Тој ако имал девојка и ја "изневерил" со Вас,по која основа мислите дека нема и на Вас истото да Ви го направи,ако сакате нешто "сериозно"
Извини, но сум бил доведен во такви сируации во кои што иако не ја варал, односно изневерувам да изгледа дека ја изневерувам, намерно од љубомора, женски се ќе направат.
Не разбирам ? Сакаш да кажеш ќе глуми некоја дека си со неа или си бил со неа од љубомора? Чудно, тоа треба да видам па, да верувам. Дури и така да е, би требало да имаш некој контакт со таква девојка т.е да не ја отераш каде што треба ако се бута со сила па, да има материјал за глумење и пак се доаѓа до тебе како некој што не превземал соодветен чекор да си ја заштити врската.
Значи , веруј Јас сум сингле ако излезам со некој и се воспостави дека имал женска , па што имам јас врска со женската? Јас не ја варам , дечкото ја изварал со него си има работа ,
Е какви не се девојки сум сретнал, инаку како да ја оттргнам јас кога била најдобра френдица или пак братучетка на таа што сум идел, што да и кажев на девојкава јас испаѓав виновен, јас сум и се пуштал, дрн дрн јариња. Не е се така едноставно додека не седнеш на друг во кожа, (влезеш де). Конкретен пример една ме повика на средба со изговор да ја изненадиме мијата девојка а нејзина братучетка за роденденот. Некоја прослава да направиме, нешто мало да ја изненадиме и со некој убав поклон и ми се допадна идејава, иако на почетокот се ми изгледаше чудно, нејзинава братучетка не ми личеше на личност што сака добри дела како тоа што требаше да го направиме, да прави. И си реков чекај може погрешно си ја проценил не ја суди книгата по корицата, и така се договоривме да ја изненадиме следната недела. Арно ама утредента ми се јавува девојката на телефон да се видиме веднаш, и тоа некаде 8 часот сабајле и јас зачудено без најмал сомнеж за што би можело да се работи отидов и се видовме во парк, не се ни поздрави со мене ни ништо првото што го рече беше меѓу нас е готово, и јас велам зошто што се работи? Си и се пуштал на братучедка ми. Секако негирав и и реков дека такво нешто не е возможно, да а што е ова (типката му рекла на некој да не фотографира или некоја не знам) и и велам слики од мене и од братучетка ти. Како се обидуваме да договориме изненадување за тебе и поклон. Според неа ти и си се јавил и си и рекол како не можеш без неа и дека сакаш да се видите а на овие слики тука она убаво те одбила. Да не те одбиела сигурно ќе си ја легнал. Од кај ти се овие муабети жити се. Од самата неа. И јас занемев, и викам ај баш да видам не ми се вуравше навистина, и тук се разделивме со договор да се сретнеме поручекот. И се сретнуваме и они ќутат и велам на братучетка и ај кажи и дека требаше изненадување да и приредиме, таа ќути и одеднаш не лажи ми се пушташе ти ме вик а иако те одбивав 50 пати најмалку. Искрено не знаев што да правам пак да бидам во иста ситуација истото би го направил само би кренал раце би станал и би си отишол од таму пошто со такви нема разбирање и нема потреба да се објаснувам, само ми стигна порака потоа дека меѓу нас било завршено. А јас и вратив и така нека биде кога не можеш да ми веруваш нема потреба да бидеме заедно. И толку. Освен тоа што после некаде година година и пол се среќаваме случајно и ми приоѓа и ми вика здраво, што тотално ме изненади, ми рече извини и си отиде. Нит за што извини ни какво извини, но знаев дека некако ја дознала вистаната. Потоа дознав дека не сум бил ни првиот ни посчедниот што бил изигран од братучетка, односмондевојката со која што идев била изигрувана од братучетка и а мотивот било тоа што на девојкава сите машки и се пуштала и секогаш имала дечко, а братучетка и слабо суша цело време едвај некој и да ја погледнал.
Жал ми е, забегано дефинитивно, макар што на крај сепак се дознава кој што лажел и тој се откачува за век и веков . Луда работа ама кога ќе се сетам има и мажи што користат такви бледи финити. Многу одамна беше и никогаш не сфатив што му беше фината, девојка му да ја лаже дека сум му се пуштала, а врска нема. Па, му отидов и сите на куп, партал правење, девојка му ми беше другарка. Па, јас бев во врска и пред него прашува си ме барала демек да му пренесам нешто нему ... што му е на типов си викам, и пак си го доби, ако ми треба тој, него знам јас како да го најдам тебе нема да те барам. Забегано, ама јас исеков на време.
