Де бре,си била втора,мислиш си имала афера сто години.Едно мување е,што си се потресла толку Ќе си го прашаш убаво и директно дека си начула оти има девојка и дали е точно..Ако ти признае,тогаш ќе му кажеш дека убаво си поминавте и повеќе нема да има Освен ако сакаш да продолжиш да се гледаш со него,без разлика што има девојка,е тогаш твоја работа,на твоја совест и душа И не значи дека ако сте млади,он треба да се мува наоколу или пак ти треба да го игнорираш фактот дека има девојка,неморално е,без разлика на сериозноста.
леле сите светици станале, абе ајдее, а кога ке дознаат дека дечкото ги вара се анализираат што им фали, што тој се смувал со некоја друга, па колку случаеви има долги врски, па раскинуваат се заљубува дечкото во друга и се жени, лелел грев кој грев жити се, не му расипала брак со деца, и секогаш таа другата расипала, како прво ако првата му била доволно добра тој нема да ја извара и на крај да раскине со неа за да биде со некоја другаа. А доколку остане со неа а со тебе само се мува, тогаш престани да се гледаш со него да небидеш втора.
Во принцип ми глумите како принцези да сте.. Боже божее, дечкото ако ја сакал својата девојка и ако ништо не му фалело со неа нема да ја вара сигурно. Свесно ја изварал. Колку е крив тој, толку и таа е. На неа ако и било убаво што ја искористил тој, и направил нешто. Боже сачувај. Од вакво глумење и правење светици како што напомена natemila ми се повраќа. А вие што се правите принцези и на вас ќе ви дојде редот кога тогаш во ваква ситуација, па ќе кукате, ќе си кубете коси. Ај позади компјутер и овдека глумите нешто, а во живо бегате. Што се не ќе прочитам ејј... Од вакви работи си патиме - поштено!
^^^ Диреткно обраќајки им се на критичарите ќе ви го кажам следното. Само ако вашите ниски морални вредности не се поклопуваат со нечии индивидуални догми и размислувања за ваквите врски не значи дека лажат. Вие сте едноставно бедни ! Бедни сте, убаво прочитавте ! За конкретнава ситуација нема многу да коментирам, ќе зборувам за сопствено искуство. Се случило да се видам со некој кој има пауза во врската, тоа е најдалеку што сум стигнала до тоа да бидам трета личност во танго за двајца. Не ми се допаѓаат тие работи. Сакам да сум почитувана од партнерот, зависно за каква врска станува збор, ако станува збор за отворена врска за мене е нормално да се гледа со други луѓе, но ако е обратно тоа е неверство. Ако знам за некого дека има партнер за сериозно не би се впуштила во авантура било каква пред да расчисти што точно сака и со кого. Игра со отворени карти е најфер, за сите.
Не е во контекст за проблемот на феминката,ама да се надоврзам кога станува збор за моралот,камо среќа машките да беа свесни што е морал и што значи кога ќе расипат врска или брак,повредуваат некоја. Ние женските во некој си наш фазон на себеобвинување,а машките баш ги боли уво за се За морал треба двајца,лично јас не би простила некому ако има само намера да направи нешто а камоли да го направил тоа што не треба!
Ти изгледа исто си нечија втора виолина или швалерка? Што ти се криви девојките кои не се такви расипани ? За среќа сеуште ги има ! ** Конкретно за случајов, девојче ти изгледа толку се цениш и толку се вреднуваш себе си што му дозволуваш на некој лигушко да си игра со тебе, па и со таа другата. Греота и таа, не е помајка. Како паѓате на олку ниско ниво еден дечко да ве мота ? А, верувај дека сигурно си има и други муваторки, не си само ти. Ама самите им дозволувате да ве користат !
