1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој има девојка, а јас се смував со него

Дискусија во 'Сингл' започната од eloves, 15 март 2014.

  1. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Абе девојки, пред да се мувате наоколу со „зафатени“ момчиња/мажи, ставете се во ситуација на неговата девојка/жена. Сигурна сум дека таа ситуација воопшто нема да ви се допадне!!!! :geek:
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    А не ни се допаѓа ни ситуацијата кога нашите дечковци размислуваат за потенцијални мувања со X личности.
    Не се виновни само девојките, вина наоѓам и кај таквите дечковци, кои покрај фактот дека имаат личност покрај себе, посегнуваат по неверства. Вината е еднаква. ;)
     
    На sj *O*, Nati.P и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене ништо не ме боли. Нема да дискутирам повеќе... Гледам дека воопшто не ме разбираш и ме посочуваш мене како можен пример. Штета што не можеме да најдеме заеднички јазик и што не разбираш што сакам да ти кажам.
    Да ми го најдеш зборот или реченицата каде посочив дека не сум светица. Ама знаеш ли дека колку повеќе ја негираш вистината толку повеќе си признаваш дека сум во право.

    Јас во мојот живот немам мравка згазнато а не па со тебе да се замарам да ти објаснувам дека никој не се дели на светец и не светец. Дека сите сме еднакво исти само со различни карактери. Твоите бајки демек не си ти таква задржи си ги за себе. Исклучи го компјутерот и излези околу себе погледни сите што прават па пиши и ќе разговараме. Вака само на празно си тролаш...
    И да знаеш нити ме знаеш ни познаваш за да кажеш а тоа е многу лошаа особина и затоа ние женските не се поднесуваме некогаш и не можеме да оствариме и да задржиме долго пријателство со женско бидејќи си ги поседувате овие стереотипи.
    Па, ако мене ме болеше да ти кажам право во тој контекс ќе те нападнев и навредив ама не е мое ниво. Не постојат групи на женски ни подкатегории сите сме исти. Сфатете си.

    Кога ќе ме видиш со свои очи што правам јас е тогаш можеш да ми кажеш не си светица, ваква си таква си, а до тогаш можеш колку сакаш да зборуваш бидејќи тоа е мана, женска мана оговарање друго женско без претходно запознавање. Ништо не ме изненадува веќе. Се насладувате, се храните и се воодушевувате а во принцип сте љубоморни внатре пукате,вриете.
    Јас немам потреба да глумам и да се праам светица или несветица, да им го подлижувам гз за сите да бидат околу мене и само јас да сум во право. Јас сум тоа што сум - нормален човек.
     
    На sj *O*, julie77, tHeBeAuTyFoReVeR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Реков нема повеќе да пишувам ама ти девојче се' си испомешала. Ај прочитај си го уште една постов зашто целиот ти е контрадикторен. Едно со едно нема врска.

    Прва беше ти што иронично кажа дека сме светици, откако индиректно ти посочија дека ти не си светица, збориш дека не сме те познавале па за да кажеме што си ти, а затоа ти нас сите не' знаеш па одма кажа какви сме и што правиме, прво велиш дека сите се исти и расипани, па после сите сме си со различен карактер, велиш не се дели на светец и не светец, а претходно ти прва не' подели овде одма... Во една реченица две споротивставени мислења, како двајца да го пишувале постов. Не знаеш што пишуваш. |(

    Не знам само јас што воопшто се замарам и така овие мислења ќе бидат избришани.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мислам дека вие не сакате да ги прифатите туѓите мислења, затоа е и форумов секој има право да си каже мислење и ваше е дали ќе прифатите или не.
    Јас кажав општо за ситее, а не за секој посебно. Дефинитивно не разбирате или си сфаќате како што ви одговара.
    Ај не ви пишувам више, лупајте си глави подоцна ;)
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Бубаче, ти кажа општо за сите, со исклучок на тебе? |(
     
  7. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    А од каде да знае некоја па еве и јас дека момчето има девојка?
    Каде му пишува ? На челото ли кога тој сам излегува пример?
    Знам еден куп луѓе мои блиски кои се женаа сега и сите се чудеа од каде му излегоа долгте ,,врски,, со девојките кои си седеа дома додека они си муваа други и си шеткаа постојано.

