Abe toj ako ima devojka ili zena a sme se smuvale a jas neznam toa e negov problem jas kako slobodna shto da pravam ke se sramam li? A odkako doznaam ajde doviđenja. Ke si najdam drug. A toj neka si nosi muvata na kapata.
Моралните вредности полека полека кај нас умираат. Чим прави селфи у основно, а брка 30+ у средно, каква ли особа ќе излезе?
На почеток да се извинам бидејки ке биде малку подолго. Кој може нека прочита и секако ако има совет или мислење нека ми пише. Се работи за еден дечко што лани се запознавме. Јас знам дека многу му се допаѓав, но јас не бев баш заинтересирана..Излеговме неколку пати,другарски и на тоа си остана, он замина од државава бидејќи освен во Македонија, живее и на друго место. Пола година е тука,пола таму, а тоа е еден од проблемите. Сега пред месец дена случајно се сретнавме во диско и се договоривме да се видиме да пиеме кафе и така и се случи,но овој пат почна да ми се допаѓа МНОГУ. Се смувавме.. Од тогаш скоро секој ден се гледаме и преубаво ми е со него. Се однесува со мене како со принцеза. Но, има девојка.. И тоа 5 години.. Знам дека ке имате негативни коментари сега,но не можам да го оставам затоа што вака до сега не сум се осетила.. Не знам дали верувате дека може за волку брзо време да се заљубите,ама јас не можам без него, се осеќам како да сум цел живот со него..Он ми кажа дека повеќе не е среќен во таа врска и дека не им функционира веќе подолго време, но сеуште не се раскинати официјално. Како и да е, со мене е секоја вечер, наместо со девојка му.. Но,не можам да разберам зашто сеуште не раскинале.. Не сакам да го напнувам и да го форсирам, да го прашувам како,што,зашто.. Многу ми е тешко, сакам да биде само со мене.. Јас мислам дека е најдобро да почекам вака уште некое време, да видам дали ке се промени нешто, и ако не , да седнам да разговарам со него бидејки не сакам да сум втора.. Не ми се верува ни сега како прифатив да бидам со него знаејки дека има девојка.. Можеби ке ме откачи како во 90% од случаите, но проклета надеж.. што ако се заљуби во мене и ја остави? Тоа што не живее тука цело време е исто така проблем, малку подалеку е, но кога би го решила проблемот со девојкава мислам дека ке биде полесно со тоа.. Имам покана да отидам заедно со него,на неколку дена или на подолго.. Инаку по социјалните мрежи сеуште има слики со таа, нивните родители се знаат и се многу блиски, што мислам дека е причина за тоа што они не раскинуваат.. Вака кога ке излеземе во јавност каде што има многу луѓе се однесува како да сме само другари.. Ке полудам што мислите вие? Само ве молам не ми викајте да го оставам зошто не можам...
Едноставно да се тргнеш од него и да го заборавиш. Колку и да ти звучи лошо, тоа е факт - да сакал сериозно да биде со тебе, одамна ќе раскинел со девојката. Очигледно му годи внимание на страна, а од друга страна, не му се испушта сигурниот „улов“ со врската која веќе ја има. Многу јасно дека ќе има слики со „таа“ - девојка му е! Ти си само златна резерва во моменти кога се скарани и кога му е досадно и колку побргу го сфатиш ова, толку подобро за тебе. Олесни си и тргни се од него. Нека си прави што сака, заслужуваш подобро, вака само ќе продолжиш да бидеш нечија втора виолина. И ајде да речеме дека ќе раскине и ќе биде со тебе. Што ти гарантира дека истото нема да ти го прави и тебе со некоја си таму? Ќе можеш да живееш со ова? Тргни се од него и олесни си, за твое добро.
Си во право до негде, но како што разбрав се работи за краток период како се заедно и мислам дека дечкото не може одма да започне нешто сериозно со нова девојка, ниту пак да раскине одма со старата. Јас мислам да почекаш малку и да видиш како ќе се одвиваат работите.
Да почека малку така што ќе биде онаа 2-рата? Ноу, ноу. Тој со тебе во јавност се понаша другарски зошто ти, тоа и си му. Ако тој сакал нешто повеќе со тебе, ќе раскинел. Милион примери имаш низ форумов како ниеден до сега не раскинал со женската, за да биде со онаа 2-рата. И не се 90%, туку 99.9% шансите. Не е дека не можеш без него, ниту го сакаш. За да се развијат тие чувства си треба време и вложување во врска. Фино Мишела ти кажа. Колку порано прекинеш, толку подобро за тебе. Со тек на време ќе станува потешко да се тргнеш, а истовремено ќе те излудува да си 2-ра и кај тебе да навраќа само кога ќе му здосади првата.
