Па оптеретени сме со изглед ние двајца. И сега ми смета што се уништив, не внимавав.. Сакам да изгледам добро и пред се здравјето да го подобрам. Со оваа килажа не сум воопшто здрава.. и холестерол покачен и други работи... Ама ме нервира кога одбегнува секс без да ми се изјасни. Јас спијам во дневна со бебето за да не го будимр него, работи во 3 смени и му треба сон. А морам ноќе да спремам и АД еднаш до два пати кога се буди бебето..
Јас не знам како оди тоа со спремање ад во сред ноќ и ви се восхитувам. Но, нели може кога ќе се разбуди бебето да го земеш со тебе во кујна (во количка, релаксатор било што) да му направиш млекце и назад во спална? Бебето е веќе пораснато и не се буди често ноќеска. Па и тебе ти треба сон. Мислам дека прво треба да се зближите, а вака со спиење во различни соби сте само цимери.
Моја претпоставка е дека кај маж ти има задскриен револт, па на овој начин сака да те казни, односно со одалечување од тебе и немање блискост. По ова што го имаш напишано коренот на проблемот го гледам во новонастанатата ситуација (родено ви е бебче), а највероватно сте имале расправии во комбинација со неговите. Незнам, свекрвата свекорот се меша, ти го напаѓаш, немате приватност,... Пробај наредниот период да ги подобриш релациите со неговите, и ќе видиш како ќе реагира. Во све треба политика па и во бракот, посебно ако живеете во заедница. Не мора да ги сакаш,....
Следен пат кога ќе ти рече вака, слободно речи му да износи друг живот девет месеци во себе, фетус кој треба да се храни, па после да лапка трици за твојот изглед. Не му иницирај ништо веќе, остави го нека размисли што кажува и прави. Ако воопшто има таков капацитет да се сети дека е најблаго речено недоделкан. Воедно не се форсирај пребрзо да си го менуваш телото, апсолутно немаш потреба од тоа. Почни полека да се грижиш за себе поради сопственото тело и психа, со здрава исхрана, излегување во парк со малечкото и роднина/другарки, пешачење, опуштање со музика/книга/јога, полесни вежби за почеток, шопинг и облекување на што ти душа сака, а НЕ што ќе ти се каже. Ако макар и се осмели да ти рече нешто за изглед, ни случајно да не си се преоблекла. Облечи шорц, фустан, хеланка и носи ги со самодоверба, бидејќи се сакаш самата себе. Дај те молам кажи во кој дел од постот на членката се гледаат чувствата на дрвово од човек? Едно зборче кое асоцира на љубов посочи ми и јас ти пружам рака.
Пие еднаш до два пати АД, ама џабе е се ако го разбудиме. Едвај заспива, а е уморен. Голта дијазепам и мелатонин за некако да се опушти и да заспие. Само сонот ќе му го кршиме и дупли нервози. Јас имав предложено такво нешто и он рече ако сакаме во спална да спиеме со малиот он ќе се префрлел во дневна. Важен му бил сонот и периодов многу му било убаво сам да спие.
Хаха .. Јас оти многу им молчам на старите затоа се толку распрдени. Со сите маки пијам по едно кафе со нив и цел ден им ги слушам глупостите и во себе си бројам или си пеам:”трактор брмчи брм брм брм” за да се смирам и да им премолчам. Не знам што е проблемот ама ако беше во мене ќе ми кажеше он не премолчува толку време. Јас секако продолжувам со физичка активност, и не планирам да се измачувам. Колку се може толку. Ама не гледам како тоа ќе ми го реши проблемов, бавен процес е оформувањето на телото. За иницирање, веќе немам ни намера да иницирам и да се осеќам глупаво заради неговите изговори и одбивања. Ама ете кога веќе ме одбива, кога веќе го прашувам толку пати ,зошто не ми кажува? Имам право да знам што е работата, така полесно ќе го решиме проблемот, ете ако е до мене јас би се потрудила и би направила што и да треба бидејќи не ми е проблемот за секс. Не сум очајна и да имам не знам колкава желба, ама ме плаши оддалеченоста меѓу нас и се плашам да не се оддалечиме уште повеќе и да не се изладиме бидејќи многу се расправавме периодов..
