па добро не ли е логично доколку некој не го палиш да те остави, или ке ти каже што сака и што го пали ке те насочи или поднаучи па уште толку ако му дадеш на знаеље дека тоа нема да те навреди??? а не да прави се за тебе и по секоја цена да гледа да те задржи, се работи за машкост, и тешко дека маж во врска би ти кажал дека има поблем, (да не го оставиш, да не го исмееш, да не разгласиш ... ) говорот на телото го дава потребното се е на место и имаме супер однос и разбирање, работата е што само тој одбегнува секс и гледа да е редок едноставно не му обрнува внимание ... а све друго е ок
Ние сигурно не би знаеле што е проблемот. Но, со сигурност може да ти кажам дека ситуацијата може да не се подобри или пак да биде само краток период ок, па пак на истото да се врати. Ова ти го зборам од искуство. Кој беше проблемот и јас не дознав. А не е геј. Секогаш избегнуваше да прави муабет на таа тема. Или демек проблеми има. Ама јас мислам дека сексот треба да ве зближи во тие моменти. Па цел живот имаме проблеми, еден ќе заврши, друг ќе дојде. Зарем треба цел живот да апстинираме, а сме во врска. Само би те советувала, тоа да го решиш побрзо. Не сакам да звучам како песимист, ама ако он е таков и не сака да има секс, тоа со тек на време и годините може да биде само поретко..а во никој случај почесто. Можеби и тоа е дел од причината што менувал девојки. Па ете се нашла некоја како тебе (и јас) што би останала во врска дури и ако сексот не штима. Значи сум пробала се. Од разговор, до секси облека. На крај само ќе се осеќаш отфрлено. А тоа ужасно боли. Посебно поради тоа што нема никогаш од него да добиеш одговор што е проблемот за тоа. Џабе убавина и се, кога она суштинското во една врска, секс и разговор а тоа повлекува и доверба (нели ако има проблем а он ја става „машкоста„ на прво место пред искреноста и довербата) не функционира.
Не. Главната причина беше друго.Ама избегнувањето секс повлекува многу проблеми. Ако не ни требаше таа блискост и интимност, тогаш ќе можевме да бидеме со секое машко, ќе живееме ко цимери без секс. Одбивањето ќе повлекува други проблеми. Не само што се губи блискоста, туку ти самата ќе се осеќаш отфрлено и исфрустрино со тек на време. Знам дека е тешко кога сакаш некој да видиш дека навистина има проблем.. Сметам дека сексот не е најбитен. Но научив дека е и те како битен елемент во една врска. Пробај се што е во твои граници. Ама него нема да можеш да го смениш.
Да не има тој некој проблем со пенисот? Мислам некој здравствен проблем или тешко постигнува ерекција...?
= фрустрација (Некоја тешка негова психологија) = цимер Убаво ти кажа Елл од искуство. Поентата ми беше дека нема привлекување меѓу вас и нема страст. Нека биде се ОК, како што велиш, нека се грижи колку сака ама хормоните си го вршат своето. И мислам дека тешко ќе се одржи вашата љубов кога нема сексуална поврзаност. Твое е да размислиш дали можеш да ја поднесеш таа жртва ако неможеш нешто да смениш.
Ако нема страст во една врска џабе е се. Секс толку ретко? Па и да не си нешто ау атрактивна чим е со тебе треба да чувствува страст кон тебе. И ти би била во брак со човек со кој не можеш да имаш квалитетен секс, па бил и редок. Велиш не му обврнува внимание, па ваљда немате по 70? Јас одбегнував затоа што не чувствував повеќе физичка привлечност спрема него. Го сакав ама не можев бре да се замислам во постела со него или кај и да е. Самата помислам ме тераше на повраќање. Знам ужасно, можам да замислам на дечко ми како му било. Да сум на твое место не би барала каде е проблемот, него би се ослободила од проблемот(дечко ти).