    Имав јас лично една случка со еден таков тип
    Ми се удвараше долго време она веќе нападно удварање, јас не го манкав воопшто бидејќи не ми се свиѓаше (да ми се свиѓаше сигурно ќе направев нешто) и после неколку месеци слушам свадба правел, прашувам со која бе луѓе? не го видов ја човеков со девојка ?

    Тој да ти имал 5 годишна врска бе, алоооо!!!!
    Никад не го видов со неа, а со други да, го гледав!
     
    На sj *O* и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Среќо влезе во дискусијава жустро ко фудбалер со клизачи во шеснаесетик. Сега ти е касно да се вадиш на :

    Ти прва почна, сега издржи.
    Само едно да ти кажам: на оваа тема, нема „сите сме различни“. Има „сите сме исти“ и ниедна од нас не сака да биде изневерена, а неморалот треба да биде секогаш осуден. Изневерувањето не е во ред и како такво треба да биде осудено.
    п.с се надевам дека никогаш нема да ти се деси, ама ако си го најдеш мажот во твојата постела со друга жена сети се дека:
    , па подруди се да бидеш како американците и остани мирна. Така ќе бидеш 20 години понапред од сите нас кои иако настојуваше дека не вреѓаш сепак не нарече прости. На крај сепак се ова твои зборови, нели?
     
    На imelda, sadgirl21 и Decapitated.Hanna им се допаѓа ова.
  9. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Неможев да редактирам затоа едно по друго ....
    лепа.милена дали си излезена надвор од твојот град?
    Надвор од македонија да видиш што се дешава надвор од нашиве граници, и она што го нарекуваш американска ,,мода,,?
    Јас ни во кучето немам верба а не па камо ли во дечко. Никогаш не можеш да бидеш сигурна дека некој те или не те изневерил.
    Мислам стварно, ти ќе си легнеш пример во 11 после работа (ако ти е дечко не зборам за сопруг), па он има комотно време и да излезе и да најде некоја и да те изневери
    Воопшто не е девојката виновна , повеќе е крив дечкото што ја изварал ете девојката, ако бил маж нека и кажел дека има девојка па ако и одговара нека продолжи, тоа можеш да го наречеш ку*вински и идиотски начин, а ова не !
     
    На sj *O*, Salome, natemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    леле читам и не ми се верува колку ја нападнавте, втора трета, курва, виолина и што уште нема да ви текне, девојчево побара совет овде пазар, абре луге бев во брак 6 години, се разведов брзо, сеуште незнам дали ме изневерил тој до последно си негира и ако јас од други сум слушнала дека многу пати го виделе, и што треба сега јас да направам со тие што ме изварал ако ме изварал да речам дека се курви, од кади тие девојчиња знаеле дека тој дома има жена и дете ако овој мојов труп да речам не им кажал, и што сега јас сум глупа или што, затоа реков девојките не се криви од после кога ке дознаат дека бил женет може веке е касно некое невино девојче се заљубило и додека да свати во што се нашла и е тешко одма да престане затоа што веке се родиле чуства сппрема него.Е сега токолу таа знаела дека е женет и поцнала свесно врска тогаш е грев затоа што може да расипе едно семејство, мада од моја гледна точка пак е тој виновен што дозволила некоја да влезе мегу нас. Јас сега од кога се разведов никогаш иако имав неколку понуди не влегов во врска со некој женет, но од каде да знам за дечковциве дека се во врска ако тој сам некаже, прочитав и мислење ке се распрашаш ама додека се распрашаш и стапиш во контакт со некојнегов близок за да дознаеш возот отишол. Затоа не е убаво никого пред време да се осудува, Ова не го пишав за ниедна од вас си кажав лично за мене позз до сите.
     
    На sj *O*, bubic.k, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Машките се тие што кријат дека имаат девојка, многу пати сум била и сведок на тоа, свесно започнува да флертува со друго девојче и после девојчињата се вакви, такви па ние како гуски ќе си ги кубеме косите помеѓу себе и ќе се навредуваме.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.573
    Замисли ситуација...Ти дома, гориш од температура, а на дечко ти роденден. Веќе сите се поканети, а он не може да откаже се. И си слави роденден, и иде некое девојче, деколтирано, со минич од кој и се наѕира задникот, дечко ти се напил малку повеќе, и ете ги, се бакнуваат...
    Дали ти си глупа или проста девојка?
    И сосема логично прашање, што значи тоа да си го чува дечкото? Да го држи на синџир?