Жената му родила дете. Треба да му е најубава на свет. Не ми кажувај какви чувства имате. Никакви чувства не се оправдание за да повредуваш некого
Како да кажам, а да не згрешам... Верувам дека е уморен и му треба сон ама ја запоставува фамилијата. Ех, колку сакам јас да легнам и да спијам 8 саати само една вечер. Работам со години и никогаш не сум била уморна како овие неколку месеци ама како да објасниш на маж. А може и да протестира ако си му рекла нешто за неговите како членот погоре што кажа ама пак некако да те казнува со немање секс не ми се верува. Доволно си направила, јас не би се трудела повеќе ама до каде ќе оди ова не се знае, може да заврши лошо. Внимавај да не фатил некој друг пат. И пробај да ги подобриш односите со неговите кога веќе живеете во заедница за да си го олесниш животот.
Таа свекрва ти леле боже, навечер се качувала да го смири бебето, а вие двајца тука. Таа жена ви пречи многу и ви ствара тензија, тоа прво да го знаеш. Второ. Прашај го дирекно ама скрос најдирекно. Кажи му дека изговорите му се глупи и да ти каже што е причината. Не претеруваш воопшто.
@Fallen.Angel Телото нема врска со ситуацијата, па мајку му сите имаме секс а не сме топ модели. Тука има некој друг проблем, треба да разјасните која е причината. У секој случај е лош знак..
Јас мислам дека причината не е само физичка. Мислам дека многу повеќе влијае ова болдираното, кавгите за кои кажуваш дека ви се константни периодов, што само прави уште повеќе да се раздалечите. Верувам дека новонастанатата ситуација со бебчето во вашиот дом ве променило и вас. Дошол нов живот на овој свет во вашето семејство, што значи дека и вашите обврски се зголемиле, а со тоа и центарот на вниманието е насочено кон бебчето, а не на вас, како што било претходно. Недостатоци на сон се афектираат лошо на секоја личност, не прави да сме раздразнети, расеани, да не размислуваме чисто и конкретно и цело време да сме нервозни. Од тука, како и некои проблеми како вашите родители веројатно се изворот на расправиите што ги имате меѓу себе. Совет, не би знаел што да ти дадам, освен што се надевам дека ќе ја пребродите ситуацијата и ќе се зближите повторно. Би предложил да го оставите бебчето бар една вечер кај родителите ваши (доколку е можно) и да си ја посветите на вас, некоја вечера во ресторан, пикник или било што, каде ќе имате простор повторно да се приближите и да ги надминете пречките кои во моментов ве раздалечуваат. Верувам дека е само период, и наскоро ќе се среди се.
Веќе ти кажал, индиректно. Не си му привлечна. Нагло слабеење не е здраво, а не се ни формираат мускули, ниту се затегнува телото толку брзо. Едноставно треба време. Оди на опција дирекрно и смирено да го прашаш дали си му привлечна. Одговорот е да или не, многу јасен. Секакво врткање и изговори да се одбегне директен одговор, исто се многу јасни. Според одговорот бар ќе знаеш на што си и што ќе правиш потоа.
Очекував дека ќе имаш прашалници како да го решиш проблемот. Не пишав ништо понатака, бидејќи треба да одам против себе и против се' она за што се залага феминизмот, а тоа искрено не го можам. Не знаеш кој револт ми се јавува кога читам вакви постови како твојот. Да не се сфатиме погрешно, не е револтот поради тебе туку поради тоа што постојат вакви ликови како твојот сопруг кои успеваат да оформат семејство иако не заслужуваат да имаат никој покрај себе. И уште повеќе ми е криво што ти си мислиш дека грешката е во тебе, па се обидуваш да исправаш нешто самата, додека другата страна мува не ја лази за решавање на проблемот. Токму поради ова не кажав ништо. Не ми се лути, но ако јас се прашувам ни минута не би останала покрај него. Не сум во брак и знам дека треба компромиси, разбирање и толеранција за да опстане една таква релација, но кога првично не ја добиваш ни почитта, ни љубовта, ни поддршката која треба да е основа на сето погоре набројано, тогаш не гледам некаква иднина. Барем не добра и не онаква како што посакуваш. Тука ќе застанам затоа што не сакам да те разочарувам понатака. Се надевам дека другите членки ќе ти кажат и нешто пооптимистично. А јас посакувам да грешам.
