1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Гледаш и сама каква е состојбата. Мислам дека прво ти мораш да го прифатиш тоа. Полесно ќе ти биде и нема толку чувствата да ти се повредени. Тешко е зошто немаш никој да ти помогне да излезеш од бракот.
    Е сега, ти останува да се посветиш на себеси. Гледај го детето, прави си како ти одговара, престани да мислиш на него и да му угодуваш. Да потпорасне детето треба да најдеш работа, малку да се осамостоиш, да направиш некој свој фонд. Да можеш да излезеш. Кога нема да зависиш од него ќе се почувствуваш посамоуверено, независно. Не дозволувај да те потиснува со неговите коментари, не е вреден за тоа воопшто. Главата горе малку, престани да плачеш и прифати ја ситуацијата.
     
    На Harper, Mishela, Luminary и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Ова е грозно на многу нивоа. Прво ти не си некаква монета за тој со тебе да исплаќа долгови кон родители, молим те, ТОЈ ќе надоместува со тоа што ТИ ќе си блиска и помагаш и ќе глумиш нешто што не си.|( Манипулаторски.
    За второто. Некој што ти покажува каков е , верувај му. Дерење, ограничување слобода, гадење од физички изглед, нон стоп звоцање и врв на се ти кажува лош избор направил со тебе. Вау(facepalm). Јас пре би рекла ти направи лош избор оти покрај за него таков површен каков што е, изгледа се омажи и за фамилијата негова која му е на прво место.
    Шта речи.
     
    Последна измена: 2 јануари 2021
    На Bella_Stella, TashSefton, thelittle17 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    @Fallen.Angel
    Како после сите негови зборови и постапки ти сакаш да бидеш интимна со него? Не ти се гади од него?
    Ти имам и претходно пишувано, мене притисокот ми се крева кога ќе прочитам колку си млада и колку дозволуваш да ти го уништат животот.
    Овој брак нема убава и светла иднина, мислам дека длабоко во себе си свесна за тоа и самата ти, само не сакаш да го признаеш тоа.
    Он бара совршена жена, а тој не е совршен маж за никоја жена.
    Немој веќе да се надеваш дека браков може да се спаси, колку и да звучи грубо ова.
    Со трезвена глава седни и размисли си што и како за понатаму. Дали некое време ќе заштедуваш пари за да се отселиш или ќе побараш помош од татко ти или нешто сосема трето...
    Битно е да прифатиш дека човеков ниту те почитува, ниту те сака.
     
    На Harper, Bella_Stella, TashSefton и 24 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    @Fallen.Angel чекај сакаш да кажеш дека тој се женел само за да компензира домаќинска сила кон своите родители. Девојче вредиш повеќе од тоа. Ќе помагаш ако сакаш, а не затоа што тоа се очекува од тебе. Тој треба да биде ангажиран према нив, негови родители се. Моментално дете имаш, ако е лесно растењето на дете, нека го превземе он и нека се грижи плус за домот, а не он работи и се му е опростено. Да го вратиш времето не можеш, ама многу си млада уште сега да крахираш. Не е единствен и НЕ, не изгледа бракот така црно. Подобро сама со детето, него да расте со мајка и татко кои само се караат, едниот само плаче, другиот се дере. Свесна си дека се работи за токсична средина. Тргни го сексот на страна, нема да го спаси бракот, затоа што тоа е само цреша на тортата. Почитта е таа која е темелот на еден успешен брак. Ако ја нема, ништо друго нема. Стрии си имала, за инает експонирај ги, така ќе се прифатиш себе и ќе ти се крене самодовербата. Зошто не посетиш стручно лице? Верувај ми ќе ти се врати храброста и целосно ќе ти се промени перцепцијата. Ништо не мора да трпиш, ако не сакаш. Подобро сама и среќна, отколку во брак со цела фамилија која ти носи само чемер и фрустрација. И за што трошиш пари за поклони за него, заслужил? Чувај си го секој плус денар, направи план и стратегија, на долг рок ќе се осамостоиш и ќе можеш да ја треснеш вратата за збогум. Навистина не мора да останеш во брак, ако бракот е слепа улица.
     
    На Bella_Stella, Luminary, thelittle17 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Се извинувам вака што улетувам а пред да се зимате со некој знаете уопште што зимате или сѐ се мења преку ноќ?
     
