1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. Purnama

    Purnama Нов член

    Се зачлени на:
    4 септември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, профилот го направив бидејќи имам ваков проблем.

    Во врска сме три години и досега не сме имале односи. На почеток мислев дека срамежливоста и повлеченоста не кочат, бидејќи и двајцата сме такви. Пред некое време прва предложив јас. Првиот пат, ајде прв на двата па не беше успешно. Наредните 100 пати кога сме имале прилика не ни спомна, а јас не можам секој пат да бидам иницијатор, непријатно е.

    Го прашав што е проблемот, дека ако е до мене ако можам ќе сменам, ако не можам да сменам заслужувам да знам и секој по својот пат, ако е до него ќе имам разбирање и ќе се потрудиме заедно за што и да е. Си најде неколку изговори сакал ама тогаш не можел, болен бил, наредниот пат страв да не ме разочара пак итн...

    Не го притискав нормално, но сега почна и да избегнува да одиме некаде на викенд, а не па друго и малку ме фрустрира бидејќи ако на 20+ години, по долга врска не се замараш со ова, на 60 нема сигурно. Наместо со ќеф да превземи нешто, ние се молиме.

    Не знам веќе како да постапам, и разговарав со убаво и дадов време...
     
    На ficooo_01 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ficooo_01

    ficooo_01 Нов член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Ocigledno deka e nekoj glupak
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Да не е дечкото геј?
     
    На Justicija, Elf, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Се решив некако да пишам. Мојот сопруг одбегнува секс. Јас мислев дека ја знам причината. Поточно повеќе причини се. Ама ете не сум знаела...

    Породена сум пред 3 месеци. Спијам во дневна со бебето и до пред една недела крварев, откако се породив никако не прекина крварењето, пиев апчиња и сега крварењето престана. Во текот на бременоста многу се здебелив и добив стрии насекаде и тогаш јас одбегнував, се пресоблекував во друга соба, ми беше многу непријатно и бев цело време стегната. Тогаш тој се повлече.. Откако ми заврши крварењето неколку пати му спомнав дека сега сум во ред и пробав индиректно да му кажам.. Без успех.. Почнав да вежбам и да пешачам и сум ослабната 20 кг. Една вечер онака си разговаравме и му спомнав дека ми пречи тоа што сме многу оддалечени, ми рече дека јас сум ја поставила таа бариера помеѓу нас и тој се повлекол. Сакал да ми даде време и да не ме притиска. Па така јас си сфатив дека сега чека на мене кога јас ќе бидам спремна. Пред некој ден решив да иницирам јас директно без заобиколување. Облеков нови свилени пижами и седнав, извадив алкохол и го чекав ноќта да се врати од работа. Кога стигна ме праша зошто сум се облекла така и јас само се насмевнав. Седнав го гушкав. Бебето спиеше до нас во дневна.Му предложив да одиме во спалната малку. Ме погледна некако остро и ми вели: “А за тоа е сето ова?” И ми рече не можел. Не бил истуширан кај таков ќе легнувал во спалната. Му кажав ќе го почекам нека оди да се тушира, па демек уморен бил, дали можело друга вечер. Јас само реков: “Ај добро нека е така” и си седнав на фотелја и почнав и да си го пијам алкохолот. После 10-тина минути ме праша да не сум замерила нешто, одговорив дека не, не можев да издржам и отидов во тоалетот и си пуштив некоја солза. Се вратив и легнав да спијам во дневната ,а тој отиде да се тушира и си легна во спална. Решив да не иницирам пак за да не бидам напорна. Мислев да се правам лута, ама размислив и утредента се понашав најнормално. Завчера он предложи да пиеме по некоја и купил јаткасти плодови. Јас си направив филм дека ќе има нешто, се средив и чекав, и пак остана така, испивме што испивме он си легна, а јас пак ненаспана цела вечер со бебето. Друго што мислам дека е проблем е тоа што свекрвата знае и доцна навечер да се качи горе бидејќи ја буделе разни звуци па мислела дека бебето плаче и трча да го смири. Преку ден што се качува горе се качува, она веќе и на глава ми е качена, ама ноќе можеме и вратата да си ја заклучиме не знам зошто тоа би било причина. Па тука цел живот треба да го поминеме зарем не смееме сами да останеме?

