Каков маж бе мажот нека оди у ку.. у вај случај нека почне нов живот со детето и неа, тој ако слуша мајка на 40 години ке спуша утре и комшии и другари.
Па тоа де. Нека си се оправи она за себе. Ако се поправи арно ако не ајт со здравје Ако не сака он ќе има кој да сака.
Разговарај со него искрено и кажи му го ова болдираново. Кога ќе се чувствуваш навредено од негова страна, кажи му. Кажи му дека те боли тоа и дека поубаво би ти било кога би те пофалил и те мотивира да продолжиш со тоа да се вратиш во нормала. Пред се, облекувај се како ти сакаш и како ти се чувствуваш убаво, биди убава за себе, кажи му на маж ти дека се чувствуваш своја и убаво ти е во тоа што си го облекла. Носи се' со самодоверба. Биди насмеана дури и кога си најтажна. Не дозволувај да покажеш слабост пред други. Стриите имаат поголема врска со генетиката, не со исхраната. Што дека јас пазев и на исхрана, вежбав во бременост, се мачкав со еден куп креми против стрии, пак ми се појавија... тоа е најмал проблем, во темница не се гледаат Не мора да иницираш повеќе, но може да му испраќаш знаци дека си спремна во секој миг, некоја порака, некој слика, потсети го на некој момент, биди секси во секој миг пред него, зрачи со сексипил! Полека ќе почне да те посакува пак и ќе заборави на ситните недостатоци. Вистина е дека сексот е битен во бракот и тоа многу. Тоа што не сте практикувале во бременост ви е грешка, освен ако гинеколог не ви забранил. Да си жива, слатко ме насмеа Секое бебе има грчеви, без разлика на исхраната, секако дека и таа има улога, но едноставно не може развојот на едно бебе да помине без грчеви и плач. Зборувај со мм, направете компромис во врска со мајка му дека не смее да ти се меша во животот и тоа дали да пушиш, дали кафе да пиеш или што не. А ти ќе ја почитуваш и нема да избувнуваш. А и во врска со бебето, твое е и како сакаш ќе го гледаш. Нека и каже дека он сака приватност и затоа ќе ставите клуч на врата, за да нема проблеми нека и каже дека е негова идеа, не твоја. Вистина е дека ќе треба некогаш да ти заварди дете и сл. ама не смее да ви се меша во вашето семејство доколку не побарате вие самите помош и совет. Сигурно ја познава добро и знае на кој начин да и каже за да не се почувствува "навредено". Ако си навистина машко, секоја чест и блазеси и на таа што е со тебе.
Мислам дека и двајцата немаат повеќе од 23г. Машките и онака покасно созреваат, на нашето поднебје пак со тие навики и сфаќања тек на 28+ (секоја чест на исклучоците). Така да мене воопшто не ме чудат неговите постапки, што не значи дека ги оправдувам!
Е па уште бетар ако немаат повеќе од 23 години и уште од сега да ја фрустира и да и ја уништи самодовербата.
Па тоа е проблемот што самодовербата тука фали. Ако ја има, не се уништува така лесно. Ама на тие години и тоа животно неискуство, ретки се тие жени (ако воопшто и постојат) кои пукаат од самодоверба и можат да се справат со вакви ситуации.
Баш затоа дека е млада треба сега да се јакне.. ако сега поклекне, ако сега на секоја негова навреда вели Не ме навреди отиде.. Има јасно и гласно да му каже не смееш вака да ми зборуваш. Таа сум која сум. Ако ти чини арно ако не ајт чао. Ова неговово е класика пасивно психичко малтреирање. Ужас. Замисли како ќе се биде ако продолжи вака за 1 -2 години. Ќе ја скрши потполни, ќе и набие комплекси невидени..
Се согласувам потполно со ова и мислам колку порано почне да го применува, толку подобро. Реално никој не сака да биде со некој што нема самодоверба. Има послаби и појаки карактери, ама ако некој дозволува цело време да го понижуваат и е безгласна буква, не е ништо чудно ако партнерот изгуби интерес.
Јас мислам напротив дека со тоа што ја одбива, и и вели дека е дебела, дека и купил орбитрек за да ослаби побрзо, сака да и ја уништи самодовербата. Многу пазеле на изглед, па зар сите мора да се како манекени за да бидат сакани и посакувани? Он да не е совршенство без мане?? А бе ајде.
