крив, само си ја врши работата. ако не бил тој, ти ќе си нашол друг убиец.да ја убие жртвата. Да, знам дека убиство и неверство не се со иста тежина, ама принципот на оправдување е ист.
До некаде си и во право ама некад не бираш дали ќе се заљубиш или не. Едноставно срцето те води и тоа е. Еве јас сум баш во таква ситуација. Таа е во врска. Излеговме на кафе неколку пати за друга работа и помагав околу нешто и сега не ми излегува од глава. Разумот вели немој не вреди срцето вели спротивно. Звучи смешно но боли.
Да ти кажам и јас еве супер си поминувам и без да го изневерувам дечко ми. Кога меѓу нас има љубов и разбирање, не ми треба нешто повеќе за да барам на страна и будала да правам од него.
Не ме сфаќај погрешно, триста људи - триста чуди, ама мислам дека да си дозволи некој да се затреска во човек од неколку видувања и тоа што биле „помош за некаква работа“, треба ептен да му е досадно или дотолку да нема/не гледа други опции, па секое најмало внимание го крева до небо. Ти ѕирнав во мислења и впечатокот е тој. Пардон ако грешам, но се ставаш во улога на она што во литература се нарекува трагичен јунак и си ја зголемуваш маката непотребно. И рековме едно е (еднострано) свиѓање, друго е да правиш нешто со неа. Дали и ти на неа не ѝ излегуваш од глава? Си пробал да ја викнеш на состанок? Реагира некако, дава знаци? Точно дека не можеш да бираш кој ќе ти се свиди, ама можеш да бираш што ќе преземеш околу тоа. Некои не се мешаат и не си уништуваат врски, други се одлучуваат да си ја пробаат среќата. Овде збориме за вторите. А, срцето многу работи сака и ќе сака, ама тоа е што е.
Што знам мене па гадно ми е сабајлето да се лапа и ебе со девојка му, а вечерта мене да ми доаѓа. Од тоа ќе тргнам, дека физички гадно ми е. Ај што ми е гадно, ризично е, пошто ако е во врска и ми пишува мене, пишува уште на многу други кои носат сукња, па ако упалило кај уште некоја фино лепо болештина може да се закачи. А најинтересни ми се тие што мислат дека имаат нешто повеќе од нивните девојки, па затоа се привлечни на зафатен маж. Ништо повеќе немате, женски полов орган имате, тоа е критериумот. Па какви се станати, не се ни трудат нешто различно и ново да пишат, буквално истиот муабет на сите им го вртат, па кај упали упали. Со @lovestoneddd на таква будала нацапавме, исто од а до ш на двете ни имаше пишувано. Вие одлучете си дали со такви говеда ќе си ги трошите годините или ќе си најдете маж кој ве сака и цени.
Имам веќе изградена врска, не ми треба нова. И ако тебе ти е губење време, мене не ми е. Сите сме различни. И да.. пишав веќе имам емпатија за изневерените, ама дека на 40 и кусур годишен човек ќе му го сменам јас карактерот, тешко... Кога сум се појавила во нивниот живот, сите (тројца) имаа веќе зад себе долгогодишна историја на афери. Десетици. За секс, не ми требаат високи критериуми.
Вајлд мене една работа ме занима. Утре ќерка ти фаќа дечко, се заљубува, убаво и е со него. Дознаваш дека ја изневерува. Скршена е. Како ќе реагираш?
Ми се има случено вакво нешто,тој имаше убава девојка,ама многу хемија имаше и помеѓу нас што се гледаше и мислев дека само еднаш ќе излеземе ама тој и раскина ме засакал.Еднаш и никогаш више меѓу пар памет за друг пат
Ми се има случено и сум рекла еднаш и никогаш повеќе колку и да има хемија меѓу нас. Еднаш попуштив отидов против себе и ми беше голема школа. Не прави тоа што нејкеш да ти прават.