    Не знам веќе на кој начин да пробам.. Порано имав иницирано и јас односи, ама беше полесно, не сме имале толкава пауза. Сега кога рачунам од јануари ние ништо не сме имале како цимери сме станати. Порано знаев како, немаше шанси да ме одбие, а сега кога се случи тоа искрено уште повеќе се повлеков. Не знам како да постапам и што е причината. Го прашав директно и цел збркан ми наброја некакви глупости, бедни изговори.. Демек не сакал така. Не бил туширан, изморен бил. Реков тоа не е проблем ќе почекам, ако е изморен е веќе друга работа, ама стално ли е изморен? Па друга причина беше нека ми се средело здравјето и крварењето ,му кажав дека е средено и дека со денови не крварам, дека дури и гинекологот кажа дека може да имаме односи и дека е препорачливо за хормоните и за се останато да си дојде на место. ама рече демек не не, да сме биле сигурни.. Тоа мене не ми е некоја реална причина.. Не ми е проблем јас пак би иницирала ама проблем ми е ако пак вака ме одбегне и не ми даде реална причина зошто одбива. Па во брак сме, нека каже што е проблемот да го решиме..

    ЕДИТ: Друго сега што ми текна е тоа што можеби не сум му привлечна. Иако ослабев 20кг, не сум воопшто згодна како некогаш. Пробав и нешто пократко да облечам и добив коментар дека не ми стои добро и дека не сум за тоа. Да сум се пресоблекла. Една вечер излеговме и јас пак сакав кратки панталони и ми рече не сум била за со нив, и јас се разочарав се пресоблеков во долги панталони и он виде дека се натажив и ме праша да не сум се навредила. Само му кажав дека јас не сакам така да изгледам, ама девет месеци сум ставала килажа, едвај 3 месеци има од породувањето што очекува тој? И ми се извини и пак истото ми го спомна како и секогаш кога се жалам за килажа: “Ти кажував јас цела бременост ти си лапкаше, а јас ти кажував да внимаваш, ти си виновна”.. И така некогаш знае да ми каже дека многу ми се познавале стриите на нозете, ме прашува дали мачкам нешто против стрии.. И секогаш така се разочарувам..
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На buba4e89, thelittle17, Justicija и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    What the actual f*ck?
    Ќе се воздржам да го наречам сопругот твој со креативни имиња.

    Да го тргнеме сексот на страна, како се однесува кон тебе онака? Има ли некоја промена? Во смисла, ете ако не сака секс, дали избегнува било какви романтики?

    Треба искрено и отворено да разговараш со него. Ако те повредуваат коментарите, кажи му дека те повредуваат.

    Од твоја страна се обидуваш. Си вежбала, ослабнала 20кг (што не е ни здраво толку многу, толку брзо, си се форсирала), си иницирала.
    Сега останува на него, да се изјасни точно што му е проблемот.

    Според неговите коментари, си го погодила проблемот во едитираниот дел.
     
    На buba4e89, Justicija, Annath и 32 други им се допаѓа ова.
  6. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    5.532
    Период е, ќе помине. Многу се соочуваат со ваква ситуација од причина што во машка глава ти си сега со нова улога на мајка и им треба време да се адаптираат, за повторно да се осети сексуалноста што претходно ја имало. Верувам лошо се чувствуваш ама период е.
     
    На SandStorm, cresa-jagoda, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Женски
    Баш дека лошо се чуствува таа треба да има Поддршка од него, а не ваква си таква си ! После поројѓај на секоја жена и е тешко и е депресивна. Сепак таа треба да биде прифатена од него и како жена и како мајка на неговото бебе.
    @Fallen.Angel само разговор и кажи му што те мачи
     
    На Snowflake92, thelittle17, VoodooGirl и 17 други им се допаѓа ова.
  8. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    5.532
    Разговор нема да ја тргне бариерата во машка глава. Сестра ми имаа ваква криза во бракот после 2 деца, кога го прашував зет ми викаше едноставно не можам, не ја гледам како порано, ми треба време. И стварно, после 9 месеци се се враќаше во "нормала". Знам е тешко, затоа реков разговор не помага.
     
    На SandStorm, SummerGirl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Ова е тој идиотот што долга врска си расипа кога сте биле за една ноќ, за брзо направи дете со тебе, се земавте и сега вака ти се понаша? Пошо си е прочуен по неверствата, да не има друга извини вака?
    Можда ќе звучи сурово тоа шо го пишав и ретко вака уопште некаде имам пишано ама сум ја запамтила ситуацијава зошто некој ти имаше пишано со таков човек немало иднина, а ти кажуваше како некогаш и од секс за една ноќ и расипување долги врски се успевало, па ете стварно ми остана у глава ситуацијата...

    А, ко шо гледам е типичен сељак, баш како што си имав претстава уште тогаш кога прочитав што и напраил на бившата.
    Си носела негово дете, 9месеци си се мачела, сега си тазе породена и овој глупаков вака се понаша?
    Психичко малтретирање е ова, буквално те вреѓа и понижува.Мислам дека само почнал да си го покажува вистинското лице, чекал да се земете и сеа треба да е се ко шо сака он.
    И не ти е проблемот у тоа што немате секс туку што првично ти се однесува вака дегенски.
    Прашање е како тебе уште не ти се згадил и сакаш уште нешто со него да имаш, а не зошто он избегнувал секс.