    И да и одговорам на девојката. Искористено, да. Ужасно е да знаеш дека му пополнуваш на некој време, а онаа што му значи, ќе биде со него секогаш кога ке сака.
     
    На sj *O*, iloveyou29, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Она не знаела дека он има девојка, а ако девојката му значи мила моја нема да ја изневери, во овој случај двете ги користи.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јас напишав дека можеш да се распрашаш и да дознаеш. И се' уште си стојам на тоа.

    Зошто дозволувате да ви "отиде возот" како што велиш ти? Кај се брзате? Да не ви избегаат? Па после женет бил, имал долга врска...

    Стојам на тоа дека ако сакате можете да дознаете. Имав неколку другарки што не се замараа со оваа проблематика, па си се муваа по дискотеки од прво гледање, ќе им пишеше некој на фб и оп одма излегуваа уште во првата секунда со него, и после погодувате што се случуваше? Епа да, излегуваше дека еден имал девојка, друг имал многу долга врска и бил пред брак, третиот беше верен веќе итн... Како мене никогаш не ми се случи ова? Како на другата другарка не и' се случи никогаш? Значи треба малце кочница, а не одма трчајте случајно да не ви избега возот. natemila не е ова конкретно за тебе, твојот дел од постот само го искористив за да го кажам моето мислење.

    Пак ќе се вратам на првиот проблем што девојчето го напиша.
    Можела и претходно да дознае и работите уште на почеток да и' станат јасни.

    Истите тие што ти кажале дека прави свадба и дека имал петгодишна врска можеле претходно да ти кажат дека има девојка. Ако си сакала нешто со него и ако си прашала. Значи сепак имало некаква поврзаност.

    Не знам, не сакам да излезе дека ве убедувам во нешто, тоа си е мое мислење и како такво до сега не се покажало погрешно, ама вие си знаете.
     
    На hermosa и natemila им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ви коментирам по 5 месеци ама ајде може некоја девојка ќе се најде во слична ситуација па ќе и се најдат и мислењава. Измешавте баби и жаби да ама мојата случка што е буквално детска работа неможе да се спореди со растурање на брак, врска или слично. Да појаснам. Детето ми се допаѓаше од лани ама беше во врска со девојче што ја знам (не ми е другарка само ја знам) и така ми помина тоа. И ден денес ми е симпатичен, убав е ако е веќе за тоа ама повторно не би сакала да имам ништо со него. Друга работа беше што јас незнаев дека е зафатен + тоа не беше планирано се испадна ептен случајно. Во кратки црти нему му беше роденден, седев со две другарки во слаткара едната му се јави дојди во трговски, тој рече јадам за 10 минути таму сум. Едната другарка си замина превозот ќе и дошол јас останав со другата и седевме на едни скали немаше никој сред бел ден. И јас си правев муабет со него другарката зјапаше во телефонот и едно време рече ќе се симнам да купам нешто и одма се враќам. Да напоменам дека на времето кога имав дечко со него седев на истите скали и не се случи ништо само муабет си правевме така да не ми претставуваше проблем да останам насамо по втор пат. И си зборевме уште како 10/15 минути некои муабети :?: и ко требаше да си одам станав јас стана и тој и така натаму. Несакам да навлегувам во детали а и нема што да се каже. Другар ми беше, зборувавме и се ама околу љубовта никогаш не сум го прашувала конкретно ништо оти ни тој сам не спомнуваше и несакав да бидам нападна и досадна. Ќе ве излажам ако ви кажам дека несакав да се случи тоа. Од друга страна по 2 дена од сосема друга личност дознав дека тој веќе си имал девојка иако ми пишуваше на фб. Другиот ден јас на пешачки чекам да поминам доаѓа тој од другата страна и го почекав и прашав отворено му кажав шо како дека сум слушнала прво ми веднеше главата и на крај призна. Му кажав се случило еднаш и никогаш повеќе толку. И почна да се лигави не ја сакал, вака, така му кажав јас не сум глупа чао пријатно и толку. Денес го видов и затоа ми текна на темата и на него. Застанав се поздравив и толку. Ама таков човек кој незнае да почитува девојка и ја изневерува во прва прилика не ми треба. Не дека сум светица ама тогаш ми беше доста криво. Не поради него оти бил зафатен оти поради тоа што во Скопје некоја го чека за викенд да се видат а тој тука се лигави кај стигне. ПОсле тоа слушнав дека раскинале зошто и како незнам и несакам да знам. Значи да се разбереме друга ќе беше работата јас да знаев и упорно да му се бутав ама ете незнаев на чело не му пишуваше. И до тој ден имав чисто пријателски однос со него, не сум гледала причина да се распрашувам за неговиот љубовен живот или пак за него знаев доволно колку што требаше. Не го дискутирам тоа дали ја сакал и колку ја сакал тој си знае.
     
