1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Пак ќе кажам. Ич гајле не ми е за неа. Ниту ја сакам ниту нешто ми значи тоа што го прави или кажува. Ме боли тоа што ни го расипува односот со сопругот. Ме боли тоа што ние сме вака заради неа. Никогаш не сме се карале, а сега поради неа тонеме во проблеми и се расправаме бидејќи она буцка и она манипулира со него. Не можам, имам пробано и не успевам да му укажам на тоа. Она мајка му била, ни помагала за се, сум можела да премолчам и да не ја слушам да ја оставам да си зборува. Да сум ја користела ќе ми требала за дете да ми чува, она и ручек правела и се, јас сум требала само паметна да бидам и да ја користам. Да сум замижела, да сум отрпнала. На 60 годишна жена не сум можела карактерот и навиките да и ги менувам сум требала да се привикнам некако и да си најдам некој начин да не се нервирам. И го правам веќе тоа. Ама она ако не ме провоцира мене, одма наоѓа нешто на него да му кажува или сугерира и така јас се нервирам. Ме нервира што тој не гледа на работите реално туку само површински тоа што таа ќе му каже бидејќи она му го знае карактерот и на фин начин го кажува, а јас сум многу директна и многу сурово звучам како да ја клеветам..
     
    На mal.ecka и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    173.608
    Пол:
    Женски
    Леле @Fallen.Angel јака ти душа жено со таква свекрва. :worried: Ја да бев, одамна ќе ја решев на спиење, со перницата. :!:

    Што сакам да ти кажам. Чекор по чекор значи.
    Прво, мораш да расчистиш со идејата дека свекрвата е крива за проблемите во бракот. Ти апсолутно немаш проблем со неа, ти имаш проблем со маж ти, кој не знае да постави граници и што очигледно е уште поврзан со папочната врвца за мајка му.
    Второ. Правиш огромна грешка кога маж ти, после искажаните навреди те прашува дали си се навредила и ти на тоа велиш не. Ти мораш да си искрена и да му посочиш дека тој како твој сопруг и татко на твоето дете треба да внимава како ти се обраќа. А по се ова, не изгледа како да е ноншалантно кажано, туку се што ти вели е упатено со умисла. Значи тој сепак бира зборови, најлошите можни.
    Искрено, можеби тоа го прави намерно. За да си оправда некоја своја задкулисна постапка, па да се оправда себе си, најлесно е да те накриви тебе. Ти мораш да си спремна на се во ваква ситуација.
    Трето. Ти не си виновна за ништо. Шкртни си го тоа од глава. Така е од самото постоење на човештвото. Жената останува бремена. Телото се оформува, менува, прилагодува, за да биде пријатен и комфорен дом на нов живот и тоа трае скоро година дена. Многу од нас нема никогаш да изгледаат исто како пред бременост и тоа е во ред. Тој го знаел тоа и претходно. Чим те оставил трудна требало да биде спремен.
    Четврто. Што би правела јас. Секако би се посветила на себе и на својата самодоверба и не би го рецкала ни 2% ни него ни мајка му. Би си заклучила врата и би уживала сама со бебето, со другарка, со било кого. Ако се буни за заклучено, најноншалантно ќе му кажам дека мајка му со мешањето кај што не треба, ми праи стрес, а тоа не е добро за стриите што ги имам на гз. Ќе одмавнам смирено и ќе си терам филм. За секој збор што ќе ми го упати дека јас сум крива, ќе му одговорам дека мајка му ме стресира со умислувањето дека е мајка на моето дете и само ми трчка горе, и јас од стрес јадам, пушам, од мака сум почнала да мастурбирам па мора да е заклучено.

    Нему многу јасно му е како да направи да се чувствуваш виновно, и сама да се обвинуваш и да може да ти протнува приказни. Во моментот кога ти ќе сфатиш колку вредиш и што се можеш, работите може да се сменат во твоја корист. Ама ако продолжиш да паѓаш на неговите обвинувања, само повеќе ќе се фрустрираш.
     
