1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Значи проблемот е до маж ти .
    Или те сака таква каква што си или не. Кажи му дека си доста трпелива и го чекаш ама за се си има граница.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Вие имате и други многу поголеми проблеми освен интимниот дел. Не знам дали секогаш било така, но мора да поставиш граници. Не може тој да се однесува исто како пред брак, обврските се сега поголеми, така и треба да се постави. Не знам која причина ја има, но таква незаинтересираност за домот, детето, тебе, не е на арно. Почни и ти да се ставаш на прво место па види дали тогаш ќе се сети што прави.
     
    На Bella_Stella, happygirl и AlchinovaR1979 им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    А дали има можност да се одделите прво од тој заеднички дом? Тргни го сексот на страна. Ти имаш подлабок проблем од кои првенствено си афектирана ти. Запрашај се дали вреди да ја вложуваш својата енергија во овој брак и што те држи во него? Ако подобро се слушнеш себе си, решението ќе ти биде пред очи. Факт е дека не се живее во заедница, затоа што во моментот кога потпишувате папири, вие веќе сте едно ново оформено семејство, каде треба самостојно да градите иднина. Тогаш, ти ќе бидеш смирена, а со тоа и целата позитивна енергија ќе се префрли на бракот.
    Секоја плус пара тргајте ја на страна, барем сега е подостапно да се осамостоиш, за мало станче не треба којзнае колкава сума за кревање на кредит. А нема човек без кредити во Македонијава. Разговарајте на оваа тема првенствено.
    Очигледно е дека се работи за две незадоволни страни. Но, од некаде мора да се почне. Не треба да седиш во еден брак, пошто зашто. И не треба да ќутиш, за да зачуваш некаков интегритет. Најлошо за себе што можеш да направиш е да живееш според туѓа замисла. За се има решение, но треба да се бориш за да го добиеш она што го сакаш.
     
    На Bella_Stella, thelittle17, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Нема можност.. Сите пари отидоа за спратот и се уште го досредуваме, ситници се останати. Да додадам дека свекрвата ја седнав на муабет и низ солзи и кажав да прекине бидејќи ќе се разведеме. Сега некој период е по прибрана ама не знам дали ќе потрае. И исто така за преселување не сака маж ми. Си сака тука на грбот на мајка му полесно му е. Она ни готви, и сметки ни плаќаат неговите. Платата негова се чува за купување мебел, и останат луксуз. Другата плата за бебето и домот за нешто.. Јас имам други скромни примања и ми се за цигари, сметка за телефон, за бебе по нешто и за дома купувам и јас..
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    А мора да комуницираш со свекрвата? Биди ладна, не се карај, не се зближувај. Чувствувај се како да ти е комшивка, а за чудо и луѓето подобро се однесуваат со познаници, отколку со ближни луѓе, затоа што си земаат за право да коментираат се и сешто. На секоја нејзина сугестија одговарај, да во право си, ахам, и терај си по свое. Дипломатски, а лекува секаква снаа-свекрвинска врска. Нема што да се потчинуваш за атер на мажот. И најбитно, прави што ти лежи на срце, стои зад своите желби, ако наидеш на отпор, знаеш многу добро што е следен чекор. Не секој брак заслужува втора, трета, стота шанса.
     
    На thelittle17, tinka-mace, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    16.952
    Пол:
    Женски
    Кај нив едноставно неможе да не се комуницира.Чим женава ги финансира и готви не е возможно да не се зборува и одбегнува.Мислам тука најголемата грешка е што си прифатила под такви услови да живееш таму.Есноставно пред брак си требала да му кажеш не сакам да живееме на грб на мајка ти.Незнам искрено дали тука нешто може да се поправи.Ја би пукнала сега да живеам со моите или неговите.
     
    На Harper, Doozy, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не го правдај, четири дена слободен и тој да шета и да не се прибере,а ти цел ден дома.
    Тотален пресврт е,сигурна ли си дека нема друга?!
     
    На thelittle17, christinnn, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.514
    Пол:
    Женски
    Проблемов е многу, многу, МНОГУ подлабок од "не сака секс".