Ова ми падна во очи..... девојка му не му била на роденден? Што врска е тоа? И не го „врзувај во крпче“ тоа што некој рекол дека МИСЛИ дека А има женска. Ако навистина ти се допаѓа, пробај да дознаеш за сигурно и потоа одлучи што ќе правиш, затоа што и да има некоја не верувам дека тоа е баш врска штом не ја поканил/не му дошла на роденден. Не ме разбирајте погрешно, јас сум многу против вакви работи, меѓутоа на 18 години можат да се случат такви збрки, го виделе со некоја, си ставиле срциња на ѕид и готово одма мислат дека има женска. Бидејќи на тие години не размислуваме многу (со исклучоци) дали некој нешто може погрешно да сфати, повеќето машки мислат дека се што лета се јаде. И да, нема зашто да ти е непријатно доколку си дознала после тоа. Мила, живеевме во свет кај што намерно растураат домови, а ти ќе чувствуваш грижа на совест затоа што некој мрсулко не е свесен дали е во врска или не е. Таквите „врски“ воопшто не ги ни ценам, а да е некој во вистинска стабилна врска и ти знаејќи го тоа да направиш нешто, е тоа е грев и треба да имаш грижа на совест. Секој се чувствува различно, зависи од личноста, совеста, карактерот и други фактори, ние не можеме да ти кажеме како да се чувствуваш. Значи додека не си сигурна не преземај ништо, можеби за обична претпоставка ќе уништиш нешто што може да прерасне во нешто убаво, од кај знаеш. А си помислила и дека можеби му се допаѓаш на другар му, па затоа ѝ го рекол тоа на другарка ти?
До сега не сум била но немам потреба што тебе да ти се правдам, Ако си доволно писмена ке прочиташ што сакав да кажам, со исклучоци за срека да има девојчиња што не се расипани, но повекето се оние што расипуваат бракови, а она за една обична децка врска нема потреба да се чуствува искористено. Но мора да се најде некоја и како тебе одма да осуди некого.
Болдираното: Не мора да значи дека ако дала мислење свое некому нешто пречи. Од друга страна, сите се правите невини демек, вакви такви мижи да те лажам а сите наоколу шврљате. Немој да глумите, глумци има во Холивуд колку што сакаш... Никој нема да си признае ама баш ниту едно женско дека е расипано. Така да, прочитај два пати што сака да се каже па после пиши мислење. Научете да си ги прифатите критиките позитивно и негативно без да нападнете и осудите некого. Не коментирам повеќе, пиши што сакаш на ова мислење. Бидејќи што и да напишеш смешно е.
Интересни сте кога своите постапки ги оправдувате и си се тешите со тоа дека сите така прават и сите се такви. Ти ако "шврљаш" не значи и дека другите "шврљаат". А за болдот... уф... шта речи... За момент си помислив дека позади твојот ник се крие 35 годишен закоравен балканец за кого сите жени се курви.
Аууу што имам јас да се кријам. Само си ја кажувам вистината. Од вакви прости коментари како твојот си патиме. Американице не се замараат кој кого изварал или кој со кого легнал и со кого имал. Ние сме 20 години наназад со своите мислења. Пак судите демек ние сме курви вие поарни. Хахаха хахахах ахахаха ама ме изнасмеа поштено. Општо кажав јас... а ти сфати како што треба, а не како што сакаш. Спојлер Дојди да пиеме кафе и да отвориме една убава дебата за оваа проблематика,па да видиш дали сум машко или женско. Штом не ти одговара мислењето и идеш контра, спаѓаш во тие што глумат невини а уствари исти сме сите. А извини не се суди по мислења се суди по карактер.
^ Јас не судам никому, ако мислеше на тоа и ако тоа ти претставува некаква посебна сатисфакција и достигнување. Можеш што сакаш да си правиш, нит ме интересира, нит па сакам да знам, се' додека не ме ставаш на исто ниво и во иста група со тебе. А и штом Америка ти е репер за однесување и морал... Јасно ми е.
Големо чудо ако он има девојка а ти си се смувала со него. Битно тебе ти било убаво, а тоа што он си ја изварал девојката ќе си биде на негова совест, ти немаш потреба за секиранции
Од каде знаеш ти во која група спаѓам јас и дали Америка ми е репер? Само ги кажав вистинските стереотипи. Немој да наведуваш особини на луѓето кои не ги познаваш лично. И те молам, немој да ме напаѓаш, ако не ти се допаѓа моето мислење игнорирај го. Биди си нормална девојка како и сите други. Спојлер Ми се повраќа кога ќе прочитам мислења на девојки кои осудуваат, критикуваат, кои се прават светици и принцези, а надвор сите истото го прават. Страшно. Боли вистината кога некој ви ја плеска, за жал. Девојката не знаела дека тој има девојка,од каде ќе знаела пример? Мислиш ќе ти каже машкото тој може и да ја излаже да и каже немам...И во брак да е, тој може да и каже немам жена ни деца и таа за една вечер како ќе знае. Ма дај молим те, демек на вас не ви се случило слично. Научете да ги фаќате во лага па полесно за вас.