Хелоу... Искрено немав веќе на кого да му се обратам за настаниве од мојот живот. Сите мои другарки имаат различно мислење на темава и на никоја не и е важно што јас мислам и чувствувам. Наидов на темава случајно и се решив да си прашам за совет. Пред крај на 2019, бев повикана на семинар и искрено не планирав да одам, но некако во последен момент се одлучив. Никој од другаркиве не сакаше да оди па морав со девојки што ги познавам, но не се дружам многу. Не знаејќи дека во нашата група ќе има и машки се решив стварно да одам. Не собра професорот како набрзина да се запознаеме, ама тој ден главата не ми беше најбистра, онака ги видов дечкиве(со девојките се знаев) и кратко здраво си разменивме. Семинарот траеше 2 дена сабота и недела. Сабота сабајле јас како по обичај доцнам и ме бараат, се доаѓам последна и тргнуваме кон местово кај што е семинарот. Супер се си влеговме внатре и требаше да извлечеме бројче до кого ќе седнеме и девојќиве си се извлекоа некако ама јас не бев со нив. Си го најдов местото и сфатив дека сум до дечково од нашата екипа. Знаете она кога со некого ќе кликнете од прва. Искрено од цел семинар само него го паметам. Стално ме зезаше и ми дофрлаше нешто зајдливо. Додека траеше семинарот бевме на вечера и имаше жива музика, каде јас и тој седевме заедно и тој ја порачаа онаа од Дино Мерлин "Sve je laz". Ме нема повеќе погодено песна. Ајде некако и семинарот заврши на моја жалост и јас и тој немавме некакво вистинско збогување па решив да му пратам некоја глупава порака. И видов дека нашиот разговор станува сериозен. И одеднаш дознав дека има девојка и некако се се искомплицира. Тој е една година постар од мене и уште на почетокот флертувавме. Ме викаше Малечка и ми праќаше љубовни песни. Сите ми велеа немој грешиш, ќе те повреди, но јас веќе почнав да се заљубувам. Неколку пати ја имаше спомнато девојка му и тоа еднаш предизвика караница меѓу нас. Таа не сакала да го дели. Иако ние само зборувавме на чет, таа беше нездраво љубоморна. Некако оладив од навредите од нејзина страна, но 3 дена не зборувавме никако, се додека тој не ми честита нова година и јас решив дека не е фер да изгубам добар другар. На страна флертот и хемијата, беше многу добра особа, пријател, секогаш искрен. Се што барате во еден дечко, тоа беше тој. Се беше топ одкако се смиривме, баш ни одеше разговорот, иако ср трудевме да бидеме само пријатели и двајцата бевме свесни дека се појавуваат чувства. И од нигде никаде околу божиќ во 11 ипол вечер ме викна во диско, но учтиво го одбив. А веднаш после тоа ми рече, ако не дојдеп вечер во петок одиме во кафана, и јас како јас прифатив. Бев решила да баталам и чувства и се само за да бидеме пријатели. Си профолживме да се договараме и испадна договор петок 9 вечер. Тој со другари јад со другарки се супер. Важи договорот и јас нели среќна ќе излеземе, дури и му реков да ја земе девојка му со нас. Во петокот околу 4ипол ми потврдува одење за само 3 саати после тоа да ми напише дека на мајката на неговиот другар не и било добро и дека се откажува се, а јас веќе сум почнала да се спремам. Си разменивме уште 2 реченици и ме остави на сеен. Уште од тогаш знаев дека девојка му има замешано прсти. Иако просто кажано ние само се допишувавме и според него таа била океј со тоа. Едно време јас му велев да не се допишуваме веќе, дека не е правилно, тој викаше мене ми е правилно, на никој не сметаме итн. Од кога ништо не ми напиша по тоа во петокот знаев дека нешто не е во ред. Па му дадов 1 недела, а тој исчезна. На крај решив да го прашам што се случува. За да добијам повратна болна порака, болна до дно. Ми рече да не прашувам, дека не може да ми даде одговор, ми посака среќа и да си најдам пријател каков што тој не можел да ми биде. Не знам искрено што е целата работа. Да знам дека имал девојка, но што по ѓаволите правеше со мене? Да многу научив од него за еден краток период. А најважно од се да не се откажувам лесно. Иако бев спремна да му бидам само пријателка и ништо повеќе, па макар и по цена на моја несреќа, тој само така исчезна со една порака како да ги избриша сите. Колку што знам втор пат ја спасува врската со девојчево и не знам дали се навистина среќни или не. Но знам дека не би требало да ја градам среќета на сметка на туѓата несреќа. Иако тие спасуваат одамна пропадната врска, која веќе 2 пати не успеала. Да ја сакаше неа, ќе се вљубеше ли во мене? По толку време се појави некој за кој вреди да се бориш, само што не знам дали треба или не? Некоја од вас можеби поискусна да ми даде некаков совет, бидејќи навистина не знам на што сум...
Од кај знаеш дека бил вљубен во тебе? Да е бил таков случајот, би бил со тебе а не со неа. Никој не е обвржан да биде со некој, све е личен избор. Ти си му само луфтирање на страна, бег од постојаното, разбивање монотонија. Продолжи понатаму.
А зошто ова те интересира тебе? Нивна врска, нивна работа колку се среќни. Како вреди да се бориш? Тој за тебе што направи толку значајно за да биде вреден за ,,борба"? Јас не би се борела за некој што си има девојка. Тоа што си е со неа а тебе ти посакал среќа, доволно кажува на што си.
Let it go.. Нема потреба да се мешаш во туѓи врски ,има многу слободни мажи. Би ти препорачала да си најдеш слободен тип и да не си компллицираш животот . Не верувам дека бил заљубен во тебе туку само си му дошла интересна колку да разбие монотонија.
Си ја одбрал девојка му. И може само си умислила дека баш нешто има од негова страна шознам.. И уште девојка му била ненормално љубоморна зошто му рекла да не збори со тебе, па приметила нешто, а и чим и кажал дека збори со тебе очигледно и дека немал некоја намера нешо со тебе да праи, ќе те криел. Вас вака да ви се вмеша некоја у врска како се не ќе ја изнаречете, сега од другата страна љубоморна болна кучка била девојка му што вмешала прсти и на дечкото му расипала да искочи со некоја си . Не ти е крива она, прво дечкото е крив што песни ти порачувал и ти дал некоја лажна надеж, но може сакал само да се дружите од друга страна, не можеш да знаеш што му е во мислите. Мене не ми личи ни дека си му се свиѓала туку тепал досада на семинарот, па после постепено те откачувал или си викал кога ми е досадно ќе ја викнам, а да раскине намера немал. Најди си некои слободни, не се мешај во туѓи врски, ништо убаво не носи тоа. Може и типот си е таков со која стигне иде, а на крај со таа женската си е, но не ти треба такво нешто да си го комплицираш животот. Батали, ваков тип мажи на никој не му требаат. Неиживеан.