За греота си.. Како се осмелувате да бидете резерва,втора на некое машко не знам...Од толку машки што има вие гледате кај тие што се зафатени,врската не им идела,ќе раскинел аха да.Секако.Ќе му помини меракот и на тебе не се секирај,не си единствената што така зборувал само на тебе
Да сакал да раскине ќе раскинел одамна и немало да ја мота. Нема што да чека повеќе, нека се тргне што побргу. Таквите типови не се менуваат. Нека размисли каква основа е ова за почеток на една врска и дали сака утре да минува низ истото низ коешто минува сегашната девојка. Јас ти гарантирам дека 100% ќе ја снајде исто. Затоа нека не си го губи времето во исчекување и лажни утехи дека ќе се смени. Нема.
Работата е што не раскинува оти можеби и нема намера за тоа туку само ти мачка очи за да си тера ќеф истовремено со две девојки. Можеби му станала досадна врската, период е, сака малку забава. Само не спомна дали девојката му е од тука или од другата држава. Ако е од тука, да не си има таму уште две резервни? Не ми е јасно како не ви е мака така некој да ве понижува, да биде со вас а во исто време да има и друга. Не ли ве боли навечер кога сте сами помислата дека тој веројатно е во прегратките на девојката? Или така си мислите, ај се заљубив, ќе си терам па ако имам среќа ќе ја откачи девојката. Само ќе ти кажам дека во најголем процент од случаите долгите врски се распаѓаат обично по желба на двајцата партнери а не поради некој друг. Другиот може да биде само причина плус да не се одолговлекува крајот на врската што значи дека во случајов ако беше вистина тоа што тој го кажува до сега ќе требаше да раскине.
Здраво, читам и читам и си мислам колку само материјал има од тука книги да се пишуваат (не се секирајте се уште не пишувам за романтики, интриги, неверства, а не ни планирам да почнувам). Порака до тие, како они биле напредни европски американски или пак главно западно цивилизирани, а сите останати екстремно заостанати и сите кои што не делат исто мислење со нив се исто така заостанати, всушност самите тие се заостанати и не се свесни за тоа, мислејќи дека со тоа што на пример го пропатувале светот се изживеани и прогресивни, напредни се всушност многу заостанати во размислувањата. Не размидлуват дека во секоја ситуација во секоја случка не постои само едно единствено гледиште, постојат еден тон гледишта кои ја надополнуваат едната единствена вистина. Не земајќи обзифр за тоа си земаат право да судат на другите овој бил крив оној бил крив вака било така било,. Да точно во повеќето случаи можеби се во право, но не си го поставуваат она прашање, а што ако? Значи дефинктивно мислат дека се во право тие и само тие самите. Доста за другите размислувања, сега за темава како што кажа и самата девојка што ја започна, открила дека одел и со други, да тоа обично е и така, тие што не сакаат да бидат во врска поради разно разни причини, со таа личност со која веќе се во врска, едноставно раскинуваат, не бараат изговори. (иако знам примери каде што на пример машкот, а сум слушнал и за женски, дека не раскинуваат затоа што не знаат како, немаат храброст тоа да го направат, за да не ги повредат тие со кои што се, или пак зависат од нив, или пск ете едноставно се изгубени, но не разбираат дека всушнодт така повеќе се повредуваат и себеси а и партнерот. Иако некаде 80% свесно изневеруваат сакам да кажам тоа намерно го прават и ги залажуваат своите партнери или пак идни партнери дека нема повеќе тоа беше поради него/неа, не се трпеше ова она, има и едно 20% што не знаат како да раскинат се изгубени и изневеруваат мислејќи дека ќе се дознае па нив ќе им раскинат, или пак така кзневеруваат со желба да се пронајдат самите себеси и да најдат некое решение, иако не мора да значи ни дека воопшто изневеруваат ете не знаат како да раскинат се повлекуваат во себе и слично. Не тврдам дека тоа е така насекаде ова го зборувам за тие ситуавии што јас ги знам може реалноста со процентите е тотално поинаква). ) Добро е што девојчево открила на време а што е со тие што нема да откријат или со тие што свесно знаат дека тоа е така но си даваат лажна надеж дека тој се сменил или нешто слично, тогаш се јавуваат