    Сериозно разговарај и не му дозволувај вакво понашање првично.
    Отвори ги картите на маса, кажи како се чувствуваш и што е проблемот што така ти се понаша и зошто веќе не сте блиски.
    Биди директна и остра, не премолчувај, не плачи по тоалети, не викај дека не си се навредила и не му биди до толку потчинета да му одиш се по ќејфот, а и да дозволиш да ти падне самодовербата ради него.
    А, да и не мора да се правдаш зошто си се поправила и ти се сменил изгледот, побогу бебе си родила, треба да ви се ова најсреќните денови и мигови, да ти е поддршка, да се радувате на бебето, а не вака пекол да ви е се и да го молиш да ти посвети малку време.
    Седни го фино лепо и отворено искрено разговарајте, не гледам друга опција тука.
     
    На MG3, Chanell*, thelittle17 и 50 други им се допаѓа ова.
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.271
    Пол:
    Женски

    Истово сакав да го пишам, да не се повторвам.

    Застани цврсто на свои нозе, со скришум плачање ништо нема да постигниш. Подбери го убаво, шо се тоа навреди за мајката на неговото дете? Не смее да писне за твојот физички изглед, 9 месеци си носела друг живот во тебе, си го донела на овој свет здраво и живо само за некој шупак да ти префрла за изгледот?? Алал да ти е и ако воопшто имаш желба да легниш со него во ист кревет и да бидиш интимна.
    Пак ќе ти речам, застани пред него и се од ова шо си пишала кажи му го. Без плачење, без колебање. Ако тој не сака да ти пружи внимание, секогаш можеш да најдиш друг кој би го направил тоа.
     
    На Осе, VoodooGirl, Nausicaa и 18 други им се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Очигледно има некоја друга причина кај него. Зошто првиот пат не беше успешно?
    Може се плаши дека и следниот нема да биде па осеќа притисок. Може го плаши тоа што нема искуство, сè што е ново ни влева доза страв и несигурност. Спомнал дека не сака да те разочара, може нема самодоверба во себе. Секој пробал прв пат, секој бил неискусен. Заедно двајцата можете тоа да го променете и подобрите.
    Сепак, штом еднаш пробал, верувам дека и тој го посакува истото, но најверојатно нешто го кочи.

    3 години не се малку и сосем е нормално да сакате да сте интимни.
    Би ти рекла да разговарате, без притисок, пробај да откриеш што го мачи. Кажи му дека може да е искрен со тебе и дека заедно ќе се обидете да го поминтете проблемот. Залудно даваш време, ако не дознаеш што е основата позади сето ова. Верувам дека и тој ќе биде искрен со тебе, долго сте заедно, се знаете добро, треба да сака да ти се отвори и да го сподели со тебе секој проблем.


    -----------------------------------------------------
    Едит: и какви се тие коментари бил глупак или геј. Ако не знаете да дадете совет, воздржете се од вакви несоодветни коментари. |(
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На raww, Purnama, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    И јас исто се чувствував спрема жена ми. Ама тоа не значи дека не ја сакам. Може да се повеќе причини. Не треба да го притискаш многу. А другиве жени многу да не го навредуваат и одма етикети да лепат. Мажите исто така чувствуваат и имаат чувства.
     
    На AngelOfArh, Justicija, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Многу го изнавреѓавте човекот, не личи на ништо со коментарите, пред се неа и е сопруг и грешните одлуки што ги правел во минатото не треба воопшто да го дефинираат сега како таков човек.

    @Fallen.Angel си го знаеш маж ти најубаво, седни отворен муабет направи а не криење по тоалети. Верувам дека се ќе се среди, млади сте, а најверојатно влијае и новонастаната ситуација со бебето.
     
    На AngelOfArh, thelittle17, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Треба ли да го жалиме што мислел дека жена му засекогаш ќе изгледа исто? Сироти мажи, многу им е нив тешко што жена им накачила килограми кога родила цело бебе, нова душичка. Тогаш кога треба да се најголема подршка.

    Не е жената крива што вие сте влегле во брак со такво детско размислување. Некој да ми збори многу сум лапкала за време на бременоста... бог да чува.
     
    На MG3, Snowflake92, thelittle17 и 29 други им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    И жените богами чувствуваат кога ќе им каже мужот дека лапкале дур се бремени (и ги прават да се виновни за тоа) или пак кога ги одбегнуваат за секс пошо накачиле килажа.
     
