1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    941
    Апсолутно твое право, што не го менува фактот дека постојат :)

    A random erection is an erection that occurs without sexual stimulation. Random erections are normal. Teenagers and young adults are more likely to get random erections, though they can occur in adult men too.

     
    На raww, Waverly Raven, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Ti kako strucnjak mozebi poveke znaes jas tolku znam i ne te navrediv tebe sory
     
  3. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Јас одбивам секс со дечко ми затоа што не ме задоволува и не ме пали и многу се нервирам.
     
    На Biny, Justicija и ana anuska им се допаѓа ова.
  4. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    5.532
    Прекини ја врската, тоа ти е знак. Нема зошто да се нервираш. До тука било.
     
    На Srckata28 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    18.257
    Пол:
    Машки

    Сеуште си во таа врска? Нели сфативме дека сте повеќе како другари отколку како партнери, зошто сеуште го мафташ момчето, или има многу пари или нешто друго користиш од него?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Си му кажала што и како сакаш?
     
    На zoran43m.k и Biny им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Да не цитирам мислења , бидејќи мн ги има , сакам ова да го споделам разговор со еден мој близок другар што жена му штотоку се породи и ми кажа дека сето тоа му е ново ,и како да го објаснам ова :?: кога видел како го доела бебето веќе не можел да се возбуди на неа :wasntme: и тоа го одбивало и исто ми кажа дека долго немале секс :wasntme: порано гледал сексипил кај неа , но кога го видел бебето кај што го дои,сите порно мисли му пропаднале и не ја гледал ко порано ,не можел повеќе да се пали на нејзините гради :wasntme:
    Инаку жена му беше доста атрактивна пред да се земат ,и сега е супер ,сега минус плус кг ништо страшно ,а за неверство не ни помислуваше само страста ја немал кон неа
    Нз што да кажам , изгледа некој период е ,ќе помине и ќе се врати по старо :)
     
    На ЕденЧлен, Fallen.Angel и poppie им се допаѓа ова.
  8. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    5.532
    И јас истото го велам, не знам како очекуваат маж исто да се пали на жена како пред бременост. Освен ако не е со девиза дека дупка си е дупка, ама па не се сите само за дупка.
    И да тоа не се цицки, тоа се дојки од кога ќе се породиш. Не сфаќам што е со филозофии си родила треба најмногу да те сака. Едно е љубов друго е страст. Период е и поминува, додека сите се навикнат на нова ситиација.
     
    На poppie и Justicija им се допаѓа ова.
  9. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    :handshake:
    он чека она да му каже, она чека он да и ги чита мислите...


    Разголете ја душата :muscle::tmi:
     
    На **prcla**, poppie и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Многу чест проблем е ова.

    Нека разговара со писхолог/психијатар.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    Што се случува кога ТАА одбегнува/не сака/ ја мрзи/...
    low sex drive? она или тој High sex drive?
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Разговор.
    Ако не можат сами да си помогнат, тогаш стручно лице.
    Ако и тоа не е од помош, отворена врска.
    Ако тоа не сакаат, секој по својот пат.
     
    На Deni_srce, poppie и Biny им се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.882
    Да пишам апдејт. Пред месец ипол седнавме разговаравме и го решивме проблемот. (Барем јас така мислев) Имавме секс неколку пати и еве месец дена пак ништо. Мислев дека е нормално бидејќи бевме преокупирани со други работи. Конечно ни завршија обврските и се видовме малку на раат. Последниве 3 дена очекував дека ќе има нешто. Иницирав индиректно, ме игнорираше. Полугола се шетав (што не е баш својствено за мене) и буквално неколку пати ми кажа да се облечам да не смрзнам, видов ерекцијата како си ја потисна 2-3 пати. Пред три дена си легна уште во 10 ч..На 31 вечерта никаков интерес не покажа и глумеше уморен. Вчера седеше до 11 ама телевизорот беше поинтересен од мене..
    Не знам искрено што е сега проблемот. Покасно кога ќе заспие бебе ќе изнапишам што разговаравме и како го "решивме" проблемот..
     