разводи дисфункционални семејства и на крај краева кај што се повредени тие, туку се повредени и нивните деца, најмногу тие. Ако не оди нешто не оди и не оди, давање шанси мал милион пати, не бива со тој/таа таквите луѓе не се променуваат тие ќе останат исти се додека не се случи нешто во нивниот живот некоја несреќа или некоја драстична промен поради икс причини. А има машки што еве има машки што одат со повеќе не се со никоја во врска но ете ќе ја пронајдат таа и оп се друго што е од женско не постои само таа и таа. Тоа важи и за женски. Или пак машки што не знаат да раскинат таа знае дека е изневерувамна но ништо не кажува (или може и не знае но се сомнева) а тој не знае изгубдн целиот што да прави како да раскине и оп одам јас и им велам не ве бидува вас најубаво да си раскинете, иако почнуваат да те мразат бесни се на тебе, раскинуваат и потоа се многу среќни. Или пак такви личности кои што ете сакаст да шмрљаат ( како што една тука напиша во смисол за сите други но не и она па оправдувања ми реков ми рече, глупости) сакаат авантури, тие такви се и само ербап партнери можат да ги скротат, а понекогаш ни тие. (важи и за лица и од машкиот и од женскиот пол). Хм цела книга напишав, се избинувам и поздрав (не дека некој ќе се мачи се ова да го прочита, и не е ни интересно барем според мене).
Ако гледаме објективно, не може девојка која што е сингл да биде виновна што некој решил да изневерува во врска. Обично таквите не ни ги сакаат “девојките“, туку се со нив од други причини. Некогаш е материјална стабилност (таа е богата и има конекции кои би му помогнале при вработување), има и машки кои не раскинуваат заради друштвото. Во заедничко друштво се и ако раскини со неа може сам да си остане, а е несреќен во врската, па решава друга да бара. Обично, во ваквите токсични врски и другата страна знае што се случува, ама мудро молчи, толку се западнати во комфорна зона што се би простиле. Ако се вакви во врска, не сакам ни да помислам во брак што би правеле. Обично, ваквите мажи се тешки пи*%и и неможат да донесат ни една цврста одлука во животот. Сигурно уште зависат од мислењето на мама и тато. Ако сте се гледале со ваков, само направете си мерак и после на игнор. Нема потреба од плачење од типот, ама не знаев дека има девојка и слично. Гледам и реферати од типот “морал и етика“. Во земја како Македонија, каде што цело општество е деградирно. Каде гледаме дека не се бираат средства за посакувана цел, каде сите токсини извираат од врвот на “политичката елита“, па како канцер се шират надолу, зошто побогу би било толку запрепастувачко неверството? Дури си мислам и помал грев е од крадење државен буџет и затупување на масите. Мораше и малку микс на политика.
Здраво на сите Јас само сакав да ве известам дека раскина со девојка му, си бевме заедно на одмор, вчера си замина од државава, а јас си имам поклонче карта за таму за 20 дена. Пресреќна сум и сакав само да ви пишам дека не е секогаш црно како вашите одговори тука
devojko najiskreno ti posakuvam da imas ce zivot srejka so nego i da ne go dozivees ona sto poranesnata devojka go doziveala. tocno deka se vo zivotot e prolazno site sme bile bivsi na nekogo sme raskinuvale i se toa no nikoj ne doziveal srejka na tugja nesrejka i toa ti go kazuvam od iskustvo
Никој што е сингл не е виновен заради некој што е зафатен е вара девојкаму или жена му ... Виновникот е секогаш тој што вара !
Хахаха а кој е најмногу виновен ако не мора да значи? Ако не му е ок во таа врска, има "закачување и откачување", а за изневерување, извини, тој што изневерува е виновен.
Да,во право си. Ама ако знаеш дека некој има девојка и ти се пушта дали би отишла со него? Зарем би била само забава и авантура за некој што му е досадно во врската?
Не би, ама секоја не размислува така, така што тој што ја има врската ако сака да ја има треба да размисли, тој има што да изгуби повеќе освен ако има некоја што би го толерирала, што да видам да не верувам. А другава страна, може да изгуби време само и да се забавува под услов да не се занесе, ако се занесе ќе си плати емотивно. А тој што наумил да вара, нема да каже за врската и пак истиот резултат.