    Не знам што друго да кажам, освен да ги повторувам советите што ги доби од членките минатиот пат. Ама знам дека ќе ги игнорираш пак.

    Само ќе кажам дека искрено жал ми е низ што поминуваш. Се надевам некој ден ќе се свестиш и ќе успееш да избегаш од таму.
     
    На thelittle17, happygirl, Ambrosia и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.876
    Ептен е небитно дали има илинден друга, пошто не е проблемов од вчера. И не сме во соодветна тема, ама сепак- @Fallen.Angel знам дека сакаш бракот да успее, ама има ли нешто преку што не можеш да поминеш? Пошто знам дека од петни жили се трудиш и ти посакувам да успееш, ама што ако не оди?:(
     
    На happygirl, t.a.m, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Всушност е многу битно. Се вратив назад неколку страни,очигледно е дека не му е привлечна веќе и нема шанси да седи без секс долго време. Потреба е тоа,посебно за машко.
    А добро е да се осигура за втората особа бидејќи не е фер она да седи дома,да чува бебе во кратки црти да се труди за своето семејство,а него мува да не го лази.
    Не била убава во кратки панталони, се пресоблекла - голема грешка, се облекуваш за себе,а не за други.
     
    На thelittle17, hermosa, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    @Fallen.Angel Живеењето во заедница провлекува многу проблеми. Вие како прво треба да пробате да функционирате како две посебни целини. Инсистирај да јадете посебно, претпоставувам имаш кујна, објасни му на мажот дека од сега сакате да функционирате сами, сами да си водите сметка за домаќинството. Најди начин да му кажеш дека поздраво е за вашиот брак вие сами да си функционирате, ако паѓа на емоции искористи го и тоа. Со свекрвата може да си одите само на кафе. И за детето не знам како се организирате, дали ти го чува, дали се меша многу.
    Ти го кажувам ова за јадењево оти мене тоа многу ми пречеше, тоа беше како да живеам по туѓи правила каде немам право на глас. Па, од кога си направивме кујна бев постојано напната, се каравме со мм, станав и ладна со нив. Но, на крај истерав и мм им рекол ќе јадеме посебно ние. И он си имаше став додека сме без деца да јадеме со нив, но јас му објаснив убаво како сум го замислила животот. Сега само ќе се гледаме на кафе еднаш дневно и некогаш за викенд на ручек што е оптимално според мене. Пробајте прво примарните проблеми да ги решите, па потоа секундарните.
     
    На thelittle17, poppie и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.164
    Пол:
    Женски
    Ни за тебе ни за сопственото бебе не се интересира? Од порано те читав за оваа работа, ти правиш се' за да го средиш вашиот однос, ама ако тој игнорира се' и се однедува ладно, веќе тука не станува збор ни за некакви стресови или лош период, туку апла незаинтересираност. Си му спомнала развод да видиш што има на тоа да каже?
     
    На thelittle17, tinka-mace, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не.. Он ми има спомнато во повеќе наврати.. И секогаш липам бидејќи не сакам до тоа да дојде. Секој месец се караме 1-2 пати ако мене ми дојде премногу и се пожалам за нешто си го добивам. Последно се скаравме бидејќи сакав да излезам со другарка или со тетка ми да се видам на муабет.. Прво ме направи неодговорна, не сум се замарала корона имало, мене до шетање ми било.. дете сум имала за гледање ама изгледа јас сум била детето. И од таму муабетот го префрли пк на обвинувања.. Пак јас како сум се однесувала дома, пак јас како сум го брукала, пак ми ја спомна проклетата свадба и како не сме уживале тој ден оти јас сум терала инат.. Пак ми ја јадеше душата за татко ми и слушав навреди.. Па отиде на работа и кога виде дека не попуштам уште повеќе се разлути.. Ми се јавуваше ми се дереше да сум се спакувала и да сум си одела, он сакал жена покрај него а не јас да му се жалам секој ден и да ме гледа нерасположена и да се нервира со мене оти не сум знаела да се однесувам со неговите мајка и татко..
     