    На Biljarkata, CameliaMiller, mal.ecka и 27 други им се допаѓа ова.
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Не ми беше намерата да навредам никој со сексуалната ориентација туку јас имав ист ваков пример со бившиот шо на крај ми призна дека е геј. :)
     
    На cresa-jagoda, poppie и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  4. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    941
    Не ти е воопшто лесно, ама нема што да очекуваш некој да се смени. Ако не ти е гајле за свекрвата зошто да те повредуваат нејзините зборови. Ја не знам како би можел некој да ми го земе бебето и да ми избрка гости, освен ако ја не дозволам. Премолчувањето исто како и кавгите не е решение. За исхраната ете има право, тоа е стварно битно, ама битен е и начинот на кој ќе се каже. Штета што постојат вакви родители, ама пак ќе кажам, ако самата не дозволиш никој не може да те повреди.

    Маж ти нема што да го молиш за интимности. Работи на себе и на својата самодоверба, не му дозволувај да те навредува т.е не му премолчувај и нему и разговарајте. Ако не оди, тоа е - со сила убавина не бидува. Има парови се караат нон-стоп, направат уште едно дете и пред тоа да се роди они се веќе разделени. Сакам да кажам дека сексот не ти е гаранција дека односот ќе се поправи.
     
    На koritsaki, ku4ence, Роберт 7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    @Fallen.Angel си родила дете, си го носела 9 месеци во тебе, сега го одржуваш во живот тоа дете и максимално си посветена... нема никаква потреба од филозофирање! Треба да си му најубава на свет!!! И кога ти се напаѓаш сама себе, он да те воздигнува! И кога сте сами, и пред неговите! Леле многу се изнервирав! Ми пука филм од вакви мамлази (извини на израз те молам).
    И ако ти пререче зашо толку бавно ти иде слабеење, ти прашај го како тоа он работи од јутра до сутра, а вие уште не сте милионери?|-) Мамлаз! Pardon my French...
     
    На Harper, princess5, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    До кога ќе трпиме вакви коментари, ова веќе насилство е психичко. Какви да бидеме после бременост,родени, деца и доење? Манекенки? И јас сум чула коментари, болат, но се правам дека не ми е гајле. И тоа не од сопругот од други. И така кај многу се ствара притисок и мислат дека мамичките покрајј сите обврски треба да сме и манекенки. Епа сите сакаме ама не може. @Fallen.Angel да не има човекот проблеми на работа, да не е во депресија. Кога веќе пие диазепами. Пробајте со брачен советник или психолог.
     
    На tinka-mace, Роберт 7, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, читам од време на време но сега кога го гледам сето ова не можев да издржам и креирав профил. Можам да кажам дека поради вакви работи од некои поединци на машкиот род ми е срам. Да бидем искрен секој кој вели дека физичкиот изглед не игра улога се лаже самиот себе и е лицемер ама зарем е толку битно бе. Лично мене сјајот во очите и насмевката на мојата сакана ми се најбитни и никогаш нема да и кажам такви зборови па макар да стане 150кг и да неможам да и ја најдам. И да не ми крева ќе пијам вијагра ако треба без нејзино знаење, би направил се за нејзината среќа. Како и да е еден апел до сите: мажите се во брак со вас, а не со нивните мајки. Така да разговарајте и не дозволувајте да не ве почитуваат, секој однос било каков и да е, и со било кој и да е, треба да биде двосмерна улица.
     
    На Justicija, Ambrosia, LadyLollypop и 12 други им се допаѓа ова.
  8. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Браво :*:
     
    На Роберт 7 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Уште првата реченица кога ја прочитав ми дојде слика и едно ке и кажам можеби универзумо ти праќа порака дека тој не е за тебе ако е под влијание на мајкаму и толку лесно се откажува од тебе, не е прв и последен. Тој ако те вистински сака ке издржи ако треба и на трња да спие само со тебе а не што му зборувала мама тој нејзин менталитет пред 40 години и сега е далеко различен.
     
    На Justicija, *Amethyst*, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    И после оваа изјава трајно се затвара вратата пред муцката на свекрвата :) До тука било. Вакви глупости да истресе и да остане жива, алал нека ви е и на тебе и на мулето од маж што го имаш.

