Болна сум,што се вели незнам колку ке живеам, а тој ми вика само остај ме да излевам не ме барај ме гушиш,а ваму се грижам за тебе. Се правам за него . Вреди ли вака да ми врака
сите жени правиме се за нив Дефинитивно не вреди да ти врака така, но ти треба сега да се грижиш за себе и за твоето здравје, највеке ..
А нели само ти го имаш одговорот на прашањево ? Според мене не вреди според тебе .... ? Не може ваков да биде вреден штом е безвреден
Преку глава му е . имаме триста други проблеми.но другарками ми збори дури бев во болница постојано и звонел и идел кај мене затоа што воедно со неа и комшивки сме. А јас цела недела не му одговарам на повиците да се покае малце и уште толку дупло планирам. Сега јас сум на ред малку
Икрено ништо на овој свет не поважно од здравјето,а за другото и не му се секирај. Најбогат е оној кој е здрав, а најсиромашен е оној кој е болен со ова сакам да ти кажам оној кој е здрав може да ствара да ја планира иднината, а оној кој е болен? Затоа од се срце ти пожекувам да оздравиш и секако да бидеш среќна.
Најпрво жал ми е што си болна и што на твои години мораш да се грижиш за тоа дали ќе го дочекаш утрешниот ден. Навистина ми е жал , жал ми е и за тебе и за твоите родителите, не сакам ни да помислам колку им е тешко што нивното најмило било болница и се соочува со вакво искуство. Тебе би те советувала да си ја одмориш главата и срцето, сега грижи се за себе, грижи се за своето здравје, нека не ти биде преокупација дечкото. Не се замарај со него, не се оптеретувај со тоа каде е, со кого е, не се распрашувај за него, превоспитај ги и другарките и кажи им да не ти пренесуваат информации за него. Очигледно е дека сега ти си важна, ти и твоите најблиски, твоите родители. Дечкото твој или е недозреан или се плаши да не те изгуби па затоа на некој начин и бега од тебе. Немој да ме сфатиш погрешно, премалку има информации за вашата врска, ама мислам дека најдобро би било сега за сега да се одалечите, да направите некоја пауза за да можеш да закрепнеш, да се посветиш на себе и на своето здравје, не ти требаат дополни нервози и стресови, ти си таа која не треба да се замара со него, а не обратно. Поздравче и ти посакувам побрзо да оздравиш
Не вреди вака да ти прави. Жал ми е што си болна ни сепак животот продолжува понатаму! Пробај да се разбереш со него а ако не свати и тогаш бегај подалеку од него! Позз
fency драга па нели вие си се сакавте и само мајка ти беше проблемот во вашата врска. А ако си болна, нормално е мајка ти да биде хипер загрижена за тебе, па да внимава на се околу тебе, од другарки, па се до дечкоти. А како идел кај тебе дома, кога мајка ти не го обожава ?!
имав и јас сличен проблем на овој кога се вратив од болница дечко ми свати и се смени но не за долго мој совет ти е откачи го
Ова девојче или самата се лаже или мисли дека со това што ке пишува сите не лаже......... премногу различни приказни за ептен кратко време
прво прочитај добро па после коментирај а ваков совет не ми треба. зачувај си го за себе. Не иде кај мене , идел кај другарками