Не верувам дека е педер дека има нешто закачено или дека е има проблем со машкоста. А еве ти веруваш дека не е вмешано трето лице. Под претпоставка дека сето тоа горе наведеното е точно, единствено што преостанува е психички. Си ја приметила промената, значи предходно било се супер, сега у последно време сексот и неговата заинтересираност е намалена. Иствремено неговата љубов кон тебе не е намалена, напротив тој размислува за брак. Јас ќе те прашам колку години имате? Вашите секојдневни обврски (дали он работи а ти не, или сл.) Дали има стрес поврзан со работата. Дали евентуалниот брак би придонел кон голем пресврт и големи жртви, финансиска инвестиција...од негова страна или општо. Проблеми поврзани со неговата фамилија(смртен случај, проблематични родители, несредено стамбено прашање). Зошто сметаш дека 2 пати во 15 дена, т.с еднаш неделно е премалку? Зарем очекуваше дека сите тие години нон стоп ќе биде со исти ритам по 5 пати неделно? Во долги врски или брак се случува кога двајцата не знаат кај им е главата, поради физичка или психичка исцрпеност да дојде до таков период. ПА боже мили, затоа е стабилна врска, стабилен партнер. Треба да се има разбирање и поддршка во тој период. Ќе мине,не значи дека он се празни на друго место. Може едноставно не знае главата кај му е и не сака воопшто да се празни. Машките се чуствуваат нападнати кога инсистираме со прашањето што е што е.... Негирањето им е најдобар механизам, многу често пропратено со нападот како најдобро оружје. Смени тактика. Почни да ќутиш на пример . Он да се запраша тебе што ти е. Ако има некаков проблем кој се обидува сам да го реши можеби ќе ти се отвори. Ако постојано инсистира дека му треба време.....па дај му малку време на чоекот
Само имам да кажам дека ако е геј, може толку добро да се крие, да не го дознае никој и цел живот. А и размисли чим тој сака со тебе да го помине животот, зборува за брак, може едноставно нашол сродна душа=другарка со која ќе симне еден терет, пред околината ќе биде маж затоа што се оженил и евентуално има деца. Значи ајде да не е само дека сме гледале по филмови, јас и лично знам за 1 случај, возрасен човек генерација на моите и се дознава одеднаш дека е геј. Со возрасни деца по 20 и кусур години и се тоа. Мислам дека чувството е одвратно пред се за фамилијата, второ за човекот. Не затоа што е геј туку затоа што се криел толку време и одеднаш БУМ. Е сега како би дознала ако не го прашаш, а и како да прашаш?! Ехееееј маче, да не си педер? Пробај со некои разговори ко демек, другарот на тој и тој другар е педер, па кажи му дека немаш ништо против тоа, дека тоа за тебе е нормално (дури и да не е, кажи го така), дека не би осудила никого па дури и да ти е најблизок, дека ти е скроз, скроз ок, сфаќаш и се тоа. Повтори го тоа 2-3-4 пати и можеби ќе признае. Јас искрено не гледам друга опција, да имал мал пенис више си му го видела, нема зошто да крие. Да имал инфекција нема цел живот да ја има, ќе ја излечи. Да има не дај Боже, нешто сериозно (СИДА) сигурно не би те изложил тебе на ризик чим викаш дека размислува за заедничка иднина. Психолошки проблем може да трае одреден период, но постојано не. Сите сме различни, но сексот е природна потреба на сите, на некој повеќе на некој помалку, но толку редок секс јас би сфатила само кога се нема каде, при инфекции, или ете понекогаш кога едниот партнер е окупиран со друго но тоа нема да трае подолго од месец, нека се и два. И искрено не верувам дека некогаш ќе сака повеќе секс, ако мислиш дека можеш и ти вака тогаш добро, ако не преземи си мерки на време. Еве јас признавам не сум секогаш разположена за секс, но мене дечко ми да ме одбие 2-3 пати по ред и тоа без онака реална причина веднаш би помислила дека нешто големо се случува, затоа што ајде, да не генерализираме но сепак е... машко.
