1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има девојка, а јас се смував со него

Дискусија во 'Сингл' започната од eloves, 15 март 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    @Hellobabygirl

    Ќе ти зборувам од слично искуство.
    Дечко кој имаше девојка и со кој се запознавме на место кај што беше излезен со неа, флертуваше со мене па за да не испадне сцена јас морав да си заминам.
    После тоа почна да ми пишува, одговарав сосема пријателски иако неговата намера не беше таква.
    Ми спомнуваше да сум излезела со него и тука го прашав „Па нели имаш девојка?“.
    На тоа ми одговори дека многу скорешна му била врската и не било ништо пресериозно.
    Доволно ми беше да сфатам дека со таков човек не сакам да имам ниту пријателска ниту било каква врска.
    Намалив со пишување и иако на почетокот беше доста упорен и го продолжуваше разговорот, на крај си сфати што сакав да му кажам со намалениот број на одговори.
    Врската ја продолжија и сега се верени иако верувам дека до некаде беше свесна за неговото однесување.

    Нејсе, она што сакав да ти го кажам е дека ваквите момци си бараат или разбивање на монотонија од моменталната врска или пак сигурна опција пред да ја раскинат моменталната врска.
    Никогаш не се ставаат во „ризик“ да раскинат со моменталната девојка ако другата со која се допишуваат сака да биде фер играч.
    Воедно Битер убаво ти кажала, тој не направил ништо за тебе за да биде вреден за да се „бориш“ за него.
    Продолжи си понатака и не се заморувај да даваш шанси на некои на кои непочитта кон личноста со која се во врска им е нешто прифатливо и кул.
     
    На ku4ence, candy.cane, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Не ве разбирам, значи момакот имал девојка и се смувал со друга девојка. Како може да планираш нешто сериозно со таков тип кога голема е веројатноста утре и тебе да ти се случи исто такво? Подалеку од такви !!
     
    На theowndemon, piksooki, Different7 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Се читаш ли што си пишала???
    Не знам со кој памет си се вплеткала во ова, но треба да го заборавиш.
    Без разлика дали е во среќна или несреќна врска, тој повторно се враќа кај неа.
     
    На ku4ence, CameliaMiller, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hellobabygirl

    Hellobabygirl Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите, најискрено го почитувам секој одговор. Ама на почеток сум се уште и немам многу искуство со врските. Но од грешките учиме.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hellobabygirl

    Hellobabygirl Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. katelyn

    katelyn Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација е со другарка се запозна со еден се слапаа тој цело време и правеше филмови демек женска му била луда, сакал да ја откачи али не можел. И кажав дека си игра со вас двете посебно со неа, ја користи кога му фали женско внимание во животот. Тука почнува да се правда со мене дека не е така. Дури се гордее со тоа кога ја вика да се видат во последен момент . Цело време збори за него и многу е напорно бидејќи пола од тоа се глупости и празни муабети. Не знам зошто ама сака да е втора опција, а кога ќе размислам не е ни втора. Упорно не сфаќа дека и се јавува само кога он смета дека е погодно и тоа во 5 до 12. Она трча кога да ја викне и кај и да е ќе отиде до сега еднаш не му рекла не. А пазете ја трачари женска му дека била к*рва и лесна пошто и зборел дека стално имале односи и ради тоа уште се гледале (facepalm) Да не зборам дека не му се јавува кога е со женска му пошто он така и кажал(наредил) Пред некое време и кажа дека сака да се само другари а она се истура на сите во друштво и пак иде кај него дома во ниедно време навечер. Не знам што да правам и имам кажано на најјјјј фин начин мало дете да беше ќе сфатеше дека некој го користи за играчка..
     
    На buba4e89, ku4ence и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.229
    Пол:
    Машки
    А шо си се засекирала ти толку за другарка ти, кога нејзе и е убаво?
     
    На LITIUM му/ѝ се допаѓа ова.
  8. katelyn

    katelyn Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    зошто сам кажа ми е другарка
     
    На TheDreamGirl, buba4e89, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Сум се нашла во ваква ситуација . Тој ми беше дечко , раскинавме , тој се врати на бившата , потоа сакаше да излегува со мене иако немаше раскинато со девојката . Но , таа паметна , видела ( не видела убаво ) повици од него на мојот број ( сеуште го имал во именик ) , и почнала да се расправа со него , као што имаш да ја бараш . Овој се направил " на Тошо " и ме набедил мене пред неа , дека јас сум го барала прва , сум му досаѓала , и направил филмови дека ме барал за да види што сум сакала од него . Девојчето се караше со мене пред цело училиште , сакаше и да ме тепа дури . Кога и објаснив каква е ситуацијата , дека јас не сум го сакала воопшто него , дека никогаш не сум му вртела откако е со неа , и дека слободно може да прават што сакаат , се додека мене не ме замараат , сфати колку е саат . Понатаму , не знам што се случувало со нив . Знам само дека по месец или два слушнав дека раскинале од други причини .

    Никогаш не сум сакала вакви драми , а секогаш сум се наоѓала во средина на истите . Јас сум човек кој сака мирно море , сакам мир во љубовта , иако сум авантурист по природа . Секогаш сакам забава , но кога се работи за љубов , сакам спокој . Или авантури , но со една личност . Не сакам неверства , за мене тоа е детско , незрело понашање . Веројатно така сум воспитана . До карактерот не верувам дека е , бидејќи секој кој не ме познавал доволно , ме означувал како изневерувач , играч , флертувач , а сум навистина далеку од тоа . Сум флертувала , да , но не кога сум била во врска , и со луѓе за кои сум знаела дека се сингл во тој момент .
     
    На ku4ence, cresa-jagoda, LITIUM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    Секогаш кога ке се појави некој за кој вреди да се бориш,таа битка однапред е загубена кога се работи за врски.Во секоја врска се влегува ладно без разлика на почетните страсти и пеперутки до плафон.Тоа што ние си градиме предпоставки во себеси дека овој е тој вистинскиот тоа е само наша илузија и можеби ништо повеке од тоа.Кога веке знаеме да го препознаеме моментот кога во таа врска треба да се влезе,исто така треба да бидеме подготвени и да го препознаеме и моментот кога од таа врска треба и да се излезе.Ако веке повеке пати се повторува истото она за кое е повеке пати разговарано предходно но сепак се повторува.Нема случајности и нема глупави луге.