Ne mi e jasno , ako nema druga , a kontinuirano da odbiva... Pa ne e mozno , na sekoj mu treba " da se olabavi" oti ke pukne inaku ako poveke vreme ne svrsi... A pri zena sam da go olabavuva e preglupo , kolku i da se luti...
И јас мислам дека е тоа ама не сакав да поверувам дека некој може да биде толку плиток на 27-28 години колку и да имаше. Баш ме интересира тој каков манекен е. @Fallen.Angel И тоа дека пие диазепам на толку млади години е чудно. Досаден е бракот, многу е типичен македонски. Мажот работи, жената чува дете, го пречекува од работа не смеат да писнат додека одмара, на свекорот и свекрвата им ќутиш, мораш да изгледаш убаво за на него кога ќе му се присака... Мораш одма да смениш нешто.
Јас со неговите сум во добри односи, не сум скарана, со мене се понашаат најнормално. Зад мој грб му зборуваат на него каква сум била јас. Така ни почнуваат кавгите. Мајка му ме видела со цигара на тераса, каква мајка сум била, не сум била порасната, не сум знаела да почитувам. Зошто сум зборувала така, сум требала да премолчувам кога ми пречи нешто.. Ние претходно никогаш немавме проблеми, секогаш со разговор сме се разбирале, ама сега кога има мешање има и тензии.. Не знам на кој начин да кажам веќе. Ако бидам како мајка му и го обвинам уште толку ќе ја влошам ситуацијата, му го знам карактерот. Ако го кажам на начин да му падне криво за мене ќе делува како да манипулирам со него.. Не знам дали е до телото, кога ги добив првите стрии осеќав колку тажно ме гледаше и му беше жал. Можно е да не се чувствува исто како порано. Можно е да ме гледа поинаку и да не знае и тој како да постапи. Еден ден отидовме неколку часа сами на планина. Пробав тогаш да разговарам и му ги кажав работите што ме мачат. Рече дека ме разбира ама дека морам компромис да направам и да се однесувам поинаку ако сакам да се смири ситуацијата дома. Од него ќе сум добила поддршка за се друго. Мислев и јас дека е период, ама долг период укажува веќе на подлабок проблем. Знам дека не можам да сум привлечна како порано. И тоа го имаме разговарано ама не така директно да го прашам. Ми има кажано дека ќе ми помогне да се доведам во ред. Секоја вечер заедно пешачиме, ми помага и со други работи. Орбитрек ми купи за роденденот и ми кажа дека иако е тешко ќе биде работата со тек на време. Се ќе сме правеле заедно, и вежбање и исхрана сменивме. Од таа страна гледам дека се труди. Ама некако кога ќе ми искоментира за изгледот се чувствувам како да не правам доволно. Тежок карактер е. И јас збеснувам. Ама не можам да го обвинам и него. Вистина е дека претерувам и јас некогаш и познавајќи се себеси не можам целата вина на него да ја префрлам. Што се однесува до физичкиот изглед сметам дека е во право, само ми смета кога го кажува без да размисли дали ќе ме повреди. За се би го оправдала и би го разбрала, ама не ми е ич пријатно и многу ми е тешко кога се расправаме заради старите, и кога не застанува на моја страна. Тоа е најтешкото за поднесување. Тогаш ми се кине срцето бидејќи знам дека тоа не завршува со една или две расправии, цел живот треба да ги трпам глупостите на неговите. Се надевам само дека ќе се смени нешто таму бидејќи тие ни ги прават 80% од проблемите кога му ја полнат главата. Да застанеше тој на моја страна барем еднаш тие немаше толку силни да се осеќаат и да ни прават вака. Не би било ништо толку лошо ако свекорот и свекрвата си го знаеја местото. Ама не знаат да замолчат и да си стојат на страна. Разбирам родители му се, ама не ја гледам потребата од нивните коментари и мешање. Прават проблеми онаму каде што ги нема. Не знам која им е целта. Си молчам откако видов дека свекрвата тоа и го сака. Ме провоцира намерно да зборувам за да пренесе потоа и да се караме. Кога излегувам на тераса како криминалец се кријам и клечам по ќошиња за да испушам една цигара. По карактер таква сум, не трпам ничии глупости, ама кога видов дека се е против мене се повлеков. Држам некоја дистанца со старите и не одвраќам бидејќи видов дека така не постигнував ништо кога си кажував се што ми пречи. Одма му коментираа дека сум млада и затоа така се однесувам, а тоа уште повеќе го нервираше сопругот. Не верувам дека моментално има друга бидејќи не би имал ниту време. Едвај бебето успева да го види и да спие неколку часа. Не викам дека не би направил такво нешто или дека одма би знаела. Сите сме способни за такво нешто и не велам дека не би направил такво нешто. Само во моментов немам таков сомнеж. Не мислам дека одбегнува секс бидејќи го добива на друго место. Заклучив дека секс немаме од повеќе причини кои ги наведов уште во првиот пост, само не знам која од тие е вистинската причина. И не знам како да постапам, да откријам и еднаш за секогаш да се реши проблемот. Факт е дека сето ова е ново и за двајцата, ама не сакам да остане вака.