    На Konfetka, Doozy, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    @Fallen.Angel најпаметно е да се разведеш. Навистина најпаметно.

    А ако останеш со него, не очекувај да се смени.
    Ти најди се себе си и изгради си свој живот, независен од него.
    А ако сакаш секс, најди си швалер.
     
    На TashSefton, thelittle17, flawless. и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    А има ли мајка? Каде да оди со бебето? И зашто морала да се венча со него ако е трудна?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Зошто - не зошто, завршен е тој муабет. Поминало, не се враќа.

    Сега што да прави е прашањето.
     
    На Harper, thelittle17, happygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Оти Македонија. Оти ако живеат во вонбрачна заедница нетачни ќе ги направат. За џабе не сме последна дупка во свемирот.
     
    На TashSefton, thelittle17, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Бебето им било планирано и не значи дека ако живееле во вонбрачна заедница нешто ќе беше поразлично.
    Каква веза има дали се во брак или не, не е проблемот до еден потпис.
     
    На Luminary, Stressed Out, thelittle17 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Значи станува збор за планирано не грешка ?
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за родено бебе, како може да е грешка? Малку осет не е на одмет.
     
    На Harper, Luminary, Stressed Out и 19 други им се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Проблемот е што @Fallen.Angel го сака и еве покрај сите совети му купува поклони и не сака да се разведе од него. Тој неа не ја сака, колку болно и да е тоа е вистината, што самиот и ја кажал во лице. Ако се сака за се има решение, како што прочитав вработена е, може да оди под кирија не мора да се враќа кај татко и. Жално само за детето што ќе расте во таква атмосфера.
     
    На Victorian, fana, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми беше по грешка останала трудна или планирано.
     
  15. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Зошто е тоа посебно за машки потреба? Мислев дека е исто и кај женски и машки.
     
    На Harper, Luminary, happygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Јас не верувам дека тој го сменил однесувањето кога се венчале.
    Тој бил таков и претходно, само или не го гледала тоа или не го прифаќала.
    Сега кога живеат заедно дошле до израз сите негови лоши карактеристики.
    Нејзино е само да собере храброст да стави крај и да обезбеди подобра и поздрава околина, иднина, живот за неа и детето.
     
    На Bella_Stella, SexiLy, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.365
    Пол:
    Женски
    Шо е битно? Планирано или не, тоа не го менува фактот дека типот е идиот и воопшто не ја почитува.
     
    На Luminary, flawless., raww и 6 други им се допаѓа ова.
  18. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Па тоа е сега најмалку битно.
     
    На flawless., WildMk, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Битно е. По реакцијата негова ќе се види дали уопште ја сака или не
     
  20. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Што побрзо сфатиш дека животот не е розев и дека тој човек нема никогаш да се промени, може само полошо да станува, а ти подобро е да си сама со бебето и од петни жили да се трудиш за да успееш, наместо да се трудиш за љубов и интимност.
    Биди среќна што не сака секс со тебе затоа што така мн брзо би останала бремена со второ дете, а тој се уште ќе е излезен по кафиња како недозреан тинејџер.
    Заборави на сите филмови што ги имаш изгледано во животот и запамти дека е 21 век и жените се силни и успешни, се разведуваат, се премажуваат, нормално е да имаш деца со друг маж ако со првиот не одело. Не е правило дека треба останеш со маж ти по секоја цена. Па и три деца да имаш во ваква состојба се разведуваш. Животот е краток. А ти колку си млада, животот ти приредил лекција од која можеш толку рано да научиш и до 30 години да бидеш прекрасна жена, а тој се уште ќе е излезен на кафе.
    Ова не е неисправлива грешка, не е нешто поради кое треба коси да кубеш и да паѓаш во депресија. Ова е лекција и отскочна даска. Шанса да бидеш позрела, посамостојна и похрабра од било кога.
    Нацртај ја иднината во твојата глава, молчи си и смешкај се. Не брзај со дела, брзај со планот во твојата глава и зацртај си цел.
    Барај совет тука во секое време или барем искажи се да ти е полесно.
     
    На Harper, Bella_Stella, Luminary и 23 други им се допаѓа ова.