    Вака сега.
    Свеки оди на игнор.
    Ти уште сега ќе натнеш кратки панталончиња, кратки маичиња и што ти душа сака. Што ти се носи, тоа ќе си носиш. Ајде малку Body positivity!
    Маж ти волот е токсичен. Се што пиша до сега е сериозен red flag и можно е само да станува полошо.
    Ти сега ќе си се ставиш себе си на прво место и ќе си правиш тебе да ти е убаво. Сите други нека се гонат. Јас лично не сум фан на пушење ама ти не си средношколка па да се криеш по тоалети со цигарчето. Баш напротив, истегни се на тераса со цигарата и кафето и кулирај си.
    Храни се здраво, ама за тебе, за твоето здравје, не за да ослабиш.
    Облекувај се како што ти сакаш.
    Со коронава не знам колку може да се примени советов, ама дотерај се, бебе во количка, другарка под рака и правец во парк на шетање.
    Живеј го животот до максимум, не ја губи блискоста со другите луѓе, оди често кај твоите.
    Што ќе биде со бракот ќе покаже иднината ама дотогаш, живеј до даска!

    Исто,
    провери тој да не има некоја друга на страна. Маж што одбегнува секс со сопруга најчесто има швалерка. Да не си ја трескаш главата мислејќи дека до тебе е проблемот, кога всушност цело време до него е. Штом тој еднаш имал храброст да изневери, тешко дека ќе седи абстинентен девет месеци и ќе одбива секс од чиста мира.
     
    На Kaja991, Biljarkata, Harper и 30 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.887
    Допаѓања:
    111.217
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel вака да ти кажам, прво елиминар ја свеки. Значи ако она готвела до сега, сега ти ќе готвиш, нема што она да се меша во ваша кујна. Второ, превземи си домаќинство, створи си дом за тебе за детето и за мажот. Неа гледај ја како бака сервис. Вака он ја има мама за готвење, чистење перење, а тебе те смета за згодна млада женца што треба да го задоволи во кревет. Арно ама после бременост женското тело се менува. И ретко се враќа на старо. И стрии и кила и стомак и се. И тука кикснува, женицата млада згодна сега не е иста, сега е мајка.

    Така да ти сега ќе си го фатиш редот дома, ни прва ни последна си што имаш дете и што ќе водиш домаќинство. Ќе се опнеш во кратки пантолони, ќе си се шеташ низ дома како сакаш. Не му оди повеќе по него. Дотерувај си се да си се засакаш себе си и да си бидеш задоволна. Да видиш каков ќе биде. Ако не ајт со здравје. Не си најдена на улица за некој да те уништува.
     
    На Biljarkata, mal.ecka, T.e.d.d.y и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Некои мужи молат да ги....ај да не кажам, а овој одбивал пошто не му била убава бе.
    Ја би го отерала у три лепе.
     
    На mal.ecka, T.e.d.d.y, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.887
    Допаѓања:
    111.217
    Пол:
    Женски
    А бе и јас знам како би постапила ама девојкава не е ни јас ни ти... тука е финтата.
     
    На Justicija и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Шо туку трескате зелени?
    Како позна по една реченица, дека бил хомосексуалец?

    Зборот кој го употреби е измислен како навреда.

    Треба да се научите како се обраќате наоколу.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Машки
    Во овој случај виновникот е мажот, но има случаеви кај што виновникот е жената и од моја гледна точка се е до карактерот на личноста независно од полот. Каква е таа љубов да физички или психички го повредуваш саканиот/саканата зарем нивната тага и болка не допира до вас? Неможам да сфатам како луѓето не разбираат дека односот со вашиот партнер треба да биде прво место дури и пред децата бидејќи еден ден тие ќе заминат и си останувате вие двајца сами. Не знам, чудни створенија има меѓу нас.
     
    На ku4ence, *Amethyst*, TashSefton и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Никој не е виновен.
    Едноставно, во дадениот период (краток/долг)не се на иста бранова должина, поради ИКС причини.

    Проблемот се решава со отворен разговор и компромис.