Да речеме дека не му е приоритет да има секс со тебе од некоја х причина иако како што кажуваш од јануари па до сега е многу време реално....но дали ти обрнува внимание? дали разменувате нежности бидејќи не е само сексот знак дека те сака има уште 100 други начини да ти покаже....според тоа исто можеш да забележиш колку е заинтересиран за тебе или е оладен скроз па е со тебе само заради тоа што имате бебе....јас се надевам дека ќе помине овој период биди силна и не покажувај слабост само тоа ќе ти речам...и обиди се да разговараш отворено бидејќи колку повеќе се одложува нешто на крај е полошо....
@Fallen.Angel За жал вие немате еден туку повеќе проблеми, кои не се решаваат преку ноќ и со еден единствен разговор. Потребни се константни, смирени разговори и време. Зошто маж ти треба да зазема страна меѓу тебе и неговите родители? Тоа ќе значи дека тој треба да се скара со нив. Негово би било да воспостави баланс, ама со оглед на тоа што сметам дека сте доста млади и неискусни, тоа ќе биде многу тешко. Еве ја сум антипушач и строго против тоа, ама пак не може свекрвата да ти кажува дали да пушиш или не. И сосема e во ред да и кажеш дека нема право да ти се меша. Поработи малку повеќе на самодовербата (оти се гледа дека ја немаш) и во врска со маж ти а и со неговите. Без кавги ама и без да дозволуваш да не те почитуваат. Колку и да не разбираш зошто се мешаат и да сакаш да го смениш тоа, нема да успееш. Смени го начинот на кој ти реагираш. Не за нив, туку за тебе а и за бракот. Мислам дека ако покрај сите проблеми маж ти има желба за секс, тогаш тој не е во ред, а не сега на тие тензии и кавги. Па не е робот. Смири ја топката, разговор, разговор и само разговор е решение. И време де.
Првично го имав скрос истото мислење. Нежности не разменуваме којзнае колку, онака некогаш знае ненадејно да ме бакне и тоа е. Ако кажам нешто ми кажува дека мило звучело, знае да ме погали по косата. Ме гушка кога се гушкам со бебето и тоа е. Внимание ми обрнува но многу помалку. Разбирање не покажува многу, веќе пишав погоре дека знае со муабет и да ме повреди некогаш. Знае да прави некои глупи споредби како се понашала јатрвата со старите била фина а јас не. А од друга страна кога ќе му кажам дека брат му за се си ја поддржува сопругата и тој се расправа со старите за неа, е тогаш ми вели дека тие ги немале нашите проблеми, кратко време биле заедно, дете немале и тој се уште симнувал ѕвезди и месечини на неа.. Не да зазема страна, ама некогаш се чувствувам беспомошно. Да слушам како зборувале за мене и да молчам ме боли. Ме боли и тоа што на него му ја полнат главата со секакви глупости. Ме провоцираат намерно да треснам нешто и после да му го пренесат тоа и да избие кавга меѓу нас. Ќе ти дадам пример. Бебето имаше многу грчеви, свекрвата со овие зборови ни направи проблем:” Абе знаеш лоша исхрана има таа, денес три кафиња испи.. Од тоа има грчеви бебчето. Дај да пробаме два три дена да не цица, да си пие АД па да знаеме дали е од тоа. Греота е за детето многу плаче, жално е. Инаку јас сум за да го дои таа, нема поубаво од мајчино млеко.” Сфативте веројатно на кој начин и успева се. Му го знае карактерот и си го прилагодува пристапот за да си го постигне нејзиното. Знае кои зборови да ги употреби за да изврши силно влијание. Поентата на муабетот ми е друга. Ова е само еден пример со кој може да се види дека малку што се меша кај што не треба па и нервози ствара со тоа. Сопругот после мене ми