Не инклузивно такво однесување само на девојките, има и машки такви но и жени. Подмолни, лицемерни, за никаде, а со една раскинав пошто нејзината другарка се нешто се мешаше во нашста врска што бара овој сега тука требаше сами да бидеме, што ти реков јас и ти требаше вечер сами да излеземе а ти со него си излегла, што е работава со тебе зошто си пак со него. Девојкава беше како слугинка на нејзината другарка (иако според моето кажување јас испаѓам тој што нешто му фали) требало неа да ја прашува со кого и како излегува, и правев муабет повеќе пати со девојката зошто дозволуваш вака да ти прави, и она па ништо не прави она ми е другарка, или пак ќе избегнува одфовор ќе ќути. И ја откачив пошто кога ќе и кажев дека не и слугинка и треба да престане таквиот однос кон неа он мене ми беше бесна и ми се лутеше, сигурно поради тоа што ја кажував вистината, а вистината секогаш боли.
Избегавме од темава, ама си загазувал ти. Или имаш ОК врска со девојките и намери па, си мета на пореметени умови, има нешто.
Имало и супер врски, а имало и и случаеви кога сум бил мета, но имало и кога сум добивал помош. Секакви луѓе постојат водени од своите убедувања, но и цели.
Се зависи од ситуацијата . Од една страна дечкото е виновен , бидејќи подлегнал на изневерување на неговата девојка со друга девојка , но многу случаеви има каде некои девојки измислуваат дека дечкото ја изневерил женска му со нив . Жив пример сум за тоа . Многу местенки ни правеа на мене и мм . За среќа , веќе дигнаа раце од нас , не сме интересни повеќе па сега одмараме од такви глупости . Не ги обвинувам девојките кои измислуваат вакви работи , не се виновни што сакаат светот да се врти околу нив , за жалење ми се некако . Патат за внимание ..
Здравоо.. дајте совет.. значи, вака.. имав врска од година и 6 месеци, цела година супер се осеќав со дечко ми, иако имаше подеми и падови.. Во принцип не изневерувам, сум мн верна и посветена, ама во предходни врски, сум фаќала како партнерот ме изневерува и не сум била способна јас да прекинам, сум чекала секогаш тој да пресече ама сум се ладела и дури при крај од гнев сум почнувала нешто со некој др, кој што за кратко ми станувал нареден партнер пошто сум завршувала со врските што веќе биле скршени.. Е сеа оваа врска почна така што дечко ми беше мн упорен, постар од мене, посериозен, и уверен дека ја сум тоа што го сака после некое време запознавање.. Ми се свиѓаше нормално, имавме заеднички интереси и тн и тн... Почнавме врска, дадов шанса, се супер на почеток, тој со мене до крај уствари и предобар беше за разлика од др дегени од машки, на крај и сериозни намери брак и слично, ама во текот на таа година, 3 пати имавме драми со неговата бивша со која што тој недорасчистил, и на крај не само со неа, туку и со себеси не расчистил што осеќа, пошто реално со мене супер се однесуваше, ама 3 пати муабети му фатив кај што и искажувва чувства нешто ја убедуива, и се објаснува дека за мене не се осеќа кој знае како, првире два пати, простив као ајде тазе сме во врска, и тој таз3е излегол од врскса пред да почне со мене, ај ок молеше многу може се каел ова она.. ама после една година, на крај девојката решава да ми испрати сите крајни муабети со него одкако веќе си фатила др дечко, а муабетиве до крај се воделе,. додека не се соочил тој дека веќе фатила др дечко.. Тоа ме скина ептен, ме олади ептен... без оглед на негово понашање и повторно каење и молење и идење до дома кај моите и сл драми, ја оладив мн.. ама не можев да поднесам што толку патеше и се каеше и не ајдеше пиеше спиеше...и као ајде месец дена пауза, иако за време на таа пауза ја се осеќав мнн сигурна и горда, и решена дека реално можам да надминам ако во тој моменр се разделам, ама глупачка се смирив коа дојде да моли ..... дадов шанса, ама веќе не се осеќав исто во врската...ние бевме ок и не се каравме, пошто и двајцата сме мирни така , ама не се осеќав убаво..немаше веќе пеперутки го немаше тоа убавото... се обидов уште еднаш да му кажам дека не е иусто и дека треба да се разделиме, не сакаше да сфати како тоа не било исто, се било супер..ваљда за него беше супер само да знае дека сум тука, а не ме осеќаше дека веќе неам иста енергија и тн и тн.. И пошто сум таква емпатична и емoтивна, трпев и продолжив.. во меѓувреме, интензивирав контакт со еден другар со дечково се дружиме онака скоро 2 години во друштво сме, не премн блиски ама онака пријатели... најверојатно и двајцата сме осеќале од секад искри меѓу нас ама тој има долга врска, и никогаш не сум предизвикувала ништо... иако тој некако можеби и потсвесно се трудел.. Ја најверојатно од потреба да ладам мозок од незадоволството во сопствената врска, се впуштив во комуникација со него , што само се интензивираше и тоа ептенн до степен што не ми била со никој предходно.. значи на мн начини си одговаравме, се свиѓавме се додека еден момент не почна да ме плаши тоа што толку уствари почнавме да се посакуваме.. Нејсе, пијана една вечер, се смував со дечкото.. излегов уште 4 пати после тоа, ама битно одма после првиот пат признав на дечко ми.. го пресече тоа..