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не дека за бебето не се интересира, ама знае само на кратко да си поигра, му се радува ама додека е расположен. Ако се расплаче ми го дава мене. Некогаш го чува за да вежбам ама нема обврска кон него да го земе да одморам јас или да си земам време за себе. Знае да каже :"остави го и оди на козметичар" или до продавница негде, ама кога ќе се вратам он или нешто друго прави или е отиден некаде и пак на свекрвата е оставено бебето, и коментари пак дека го чувала многу време..
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Плаче за развод. Ни 5 минути не седам со човек кој ќе бара вина само во мене.
    А што се десило на свадбата?
     
    На Harper, Dust, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Јас сега имам впечаток дека што и да правиш ќе му смета него. Не знам како да се поставиш стварно. Само да ќутиш ако не па, мислам и тогаш ќе ти најде мана. А он како касета ти ги повторува грешките од минатото, така и татко ми и правеше на мајка ми.Брак каде што нема комуникација не е успешен брак. Не знам тука колку може да се поправи, не е доволно само едната страна да се труди. Некогаш сметаме дека свекрвата има голем удел во проблемите, стварно знаат да бидат напорни старите, но многу повеќе работи зависат од мажот.
     
    Последна измена: 2 јануари 2021
    На Dust, thelittle17, Роберт 7 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.164
    Пол:
    Женски
    Погоре пишаа да не живеете во заедница, ама и сами да сте, пак тој ќе ти префрла за се' и сешто. Доволно ти се обиде да направиш, ова да продолжиш да го трпиш е навистина премногу. Па и самиот штом ти спомнувал развод... Ти не сакаш развод, кажи еве некоја причина поради која мислиш дека треба да останеш со таков човек?
     
    На thelittle17, tinka-mace, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Ништо. Пред свадбата и после свадбата периодот беше напнат. Ми се мешаа сите претерано и јас покажав заби и тоа било детско однесување оти не сум сакала адети, оти се сум правела ради реда. На свадбата имав вештачка насмевка, се изгледаше супер ама беше сосила.. И јас сум го брукала. Незаинтересирана сум била зс свадбата, украсување и сл. и не бев точно. не сакав никаква свадба сакав само регистрација во матично.. ама се направи ете се што ни наметнаа.. и он не може да помине преку тоа зошто имало потреба да се бунам. сум можела да стегнам заби и издржам како што и издржав, само можело да се избегнат караници и сцени. Мене не ми беше до свадба и си го кажував тоа јавно и него му сметаше тоа и на неговите.. не правев сцени на свадбата, стегнав заби и издржав.. ама пред тоа нервозна бев и не криев дека не ми е по кеиф..
     
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Причина? Јас можеби сум глупава.. Можеби халуцинирам, но мислам дека не мора да биде вака.. Ете пред да се земеме не беше ништо вака. Се каравме и разговаравме, меѓу нас решававме, а сега од сегде имаме влијанија, и сега одеднаш му е важно што мислат другите за нас како брачен пар. Сега он се брука со мене бидејќи јас немам однесување какво што сака тој. И претходно иста бев, ама не му сметаше. И тогаш бев попустлива и сега сум. Но реално сега не сум до толку. Сега поголем товар имам и не можам толку лесно да попуштам кога не се мали проблемите. Сега сме во брак и е поинаку, покомплицирано. И не можам секојдневно да попуштам а за возврат да не добивам ништо. Едноставно ми скурчи да трпам, ќе трпев и повеќе аама малку барем да се почувствував вредна, некакво внимание да посветеше, нешто барем. Уште се трудам и на старите да угодам и на него и да го штедам од нервози. Да си ги потиснувам и своите во себе. Ама не бива. Абе немам со кој муабет да направам.. Верувате ли дека кога одам до аптека намерно не купувам се и глумам дека сум заборавила за пак да одам?
     
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Lesno e odma da se razvedes, sega ti skockaj se sebi si, lepo fino kje mu gi viknes mama I tato na muabet malku, ne si Sama pa, on kje te mele Kako saka. Probaj da ne places vekje, toa NEMA da ti pomogne. Daj mu jasno I glasno do znaenje deka rabotava puka po site sevovi, ti deka kje go ostavis, ne toj tebe. Posle tvoite ako I toa ne pomaga, ne znam, jaka ti dusa devojce.
     
    На Victorian, buba4e89, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.