    На thelittle17 и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.882
    Ајде да се самоцитирам.
    Некаде ноември месец јас испив некоја чаша откако го успав малиот и почнав со муабетот. Прво расположена го прашав дали сака да му покажам колку го сакам. Наидов на негативен одговор и не се откажав. Ми рече да престанам и да си легнам касно било. Го обвинив дека има друга чим 10 месеци не ме погледнал. Се разлути и го одведе муабетот во сосема друга насока (тоа му е одбранбен механизам), ми се развика и ме обвинуваше за другите проблеми кои ги имаме. Се изнервирав, многу повредено се осетив и излегов на тераса. Он мислеше дека сум запалила цигара и тргна по мене да ми се дере, кога виде дека не пушам туку само сум потпрена на ѕидот и плачам му падна жал и ме извлече внатре и пак продолжи со викање. Не можев да слушам и тргнав накај тоалетот да плачам и кога си кинев тоалетна хартија и се тресев од плачење дојде да ме гушка. Му реков само: "Остави ме". Ми рече дека немало никогаш да ме остави ниту мене ниту малиот и пак почна да ме гушка. Јас не плачев веќе туку липав... И ајде седнавме во дневна да разговараме смирено. Престана да ми се дере и убаво ми објасни каде бил проблемот. Тој немал желба за секс со мене бидејќи јас сум поставила бариера. Тоа е точно но не го прави 100% во право. Ми кажа дека тој не е тип кој ќе досадува и навалува, а така се осетил кога јас бев бремена сум го отфрлила, не дека сум одбила секс туку сум се стегала, делувало како да е со сила. Сум почнала да се кријам кога се пресоблекувам, сум бегала.. И тоа е точно.. Кога ми се појавиј првите стрии се разочарав и не сакав да мачкам ништо, а он секоја вечер ми мачкаше крема против стрии и вели дека се уште не можек да заборави како сум се однесувала. Едвај сум чекала да заврши, сум гледала на себе со гадење и сум стварала непријатни чувства и кај него. Е сега да ви кажам тоа од моја страна како е, му го кажав и на него. Се е точно. Јас немам многу самодоверба. Кога се здебелив и испукав со стрии ми беше гадно сама да се погледнам а не пак он да ме гледа таква. Се трудев тоа да не му го покажувам од страв дека ќе му станам непривлечна бидејќи го познавам добро и знам колку е опседнат со изглед и обликувано тело. Тој е дефинитивно совршен, добра бев и јас ама бременоста ме претвори во сало и олабавена кожа. Откако се породив исто се обидував да се прикријам се додека не ослабнав 15 кг. И сега сум дебела и никаква ама не изгледам толку грдо и колку толку се осеќам добро. Летово еднаш излеговме и јас се дотерав и откако добив коментар од него дека не ми стои како претходно и да се пресоблечам искрено пак се повлеков и се сруши мојата мала самодоверба.. Ослабнав уште малку и пак сакав да иницирам нешто и неколку пати комплетно ме одби. Пишав претходно за тоа..

    Да се вратам на муабетот кој го правевме, тој ми кажа каде е проблемот, јас му кажав како настана. Прашав што можам да направам за да ги поправиме работите. Ми кажа малку послободна да бидам и да не го напаѓам постојано и да не се жалам, бидејќи не била во прашање само физичката привлечност, он осеќал притисок од моја страна и за други работи и тоа правело одбивност.

    Од утредента беше друга песна. Почнав да се пресоблекувам пред него, се шетав со саати во бањарка. Седев на бањарка и откривав доволно од телото. После 2 дена имавме односи. После тоа уште неколку пати и потоа пак престана се. Периодов бевме преокупирани јас со колоквиуми, проект започнав, тој полагаше неколку испити, проблеми на работа имаше, слабо спиеше..Сега веќе една недела е сето тоа средено. Ама некако не е според мене нормално пак на ваква пауза да сме..

    Јас се сменив ете, не досадувам, не го напаѓам, го штедам од нервози, внимавам и на ситници ама ништо. Он не покажува интерес кон мене. Вчера кога се обидов и вистински да го бакнам веднаш ми се трга.. Со месеци веќе бакнувањето е без врска како другарски набрзина.. Пробав пак и некако со сила ми возврати.. Го прашав што е, абе без воздух сум сакала да го оставам... И сексот искрено не беше нешто... Набрзина беше заради бебето, ама некако и механички.. Порано повеќе уживање и галење имаше.. Некако површно беше.. Не знам кај е проблемот сега и преку глава ми е од загатки решавање..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.322
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Женски
    Најлошо е во еден брак ако се нема страст и разговор.
    Време се има за се па и за нежности . А тој не треба да те гледа поинаку ако си со стрии и некое кило плус, сепак си мајка на неговото бебе. Ти само треба да му кажеш дека ти фалат нежности и сакање. Секоја една жена посебно после пороѓај и треба повеке внимание, сепак секој си има проблеми ама то не е изговор за да немате секс. Само разговор а и незнам зошто ти вика или дери кога тебе ти треба заштита и љубов негова, колку ти него што го разбираш дека има проблеми толку и тој тебе треба да те разбере .
     
    На Harper, thelittle17, Bella_Stella и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.083
    Пол:
    Женски
    Ova e navistina problem, ne resavaj zagatki, nie kje se usukame vo toa da razberes, da opravdas i tn. I samo tones povekje. Oladi malku, posveti se sebe si, ni da se doblizuvas ni nisto. Posle bremenost teloto trpi promeni, kolku porano naucis da si gi sakas belezite na tvoite uspesi, tolku podobro za tebe. Nikoj ne diktira Kako to izgledas, samo ti pred ogledalo. Posveti se to da bides zadovolna, sekoj Sto saka neka kaze. Se nadevam soprugot kje se osvesti deka ne ste vo brak za da bidete cimeri.
     