верувам и дека ептен го погоди и све ме погоди и мене не можев да издржам се каев и морав да му кажам.... сакаше уште да продолжиме нејкеше да ме изгуби, ама ја не можев веќе.. тоа само ми помогна да сфатам дека нејкам да сум во таа врска... без оглед на тоа што дечково имал сериозни намери, или ме сакал или нз што, ја не се осеќав исто и уште повеќе не би градлеа живот на врска кај што се сомневам во чувствата.. Неверството не можам да си го простам, ммн се напнав во врска со тоа ме изеде грижа на совест, ама битно конечно пред 4 недели раскинав, и решив дека така ќе биде... тешко ми е, и нему му е, и се јаде и не знам што,. и тоа што уште иам грижа на совест за него се јадев и ја, ама не можеб повеке.... од др страна, другиов дечко, се навлече и тој, се навлеков и ја, и со него исто решив дека такви средби авантуристички не можеме да праиме коа веќе сме инволвирале толку чувства.. пошто после секое обично пишење, ние сме вознемирени ја не можам да спијам само на тоа мислам.. Му кажав дека сум свесна колку е тешко да се раскине сериозна врска, ама единствен начин за мене и него е тоа.. пошто ја на овој начин само се уништувам.. Е сеа моментално дури страв ми е и од неговата одлука... ако раскине, во моментов барем, мислам дека ќе мора да легне правта прво па ја и тој да имаме нешто..пошто тоа би ги погодило и девојка му и дечко ми..од др страна, не знам дали да го обвинувам за чекоров за неверство, и да си речам не е стабилен ова она, коа и самиот толку години врска никогашш не ја изневерил женската.. прв пат се впуштил во ова со мене, и самиот е збунет дури очигледно збунет ослабен изеден и не е стабилен.. ми е жал што е вака, ама не знам ни ја како да постапам.. Престанав секаков контакт, се денови веќе не дозволувам контакт никаков, ама не знам себе како да се смирам паничарка сум и само мислам што ке се деси како ке се деси..дури и страв ми е дека од толку интензивни емоции., и да дојде моментот ја со него да бидам, ке си умрам од возбуда хахахахах
Никогаш не можеш да го знаеш ова со сигурност.. И никогаш не верувај на такви зборови 100% Многу си загазила во ова.. Јас само девојката на типот ја жалам..не знае со каков идиот си има работа..
Ја осудувам секој што не е способен да биде искрен пошто требаат јајца до земја за да знаеш што сакаш, и воедно ако почитуваш некого да пресечеш и да ги кажеш своите причини за раскинување. Едноставно се согласувам полесно е да имаш причина од негова страна за да раскинеш со партнер, ама доволна причина е и избледени чувства или монотонија во врска.. сепак млади сме, секој с ја бара среќата. На тој начин тој ја загрозува и нејзината среќа не само неговата. Секој заслужува да живее заљубен... да љуби и да биде сакан. Така да, најголемиот минус и од моја страна таму оди. Се дешаваат и вакви ситуации коа ќе загазиш во живот, или комбинација некоја ваква непромислена, ама ја пак останувам на тоа дека ценам искреност. До сеа искрено машко не сум сретнала, ама затоа жени еден куп.
Како прво јас својот партнер нр би го изневерила. Доколку евентуално тој не ми одговара би ја прекинала врската па после тоа би била со друг, што очигледно кај тебе не е случај, ниту пак ти е прв пат ова. Твојот дечко го обвинувам што и плачел на бившата додека бил со тебе а после тебе те молел. Требало тука да пресечеш да ти било дојфено до него, стварнп да си го сакала не би го трпела и опростила ти тоа. Нејсе па уште си почнала со друг тип притоа и тој во врска. И сега сакаш и него да му ја расипеш врската. А не размислуваш колку женска му ќе биде повредена со тоа. Тој и да е идиот и дрѕг пат да ја изневерувал не требало ти да бидеш дел од тоа. Зарем.мислиш дека среќата на туѓа несреќа се гради а? Или пошто тебе ти правеле така па ти да не останеш покусо а сама знаеш најдобро како си се чувствувала. Ама ако тоа те прави среќна само напред. Ама да знаеш дека тркалото се врти секогаш.
Значи златно правило е тој што сака не вара и толку. Чим тој сака да ја изневери или обратно значи дека нешто не штима а од многу причини не раскинуват. И не е крив никогаш тој што е слободен и се впушта во врска со некој зафатен. Ако на некоја слободна девојка не и е до врска и сака само авантура со некој што е она крива....