  16. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Читав нешто низ темава па ме потсети на една случка од мое детство :lol:

    Имав негде 18...19....20.... не повише. Чат пат гледав едно дете на местата каде што излегував. Онака ке го видам еднаш (со другари), па после нема да го видам 2-3 месеца. Ми беше симпатичен. Не пагав нешто у несвест...чисто онака, симпатичен. И помина многу време така ке го видма па ке снема. Една вечер во дискотека, се погоди случајно да стоиме многу блиску, он со другари, ја со другарки. Почнаа прво погледи, па некоја насмевка, па случајно поминување еден до друг, па како си-што си.... направивме некој ред муабети. И ајде излеговме сите заедно од дискотеката, кој такси, кој пешки секој на своја страна, ја и он као ке пешачиме малку пред да фатиме такси. Застанавме на една клупа пред зграда, се обиде да ме смува, ама беше многу пијан и мене не ми беше филм, па ништо не се деси. Го зафркавав дека утре нема да ме памти :lol: И тоа беше тоа....

    После 2 недели бевме фамилијарно на свадба кај братучед на татко ми. Керка им се омажила, беа викани мама и тато со баба и дедо, ама неможеа старите па бевме ја и брат ми со моите...и ОП :emo: ДЕЧКОВО ЗЕТКО !!!! :clap: (нешто кратка врска, останала бремена...таква некоја приказна беше).

    Па неможам да ви го опишам лицето негово кога ме виде :rofl: Па му честитав :D Па и до него застанав да се сликам. Али на едно два три пати му пратив некои вакви :devil: насмевки ;)
    Што да кажам-морон. Дебил. :fubar:

    Поентата ми е дека ја не се чувствував глупаво. Ја незнаев. А како он се осекаше....само он си знае. :)
     
    На iloveyou29 и bubic.k им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.946
    Допаѓања:
    30.784
    Пол:
    Женски
    Кога имав некаде 17 години, имав ваква ситуација. Најпрво се осетив глупо кога дознав дека имал женска, а мене секакви лаги ми изнакажа. Потоа кога размислив, дадов се од себе да дознаам која му е женска. Дознав, и кажав се како што беше. И јас и таа бевме жтрви на неговата лага. Девојчето ме сфати, му раскина, и сега си е среќно мажена со 1 детенце. А јас и таа сме пријателки.
    Пак ми пишуваше и ми се јавуваше типот пред околку 1 година, но тогаш имав дечко, и му кажав на него дека тој ме замара, тој му напиша од мојот фб во негово име, и од тогаш го немам видено. :D
     
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Во овој случај вината е кај т.н дечко, инаку во слободно време ГОЛЕМ мАЖ. Ако бил нормален човек нема да дозволел епитет МАШКА СВИЊА и фино, културно ако му се допаѓала дурга девојка, ке раскинел со едната и ке почнел врска со другата.
    Меѓутоа, во денешно време има и секакви девојки кои се на изволте во секое време и си го пикаат носето тамо кај што не треба. Но, се зависи од конкретната ситуација. :) :) :) и актерите во неа.
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Не Лелјди , машките се тие што ги фаќаат... жените повеќе вртат други момчиња додека имаат дечко или идат на тоа абе ке раскинеме ќе се фатам со 3-10 машки и после ќе си се сакаме пак , само што разликата е машките не планираат туку одма реакција и идат , а жените планираат и планираат секое делче за да не бидат фатени или пак никој никогаш да не дознае ... да девојчињата се порасипани , само поитри и попаметни ...
     
  20. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Па и не би ги издвоила девојчињата како порасипани, или обратно - машките.
    Нема врска тука машко, женско - се е до карактерот.