    На Victorian, tinka-mace, raww и 7 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Колку што разбрав, твојот сопруг работи и спрема испити. Тоа има големо влијание, носи стрес, ненаспани ноќи, раздразливост. Не е лесно воопшто. Во периодот кога јас ги правев овие работи, буквално ништо друго не ме интересираше. Ми беше најбитно да се наспијам за да можам да бидам функционална. Нејсе, помина тој период, почна уште полош период за мене. Повторно ништо не ме интересираше. Полека почнував да застаувам на нозе и си дојде се на свое место. Почнав да имам време за себе, а со тоа и за другите.
    Разговарај отворено, не напнувај.
    Биди поддршка пред се. Немаш потреба да си ја намалуваш самодовербата, затоа што чисто се сомневам дека му дошло до твоите стрии, туку едноставно е преокупиран со други обврски, кои на долг рок ќе се исплатат и за него и за вас како цело семејство.
    Можеш да пробаш да купиш некоја секси облека, да го изненадиш, не верувам дека ќе остане имун.
    Јас сум полна со стрии од нагло дебелеење и слабеење, па се чувствувам одлично во сопствената кожа, а сум била соочена со критики од кој како стигне за својот изглед. И да ти кажам право, многу ми е гајле. Тоа се белезите од мојот живот и секоја стрија си има своја приказна, си ја носам со гордост. Така да, носи си ги и ти со гордост, затоа што произлегле поради носење на свет, една најголема среќа во вашиот дом.
    Не си земај при срце, биди трпелива. Периоди се, верувам дека штом заврши со своите испити и ќе му остане само работата, ќе има време за се. Да бевме на дугме или роботи, ќе беше друга приказна. Но, сме создадени од крв и месо и одредена енергија, едноставно не стигнува за да бидат задоволени сите страни.
    Повторно те советувам, биди трпелива и разговарај со смирен тон, со дерење крајот нема да го видите. Прво за да откриеш што е точната причина, замор, одбивност или сосема нешто трето. Ако е замор, ич да не му ја мислиш, ако е одбивност према самиот чин, зачини го сексот, ако е нешто трето, биди креативна во своите идеи.
     
    На Stressed Out, thelittle17, happygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    16.879
    Пол:
    Женски
    Проблемот настанал постепено,и решението ќе си дојде постепено.Неможе ти после вашиот разговор да очекуваш се да се промени.И нема да чекаш да иницира само тој,ќе иницираш и ти.Уморот и стресот си го прават своето.Ти ќе работиш на самодовербата.Чекај малку да спласне се,па пробај во опуштена атмосфера да почнеш.Не размислувај однапред што ќе биде ако биде.Создавајте убави моменти.Повеќе смеа,гушкање.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.882
    Се изнакупив секси работи, еден куп пари потрошив последниот месец. Не бе не обрнува внимание. Се глупирам и на огледало се гледам со саати. Не е до тоа.. Јас студирам, дете чувам, чистам, се правам. Само не готвам. Па и вежбам напорно и се што стигнувам.. И пак на крајот од денот сакам да поминам време со него. Он дома едвај е за спиење и за вежбање понекогаш со мене. Пред 4 дена беше слободен не остана дома, цел ден излезен на кафе ваму таму.. Вечерта уморен ама битно ТВ гледа и во телефон зјапа. Со бебето не ми помага, не ни очекувам помош знам дека има доволно обврски и од напор и здравствени проблеми. Тој не е студент туку други испити додатни полага. 29 год има, јас сум помлада 21 имам.. Ама не е изговор ништо од тоа. Ако прочиташ назад во темава ќе знаеш дека и досадна свекрва имам и притисоци секој ден. Напнатост до плафон, нервози милион ама гледам пак накај него свртена да бидам.. Од негова страна гледано јас сум слободен уметник и дивјак што ја мрази мајка му и го брука дома со однесувањето.
    А реално јас со мајка му сум коректна, точно не ја сакам, ама почит покажувам, кафе пијам, муабет правам не сум дивјак.. само фали лицемерие, не се упикувам и не правам политики како јатрвата што ја имам и тука има вечна споредба меѓу нас две.. небитно тоа..

    Однесувањето на мојот сопруг постојано гледам и јас некако да го оправдам и разберам ама мене кој ме разбира? Од дома не сум мрдната, со тетка, другарка, стрина не сум се видела оти корона имало ризично било за неговите стари биле, а он на кафиња ќе шета, јатрвата пола фамилија и беше заразена од корона трчаше по болници им носеше храна и лекови, преку ден се шетаат сите кај стигнат јас ќе ги пазам со моето седење дома? Па и сето тоа ми е мене дополнителен стрес и немам никаков издувен вентил, па пак се интересирам за сопругот и покажувам нежности..
     
    На thelittle17, happygirl, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    16.879
    Пол:
    Женски
    Аууу ова ја менува целата слика.Како не се врти дома и не помага за бебе.Абе он има обврска да го чува а не да помага.Јас незнам што совет би дала на ова.Мене претпоставувам би ме фатило инат тежок.Не би постигнала со тоа ништо ама некако твојов труд не помага во ситуацијава.Не е дома,не е околу детето,нема секс,би кренала на крај раце од него и чао пријатно.
     
    На Ambrosia, Victorian, ane.bella и 11 други им се допаѓа ова.