не си ти виновна за оваа ствар,проблемот е у него ,може типов поминува низ сушен период и не му е до секс,зависи колку време трае ова ,ако е 1 мес до мес и пол не е страшно ,али ако трае подолг период значи дека проблемот е во него и типов не сака девојки,може он е свесен дека е геј али се плаши од околина и од сите притисоци кои си следат со тоа и сака да се прикрие со тебе и нормалоно дека нема да ти признае дека е геј,а можеби има и друга ,зашо друго објаснување за ова нема
лејка мислам дека не е така лошо ако имаш геј пријател од доверба, па да седнете на кафе и да му го објасниш проблемов-чисто да видиш што тој ке те посоветува од машка гледна точка се надевам дека ке ти помогне разговорот, со срека
Се надевам дека ова е само лош период во врската и дека наскоро ќе биде минато. Сепак, во сите врски се случува да има сушни периоди, од различни причини. Мора да го натераш да разговарате, затоа што реално гледано без секс ниедна врска неможе да функционира како што треба. Мора да најдете компромис. Можеби има некакви стресови, проблеми, но ете заради некоја x причина не ти кажал (иако мислам дека треба да ти даде до знаење ако има такво нешто) а истото се однесува и за здравствените проблеми. На крајот на краиштата, не си должна да апстинираш, мораш да му кажеш што ти пречи, и тоа што побрзо тоа подобро.
По претпоставка дека горенаведените проблеми се доста присутни, зарем и тоа би пречело ... па тогаш во брак што правиме, да кажеме дека и јас ги имам истите проблеми, да, не ми е само у скес паметот али баш напротив тоа би ме опуштило и за момент би избегала од реалноста, а секоја чест за објаснувањето бидејки и тоа ми беше нај лоѓично а во исто време неприфатливо, сепак не е убаво за жена се чустува непосакувано на некој начин , бидејќи тоа навистина влече многу проблеми потоа како и фрустрација .. ок сепак фала патем мислам дека доволно работи расчистивме и веројатно е пероид, ама проблемот е што и јас сум си голем љубител на онаа работа па навистина како во нормални ситуации и 3 пати неделно не ми е доволно колку и да сум задоволно, али што е тука е ... милам дека ситуацијата е доста надежна, и стварно многу ми помогнавте да ги разберам работиве, зашто навистина ми ситуацијата ми беше доста несекојдневна
Многу убаво ти кажа и објасни danichap, значи секој си реагира на различен начин во животот. Ако вистина го сакаш и ти значи, ке се задоволиш за одреден период со тоа еднаш неделно,( а мислам дека треба да ти бидат јасни работие дека кога ке влезеш во подолга врска и брак нема веке да го има тоа секој ден, ее вака и јас кога ке се сетам на почетоците со мм ми фали тоа време ама животот си носи други работи и обврски и начинот на живот се менува, али секое време си има своја убавина) ке му пружиш многу љубов и трпение, и се ке си дојди на свое место
Браво Даничап, многу убаво и зрело размислување, за можните причини кои се најчести (освен ако не е здравствен проблем или сл.) Ама другите кои го направија педер аман те бе луѓе, па секое машко ли што не лудува за секс е педер? Зошто толку лесно лепите етикети?
Не се замарај, за кратко време се ќе се врати во нормала Сведок бев на ситуација иста како твојата кај мои пријатели, не сакам да објаснувам, да не изложувам туѓа интима тука, па макар и анонимно. Дечкото си имаше такви периоди едноставно не му се сакаше (причините сеуште непознати, а верувам и небитни), па после тој период беше ко ненаситен манијак Значи моментот е што имал и ерекција, ама не сакал секс И ова е период, како и многу други кои би ве очекувале во иднина, твое е да му дадеш време и да не го напнуваш, со удар на секс тема удираш на машко его, а тоа уште повеќе ќе ја влоши состојбата. Биди си трпелива и сакај го, ќе ти врати он за се
Абе не е нормално и крај. Лејка ти упорно одбегнуваш некои одговори, а цитираш постови во кои се пронаоѓаш минимално, со цел да се оправдаш пред самата себе дека тоа е нормално и дека треба да издржиш, да го поддржиш и дека е фаза. Не е. А ти си млада девојка на која и се сака да биде згапчена и “растурена“ од секс и зошто би си го кратела тоа? Ако е така од почетокот на врската, тогаш доволно си се мачела и јасно е дека или има чувства кон други/или психички проблеми, или.........е геј Ако е период, муабетот е друг. И кога прашуваш за совет, секогаш се образложува убаво проблемот, за да се добие целосна слика според која ќе понудиме соодветно решение, а не вака дел по дел, ама и ова, ама и она, постепено излегува уште по некоја епизода која ги менува настаните.