Во ред е мислењето твое, верувам дека секој може да си го искаже. А со оглед на тоа што не ме познаваш, јас се потрудив горе да објаснам дека мене не само што не ми е сеедно, туку ептен не ми е!!! Сум имала три долги врски од по 2,3 години, врски во кои секогаш јас сум била затрескана и душа сум давалаа за дегени од мажи што сум ги фаќала како ме варале не еднаш туку по неколку пати, а сепак сум останувала верна, ама ете таква ми била среќата на такви да налетам дури 3 пати...Јас потенцирав дека јас сум изневерила одкако ќе сум ги фатела декаме вараат и одкако повторно сум останувала во врската немоќна да раскинам,аманормално дел од нас се лади и си бара спас, подсвеста моја барала надеж, и секад се појавувал некој со кој што ќе сум почнела контакт, и да сум излегла и да сум се видела, кратко по тоа се раскинувала мојата веќе и онака уништена врска... и сум продолжувала со нов партнер..барем до сега тие три пати се десило така.. Инаку, не велам дека е најисправно, ама секој човек си го бара начинот да биде среќен или да излечи скршено срце. Секоја чест на тие што се појаки, знам дека најлесен начин на заборавање е со некој нов, и баш затоа овој пат сакав да останам сама..да се пронајдам себеси. да видамкако функционирам сама..без воопшто никој. Дечко ми за разлика од предходните дегени бивши, беше прекрасен кон мене, однесување, посветеност, емотивност, душа и тн.. ама ете, почетниот период, и тоа во врска што дозволив да ја донесам на најсериозно ниво, се посветив, нон стоп одев кај него, се правев за него, со моите го запознав,што ми е прв пат, и по негово инсистирање беше,, тој три пати во тек од една година , значи до крајот на таа година врска, се допишуваше со бифша му, а јас дури два пати му истолерирав и го оправдав врз основа на тоа што ете, го почитувам поради добрината, згрешил, сакал некако да стапи во кнтакт да јас мири, имал грижа на совест што и раскинал и одма по тоа почнал со мене... оправдував, како секогаш. Ама до крај, и покрај двете мои лутења, тој најверојатно се научи на моето простување, и продолжи со таа приказна со неа, кај што и искажува чувства. Едноставно ме олади тоа на крај..колку и да не сакав. Немав намера јас да го варам, пошто да имав ќе го нараев тоа многу порано. Се обидов два пати да раскинам, такви драми и самоубиства, и не можам да живеам без тебе и доаѓање до дома, и плус нормално ја бев лута ама сеуште си имав чувства кон него, јас попуштив на тоа и се смирував. Веќе не знаев како да постапам за најбезболно да заврши се тоа, а бев во агонија,и ете се деси да почнам контакт со дечкото друг, и се деси да се видиме еднаш. По тоа, баш поради мојата искреност и потреба да бидам крајно фер со некој што го ценам, во случајов бифшиот дечко, ја одма наредниот ден му признав, се до детал што се десило иако беше само мување, и му кажав дека сакам да се разделиме пошто не оди така. Не ме остави, до пред 4 недели кога веќе конечно пресеков. После раскинувањето се видов со другиот дечко повторно, и повторно како и што објаснив не се осеќав пријатно баш поради тоа што меѓу нас се развиле чувства, а тој е сеуште во врска. Иако ја секако не би требало да се замарамс о неговата женска, таа е негов проблем, и виновникот за нивниот однос е тој и само тој, особено коа ќе зеам во предвид дека беше преупорен да ми се приближи, иако при тоа ја дооолго време го игнорирав и бев воздржана.. сепак, ете осеќав грижа на совест и кон неа, пошто не сакам никој да пати поради мене, не сум таква душа и тоа етоа. Моментално еве, се обидов на дечкото да му објаснам дека претерано мнгоу се напнувам размисливајки што и како ќе се случи, се напнувам поради потиснати емоции, се напнувам поради целата ситуација, и единствено решение е буквално да не се осудува веќе никаде и никако да ме исконтактира, и плус да избегнува средби секакви. блокирав се и секаде.. и избегнувам колку што можам. Не знам што др би можела да направам за да бидам фер. А тоа дека се случува човек да олади, тоа есосема природно и нормално и секому може да му се случи особено коа се работи за долги врски започнати на понезрели години, ....се менуваат околностите,,и пак ке повторам, сите заслужуваме да почувствуваме љубов, и да сме среќни. Не гледам ништо спорно во тоа да ти е монотона врската и да сака некој да ја прекине со таа причина.. девојка му повеќе ќе страда во врска или во иднина брак со маж што веќе ја гледа како сестра, а не своја жена, одколку да ја ослободи и неа.