    На thelittle17, Harper, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
  16. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Можеби има друга.
     
    На Purnama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Зошто си се чувствувал така? И колку време траеше тоа?

    Јас направив отворено муабет, ама веќе пишав дека добив глупи изговори и не видов некој напредок. Ситуацијата воопшто не е сменета.

    А за тоа дека го извреѓаа и изналепија етикети нема да коментирам ниту да се објаснувам. Така сфатиле, така мислат. Јас знам што е и како е, прашав совет за ситуацијата, а не да ми прават профил и анализа на неговата личност. Побарав совет и помош, а не осуди.

    Не би се бламирала повеќе да му покажувам дека имам желба, не би правела ни романтики кога знам дека не е до тоа. Коренот на проблемот е подлабок очигледно, само не знам што е главната причина и како би го решила проблемот.
     
    На Biljarkata, happygirl, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  18. yourfavoritegirl

    yourfavoritegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Во врска со тоа што избегнува интимен однос, можеби е период и треба да му дадеш уште малку време. Ова го велам бидејќи веќе еднаш си пробала со разговор, а ситуацијата не се променила. Сите луѓе имаат „кризни” периоди.
    Можеби не е навикнат да те гледа во улогата на мајка... не знам, човечката психа е најкомплицирана работа и само ќе се мачиш ако анализираш што е како е, кој е коренот на проблемот. Во меѓувреме посвети се на себе и на бебето.:) Во секој случај неговото однесување не е за оправдување.

    Не сум во твоја кожа, не сум ни мајка, па не можам да солам памет, но ми падна в очи ова последното дека на некој начин му смета промената во твојот физички изглед. Нормално е дека женското тело се менува. А и општо не дека цел живот ќе сме млади и преубави... Да ти замерува дека си накачила килограми после пораѓај е слично како да ти каже зошто имаш брчки на 60 години.
    Ако ти лично не си задоволна со изгледот и не ти е удобно во своја кожа, има решение, ќе ослабиш ако имаш таква цел (и тоа гледај да не е нагло, со гладување и слични работи). Најбитно моментално е тоа што си здрава. Поентата ми беше да гледаш да не се навредуваш и да не си ставаш при срце на секој таков коментар, да си знаеш колку вредиш и да си имаш почит кон себеси. Јас сум сигурна дека си преубава и вака како што си.:f: Убавината доаѓа од духот, од однесувањето, од добрината. Стриите се последното нешто за кое треба да се секираш.

    Пред да останеш бремена, се ли беше во ред?
     
    На Justicija, burthdaykake, ku4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Сфаќам кризен период има секаде. Ама ова не е кратко. Од јануари до сега ништо не сме имале. Ај пред тоа бремена шубе му беше, ај после рано беше, сеа изговори разни. Има друго нешто, не е обичен кризен период.
    Јас имам цел да ослабам, и вежбам и внимавам на исхрана и тој го гледа тоа. Самодовербата уште ми е на ниско ниво, ама ќе биде и тоа откако ќе го подобрам изгледот.Пред бременоста се си беше океј.. Немаше вакви работи.. Уствари и никакви проблеми немавме.. Потоа откако почнаа свекорот и свекрвата да ни се мешаат ни почнаа и расправиите. Инаку ние секогаш сме биле добри меѓу нас, ама еве мајка му напнува, ни прави збрки по дома и се повеќе сме напнати.
     
    На Biljarkata, thelittle17, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Тебе многу ти е падната самодовербата и според пишувањето за слабеење (не само во оваа тема) се гледа дека не се осеќаш убаво во своја кожа. А зошто? Па си била бремена, си го донела на свет најдрагоценото нешто, си му дала живот, се грижиш за него 24/7...дај си малку повеќе кредит. Ти си мајка пред се, не само сопруга. Таквите промени се нормални, не се форсирај толку само за да му бидеш привлечна на мажот, здравјето е пред се, а богами не е баш здраво за толку краток период да ослабнеш 20кг после 3 месеци од царски рез. Сигурно и на него дома му збориш дека си дебела, дека имаш стрии и сл. и само си ги истакнуваш негативните страни (според тебе). Неговите изговори нема да ги коментирам ама не ти дава поддршка. Кога јас се вратив од болница и си дојдов малку при себе, мм ме плескаше по г'з на секое поминување и ми викаше' милфице моја, ептен секси си станала' :D А јас здебелена што да ти кажувам ама преубаво се осеќав. Мора да се зближите, очигледно доаѓањето на бебето ве оддалечило што е нормално зашто сте фокусирани на него.
    Прво, почнете да спиете во иста соба. Зошто спиете со бебето во дневна?
     
    На thelittle17, Annath, happygirl и 13 други им се допаѓа ова.