Според мислењата на членката она нема самодоверба - сама си кажува. Како може некој да ти уништи нешто што немаш? Има девојки/жени кои се полнички и пукаат од самодоверба. Еве баш имам таква другарка, полничка а богами и пониска, која е убедена дека е позгодна од многу кои се слаби. Зрачи од самодоверба и знае да си ја носи килажата. Немала проблем со машки во врска со тоа. Така да килажата нема врска со самодовербата ако знаеш да се цениш самиот. Ако ти не се почитуваш како очекуваш другите да те почитуваат? И што дека и купил орбитрек да ослаби? Да не и купи и да не се замара со неа, би било по ок? Има мажи кои им викаат на жените да ослабат а не им купуваат ни орбитрек ни ништо. Не му ги оправдувам неговите постапки во никој случај, ама секој треба да тргне од себе и да работи на себе за да биде почитуван, па и од партнерот. Секако дека во овие моменти тој треба да и е подршка и да ја бодри со позитивни коментари, ама тоа може да го прави некој кој е доволно зрел и може тоа да го размисли поубаво. А маж и ете не е од тие, така да на неа останува да си помогне со јачање на самодовербата и почитта спрема себе.
Изговори. Јас сум дебела и тоа по сите стандарди... па сум имала секс со мажи кои имаат и супер згодни сопруги.
Јас разбирам несозреаност ама до толку... Ајде ке ги сметаме цел живот дома како тинејџери мажите а ние ке си трпиме и ке размислуваме на 1000 работи а тој кутрио мама ке ја слуша, деф
А до колку несозреаност е ок? Башка тој е искрен и си кажува дека поради сите проблеми не може да има с*кс со неа. Ај пак да и покрај тоа што не сака да бидат интимни да не ја навреди и пристане. Тогаш ќе биде во ред? Или да ги стават проблемите под тепих да се насоберат малку повеќе па да настане поголем хаос? Ја не прочитав некој да и напиша да трпи, туку напротив. Никој не треба да трпи. На членката и треба совет како да се зближат повторно, а не само искази од типот колку маж и е за никаде и дека е идиот и дебил. Ја би рекла дека он е незрел и затоа така се понаша, може ете и он не сака ама целата ситуација му е превише, па ако и мајка му е Хитлер дома, ич не му е лесно. Излезот е или секој на своја страна или разговор и да помине време. Се друго е на сила и така секако нема да трае долго.
Meне најинтересни ми се тие шо се демек неќам, уморен сум, ово оно, а пријателот дигнат у вис. Ама неќел...
Are you fucking kidding me? Не значи ерекцијата дека се има желба за секс, а ниту помалце дека МОРА да има секс. И при силување жртвите имаат реакција на половите органи, па не значи дека го сакаат истото или уживаат. Не значи НЕ! Треба да се почитува тоа.
За ерекција правиме муабет. Јас не сум видела и чула на машко коа е нервозен, напнат, нерасположен, болен да му се дигне. Ама знаеме кога и зошто се дига. Освен тоа насабајле нели. Дека мора да има, не, не мора. Не дека треба да инсистира она. Ама чим е кренат, му се сака. Од што би се дигнал иначе?
Ај уште еднаш да ти повторам колку ти е погрешно ова, како мисла која некој силувател ја кажува... И кога мислев на силување, баш ова сакав да ти го доловам, доколку дојде до таков акт пак ќе има ерекција/влажност во зависност од пол, ама тоа не значи дека САКА! Од друга страна ерекција не се јавува само кога некој е сексуално привлечен, туку може да дојде од низа фактори кои немаат никаква поврзаност со секс, туку може да се случи без никаква причина и се случува.
Знам дека намерно спомнуваш влажност и силување за да ми го извртиш мислењето Ама јас пак зборам за ерекција, зашто двете не се исти и не се јавуваат баш во исти ситуации. А силување нигде не оправдав. Друг да лажете дека ерекција не се контролира. И кои се тие други фактори? Многу ме интересира.
^Утринската и т.н рандом ерекција не се поврзани со нагонот за секс. Првата настанува ако се разбуди машкото сабајле во РЕМ фазата, зошто за време на таа фаза настануваат ноќните ерекции кои може да траат до утрото и не се предизвикани од еротични соништа. Не е уште доволно испитано зошто се случуваат ама некои претпоставувки се дека е заради некој вид вежба на телото, а тоа што е познато е дека го подобруваат протокот на кислород. Кај втората причини може да бидат психички или па проблеми со протокот на крв во пол. орган.