@Sarence а вака бацки, гушки, драпање, некои такви работи? Ај за секс можеби му е срам, си има комплекси, ама има сексуална енергија меѓу вас? Млад човек на 23 години не може а да нема потреба од секс и интимност. А тоа со спиењето, не ми е јасно - ти сакаш да преспиеш кај него?
Па така, некои мажи мислат дека со склучување брак се завршува, не смее никаде да мрда , оти срамота било жената да е "оставена" . Едит:да ме си му прва? Девојче, настапи "безобразно", ако пак не реагира, тогаш едно од ова што ти пишавме е фати магла посовреме. @Sarence
@Sarence некои машки едноставно се такви и доколку го сакаш и почитуваш не насрнувај. Остави работите да си течат нормално кај него.
Леле јас па воопшто неможам да се опуштам во последно време незнам што ми е Дајте совет иначе и година дена секс да немам нема да ми фали Мм е згоден и супер си ја врши работата во мене е проблемот, глупаво ми е веќе и тој да се осеќа се како со сила да имаме односи
Здраво на сите нова сум на форумов и имам повеќе теми на кој сакам да добијам совет и искуство од другите. Мажена сум во брак сум 10год имам 2 деца и 30 год и без желба за секс воопшто се случува еднаш во месец да ми текне али обично е по инсистурање на сопругот а јас и тогаш наѓам начин да се отргнам со изговор дека нешто ме боли го сакам сопругот како и првиот ден но незнам што е проблемот
Може на тебе чека, па не сака да те присилува, може ако ти каже ќе помислиш дека само на секс мисли, имало и такви случаеви. Разговарај со него и кажи му зошто немате и дали ти сакаш да имаш...
Здраво девојки, се надевам дека барем една од вас ќе ме посоветува што да правам. Со маж ми сме заедно веќе 3 години, од кои 1сме во брак. Јас имам 23 години, тој е 30. Деца сеуште немаме. Имаме проблем со сексот т.е со избегнување секс, за да гледаме порно. Двајцата сме биле сексуално активни уште пред да се запознаеме,сме имале доста сексуални искуства. Пред бракот сексот ни беше супер, пробувавме секакви работи за коишто сметавме дека би ни причинувале задоволство,но веќе година дена тоа не е така. Работиме во казино и малку потешко се гледаме, дека не сме секогаш исти смени. Работата ни е напорна и незнам дали е поради тоа, но за наша возраст имаме многу малку сексуални односи. Приметив дека многу гледа порно. Порано сме гледале заедно и ни е било многу нормално. Но, тој гледа сам, дури избира самозадоволување пред секс. Сум го прашала повеќепати која е причината што толку гледа порно. Дали му здосадил сексот со мене, не сум му доволно привлечна, не му ги задоволувам стандардите.. Тој ќе ја избегне темата дека гледа порно и ќе ми рече дека сум најубава, најзгодна и дека со мене му е преубаво. Ќе се поправи на неколку дена, но пак продолжува иста песна. Кога ќе му отворам компјутер или телефон се чуствувам многу неубаво. Сето ова ми има влијание врз самодовербата и искрено многу ме разочарува. Пробав преку разговор на неколку пати да му го наговестам ова, но изгледа се борам со зависник од порно, за којшто не сум ни била свесна дека го имам покрај мене. Го сакам многу, знам и дека тој ме сака мене и затоа не сакам да донесам избрзана одлука.
Види какви видеа гледа пробај тоа да го направиш, можеби тоа ќе промени нешто. Машко да избегнува секс првпат слушам