се развика зошто не сум внимавала на храната и доењето. Иако врска немаше муабетот. Друг пример имам со гости, ми ги избрка. Требало бебето да го бањаме, ако слушнела пак да плаче ќе си го земела ќе го избањала ми доаѓа горе пред гостите така ми зборува, редот сме му го кршеле а не требало. Па ми го зема детето долу кај неа за ние муабет да сме си правеле, и се и сешто изнакажа и на луѓето им падна незгодно си станаа.. Му кажав за ова на сопругот, а она му рече: “_Абе бебе е тоа нема срамота си има ред треба да се почитува греота е да го расплачеме, а и она е наивна и мирна не знае тоа да го каже пред луѓето па јас и направив услуга кога се качив и тоа го кажав, немав намера да ги бркам, можеа они да си поседат ние ќе го бањавме. Ама и да се навредиле јас нека бидам лошата, секако сум свекрва, нејзе нема да и се лутат, мене ќе ми се лутат” И замисли, пак излезе таа во право. Еве сега си замина моја другарка на гости ми беше и свекрвата одма го изми малиот од уроци и следуваа прашања: “Прв пат ли доаѓа тука? Која е? Од каде се знаете?” Па и ми искоментира пред да почне да прашува ми вели: “аа многу си поседе гостинката”. Која дрскост бе.. не смеам ли гости да имам? Не и ги носам она да седи со нив.. Се убаво си ми пишала, јас се расприкажав за да ти доловам ситуацијата каква е. Ама како тоа да и кажам да не се меша кога таа тоа ќе го пренесе на сопругот на нејзин начин ќе изглуми жртва или ќе искоментира дека ми е простено бидејќи уште сум млада и не си го знам местото. Јас не се расправам со неа. Откако неколку пати ме испровоцира да зборувам и потоа пренесуваше поинаку реагирам, не потпаѓсм на провокациите, и премолчувам повеќе од потребното. Дури и се трудам да не полудам, и тоа е секој ден по цел ден сама со себе се борам да се контролирам и да не пукнам. Во темава пишав поради тоа што сопругот одбегнува секс, не за да си раскажувам како ми тера животот, ама морав да раскажам бидејќи се испостави дека проблемот е од таму. И морам да напоменам повторно, не го сфаќам трагично тоа што моментално немаме секс, можам да издржам и подолго, ама ме плаши каде ќе не одведе тоа. Ме плаши насоката во која оди нашиот брак кога сме почнале да се оддалечуваме еден од друг и со месеци е тоа така. Не ми фали сексот, ми фали сопругот кој некогаш го имав. Ако почнам да раскажувам што имам разговарано со психолог на темава мојор пост ќе нема крај. Но морам да споменам дека и психологот ми имаше раскажано дека сексот е многу повеќе од потреба и недостатокот од него е само почеток на големи проблеми и кризи. Ако некој нема секс ќе биде под стрес, ако психичкото и физичкото здравје немаат баланс личноста почнува да се распаѓа, па така е и со браковите. Недостигот од секс води кон напнатост помеѓу партнерите, стресот цвета и почнуваат расправии и се јавуваат проблеми.
@Fallen.Angel премногу си мека и си ставаш се на срце, што ќе кажела или направела свекрвата. Мораш да си пооштра и кога ќе каже нешто или навреди не треба да премолчуваш зошто таа зема замав со се. Која е таа да кажува кој до колку да седел и како бил редот? Си имаш ти маж и вие треба да одлучувате за вашето бебе. Јас да сум на твое место ќе и се спротиставам и ќе и кажам каде и е местото. А кога маж ти ќе ти пререче за тоа како си постапила ќе го седнеш и ќе му ги наброиш смирено сите факти и за мајкаму и за бебето и за тебе. Секогаш збори со него директно, што сакаш и што ти смета. Се надевам на брзо опоравување на ситуацијава.