    Ако нема воспоставено искрена комуникација и ако некој од партнерите не е спремен за компромис... пиши пропало.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    По претпоставка дека не доиш, јас жими се би си направила кафе во најголемата шолја што ја имам дома и кутијата цигари ќе ја извадам на маса, а ако искочи во двор најфино ќе ја поздравам и ќе ја прашам дали сака и таа кафе. Само така ќе сфати дека не може да му влегува на синот во глава и да му ја полни со глупости. Мора да сфати дека колку и да збори, ти имаш поддршка од мажот и сама ќе се повлече. Нормално, доколку навистина ја имаш.
    Не знам бре овие мажи дали се нормални, да не можат жената да си ја заштитат, граница да постават. Мене свекрвата збор не смее да ми каже, порано кога си дозволуваше убаво си го добиваше од мм, сега нит ме сака, нит ме бара. Ама исто и јас не смеам да кажам ништо за мајка му, истиот третман ќе го добијам како неа. Мора да има граници.
     
    На mal.ecka, princess5, Martka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Машки

    Се согласувам, но треба да има и желба за да се реши. Колку и си поврзан со некој колку и да сте блиски не можеш да му ги читаш мислите и наместо со отворени карти да се седне на маса и да се разговара повеќето почнуваат да ја префрлаат топката на другата страна, си играат топло-ладно и од виновници стануваат жртви. Манипулатори кои не заслужуваат ни трошка љубов и внимание од тоа што го добиваат. Или пак јас сум старомоден и не ги разбирам денешните врски и се тоа што се нарекува љубов. Во тој случај извинете.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.304
    Пол:
    Женски
    Ова ми ја јебеше самодовербата скоро четири месеци. Толку издржав.
    Спремање за искачање со саати, мачкање со какви све не лосиони, бањање со парфем, шминка, коса, облека, нејќам ни да коментирам. Од негова страна, никаква реакција. Од сите други (за мене тотално небитни), воздишки и комплименти. Вклучувајќи ги и неговите другари. Идеме кај него на афтер, ја долна облека, спремна како порнич да ќе снимам, почнувам нешто, уморен бил, да сме спиеле. Епа?!
    Се осеќав као говно, али буквално.
    И не било само еднаш, ова се дешаваше константно со месеци. И ни муабет ни ништо не помагаше. ‘Најубава си ми од сите што ги познавам, иста си ми како првиот ден кога сум те запознал, позгодна од било кога, ама не ми се сака’.
    Ок брат, супер за тебе. Али мене ми се сака. И ако нејќеш ти, ќе сака некој друг сигурно. Заеби и чувства и сите години поминати заедно, заеби скроз. Влијае на психа ова ненормално. Застанувам пред огледало и не ми е убаво тоа шо го глеам.
    Не вреди. Раскинавме и сега иако немам никој, убаво ми е сама. Барем знам сама сум и нема кој да ми праи јадови.
    Животот е доволно тежок сам по себе, не ми треба и ваков проблем. Не трпете.
     
    На Cupcakee31, burthdaykake, moonlight-girl.55 и 37 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel да ти каже нешто другарка ти. Отворив скриено катче да видам дали си постирала некоја слика и те видов како изгледаш. И без да отворам претпоставував дека си згодна девојка, со тоа само се уверив. Значи прво и основно тргни си ги тие мисли дека не си убава, затоа што си. Лицето не ти се гледа ама и таму претпоставувам дека си маќе и пол.

    Друго, @Nausicaa толку убаво ти ги објаснила работите што нема што веќе да се збори. Нема да ми е убаво? Коа ќе лупнам еден шорц и ќе си ја испрчам, има да си се издепилирам, да си направам некој пилинг ради мене да ми е убаво на душата. Ти препорачувам да си го направиш и ти тоа. Ќе видиш колку подобро ќе се осетиш.

    Те научил дека си робинка во куќата и сеа џигерот ќе ти го јаде. Почни да си го враќаш животот во контрола, сега имаш мало другарче кое нон стоп може да те дружи. Едноставно почни да живееш за себеси, а не за некој друг.

    И да не те слушнам дека не си убава и згодна, еве пак ги отворив сликиве да те видам, сите што ти направиле неубаво да се осеќаш гомна да јадат. Лепотица си. Гони ги у курац.
     
    На Biljarkata, tambelina, Harper и 17 други им се допаѓа ова.