Да, нејзе и било убаво, но дали ќе и биде убаво кога и таа на ист начин ќе биде изневерена од нејзиниот дечко? Во никој случај не е исправно вмешување во туѓи врски... ако некој што е во врска, а ви нуди мување, или обратно, на некој во врска и пак му се пуштате, па и работењето зад грб и правење некој будала и изневерувањето, извинете на изразов, ама тоа е нешто најку*вински и најидиотски. Зарем малку се слободни машки, па да мора да растурате туѓи врски? Истото важи и обратно. За срамота!!! П. С. И побитна е човековата совест и човековите принципи, отколку таа американска “мода“. Ако стане модерно да се јадат го*на, и тоа ли ќе почнете да јадете? За се има граници. Не сакам никого да навредам со постов, едноставно си го кажав своето мислење во врска со темава... позз
Тоа што јас не се согласувам е твоето мислење за тоа како што ти самата си кажа дека сите девојки "шврљале" и не' направи овде сите до една глумици, па дури и иронични муабети како ние сме биле принцези и сме се правеле светици. Не сме такви и тоа е тоа. Ако моето мислење и правило по кое се водам ме прави светица или принцеза тогаш ок. Не знам што толку ти е болно да прифатиш дека има и девојки кои имаат достоинство во права смисла на зборот, принципи по кои се водат и НЕ, не шврљаат. Не знам како да ти објаснам за да сфатиш дека никогаш во животот не сум помислила да изневерам, а верувам и лично познавам многу такви девојки и момци, кои никогаш не би изневериле. И тука сите твои "издржани" коментари поткрепени со иронични досетки ти паѓаат во вода. Ако ти самата си се тешиш и оправдуваш со тоа дека сите се исти, тогаш жал ми е што ти ги рушиме соновите. И немам што јас да изигравам полицаец некому и да го фаќам во лага. Јас имам долга врска меѓутоа и предходно не ми се случило тоа, можеби затоа што сум гледала со кого излегувам и тоа сигурно не било од прво запознавање. Може да ве излаже некој што нит го знаете, нит го познавате, сте го запознале во дискотека, или па на фб, излегувате со него и одма се мувате. А не може да ве излаже дечко што сте го запознале преку некого, или пак ако малку од малку се заинтересирате за каква личност всушност се работи. Не живееме во Русија па да не се знаеме и да не можеме да дознаеме. Ни во Скопје не може некој да ви скрие и секој со секој се знае, а не па во другиве градови. А и колку што прочитав, во случајот со девојчето што ја отвори темава, дечкото се дружел со нејзина другарка. Така што можело многу лесно да се дознае дали има или нема девојка. Само на кого, како му одговара. Спојлер И не планирам повеќе да коментирам зашто доста е од оф топици.
Јас знам едни деца кои одеа летото,тој се смува со нејзина најдобра другарка и пак продолжија! Мене ова со мувањето веќе не ми е нешто посебно. Спојлер Со тек на времето моето мислење кон оваа тема се менува.
Луѓе значи ве молам! Цел пазар направивте, се испокаравте, испонавредувавте ... Зошто? За џабе. Значи сметам дека премногу се одалечивме од темата и мојот проблем. Значи не сум растурила ничиј брак ниту пак ничија врска се распрашав немал женска, имал некоја од неговиот град ама раскинале. И нема причина да се карате за безврска, и да кажувате кој каков е. Затоа што сум сигурна дека повеќето овде меѓусебе не се познаваме и неможеме да се навредуваме и осудуваме без никакви причина.
Изгледа тебе те боли вистината што ти ја плеска некој, а тоа е дека самата си кажа дека не си светица, и за твоја несреќа сеуште постојат светици и поштени девојки.
Ајде де а ти од каде ја познаваш бубаче89 и од каде знаеш каква е? Таа само кажа можен пример а не именува не кажа оваа се прави светица или таа се прави таа зборува општо за сите а ако ти не си таква како што бубаче спомнала во коментарот нема причина повеќе да должиш и дискутираш.