Одбегнувам одговори кои сметам дека не треба да ги дадам пр, колку години има и слично, во право си мене ми треба секс тоа ми е приоритет и точка, период е, не дека сме имале секој ден али се случувало и 3 пати во неделата и тоа по 2-3 пати на ден али и тоа биле периоди ... проблемот е што генерално за разлика од останатите некако секогаш повеке приоритет давал на други заеднички нешта, да годините си играат улога не викам не, а во последен период скоро и да нема ... мене прасанјето ми беше дали тоа се случува и е нормално зашто сум немала такво искуство, а доколку се обидам да разговарам со него или со било кој маж кажано ми е дека тоа нема никогаш да го признае бидејки се работи за машкост, да го оставам можам во секое време, мегјутоа сакам малку повеке да се информирам од машка гледна точка за да си разјаснам и споредам некои работи, секогаш сум реална и не практикувам да се залажувам засшто сепак имам еден живот и тешко дека ке допуштам да го уништам за било кој ... сепак фала за советот, а дека како што вели елл се осеќаш отфрлено и не е баш пријатно тоа е така и затоа сакав да слушнам мислења кои би можеле да бидат причините а и се од муабетите ми се поклопува само треба некој да ти го каже за да го сфатиш пошто нокогаш не би помислила дека проблемите и другите рботи би вијаеле на сексот, али кога ке ти кажат повеке мажи си ја разбриаш причината и имаш сосема поинаков пристап
леика прво да ти кажам ми беше мака да ги читам сите мислења од девојките но твојот проблем го прочитав најповеќе ми падна во очи тоа што го имаш напишано за одморот и 15 дена да сте сами само 2 пати може ќе имате секс ова мене како и на другите не ми изгледа нормално со дечкоми кога одиме на одмор по 3 пати денот некогаш имавме односи ајде сега правам некој споредба,но би сакала да те прашам прво во врска сте добар период но дали помеќу вас има хемија дали има страст и голема привлечност? ова го прашувам бидејќи има луѓе кои се во врска од навика и ради реда и таквите врски само ги туркаат а многу работи не се како што треба,и дали ова постојано било во вашата врска да имате ретко секс или сега ви се случува?и ова го прашувам бидејќи несакам одма да пишувам дека твојот дечко има некаков проблем можеби не е некој голем љубител на сексот или доволно му е толку не е точно дека никое машко не одбива девојка за секс иако не му се допаѓа тоа може да го направи некој первезњак или некој сељак да се истуши само не и вистински маж кои знае што сака а ако ова ви се случува во последно време може да е кризен перод во врската кој се надевам дека ќе го поминете успешно,што не ја исклучувам можноста да има и друга и тоа вешто да го прикрива но ништо не трае вечно ако има ќе излезе на површина јас би ти препорачала да го испиташ повеќе малку случајот...
1. Не сфаќам зошто одма сите мислат ако машкото не сака секс е геј! Тоа не е точно, зборувам од искуство. До сега имам на 2ца такви мажи налетано. Едниот од нив е од средина каде што да си геј не е табу тема за да ете би рекла дека може се крие! 2. Мажите не се секс машини. И не верувам во тоа „нема машко што не би одбило женско“! Овој заклучок не го носам од тие 2ца кои сум имала „среќа“ да ги запознаам, туку од муабет со машки пријатели кога станувало збор за таа тема. 3. Иако женските се познати по тоа дека одбиваат секс...поради само неа познати причини , кога машко има тежок период или психички проблем ( не зборам за тешки облици на психички пореметувања, доволно е болно искуство или фрустрација), и те како тоа може да му се одрази на сексуалниот живот. Не ми се збори повеќе на темава, затоа што ќе мора да зборам од лично искуство, а не би сакала да споделувам со сите. Само би ти рекла, да, можеш да пробаш да го решиш тој проблем. Ама не сум многу оптимист дека тоа е така едноставно решливо. За да му помогнеш на некој, треба тој самиот да ти го дозволи тоа.