Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Пред брак едно, во брак друго. Самата тоа го кажа Фален.
     
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel
    Ах бе душо. :hug:
    Се сеќавам на твоите мислења уште пред бракот. Знам дека една од причините поради која сакаше дете беа здравствените проблеми па некако избрза и по кратка врска стапивте во брак. А тој уште тогаш имаше цел да ги оправда очекувањата на мама, да има жена и дете оти има 30 години. Се извинувам ако грешам. Не те осудувам ниту напаѓам, сте одлучиле така, сама најдобро знаеш зошто. Враќање назад нема, ама има напред!

    1. Колку и да ти била грешна одлуката, сега го имаш детенцето, посвети се на него.
    2. Не дозволувај НИКОЈ да ти набива комплекси за изгледот, верувај не е во тебе проблемот. Само те манипулира со тоа што ти ја префрла вината. Абе ако ме сака некој ќе ме сака и дебела и слаба и со стрии, клише муабет ама така е. Поработи на самодовербата, сакај се сама.
    3. Уште еден совет, пробај да си малку поопуштена во животот, не создавај караници ако нема потреба, никој не би сакал нон стоп да живее со расправии.

    Како понатаму? Знам дека го сакаш, знам дека ти е тешко само навистина не гледам светла иднина со него.
    Немате еден проблем, а гледам тој нема ни желба да се поправат работите. Работи, заштеди и бегај. Млада си, вредна си, заслужуваш да си сакана, животот е пред тебе. Колку и да изгледа тешко и невозможно.
     
    На Bella_Stella, KateKane, mal.ecka и 23 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Се согласувам, посебно што уште околу свадбата веќе на велико биле изразени овие проблеми.

    Било што било, @Fallen.Angel навистина си во незавидна ситуација, затоа јас би те посоветувала вака - батали го. Сериозно. Не се разведувај одма ама батали го, сметај го за цимер и не му трчај по газот. Многу си млада, само 21 година имаш, а копукот се изживува врз тебе. Глеј си бебето и факултетот, создади си услови за себе, а него глеј игнорирај го што повеќе.

    Нема врска ни стрии, ни дебелина, ни крив нос, ни ништо кога некого сакаш. Мт е многу површна личност, дериште недораснато, за да ти ги кажува работите што ти ги кажува.

    На крај или ќе го здоболи што го игнорираш а создаваш живот за себе и ќе сфати дека ќе го оставиш, па ќе се смени, или нема да се смени, ќе создадеш живот за себе, и стварно ќе го оставиш и ќе си живееш.

    Дур трчаш по него, никогаш ништо нема да се промени. Ни ти, ни неговите, никој не е виновен што тој на 30 се понаша како цмиздре некое.
     
    На Bella_Stella, Luminary, happygirl и 43 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    @Fallen.Angel јас би ја послушала Камелија добар совет т.е ова ти е најидеално решение
     
    На thelittle17, sunshinebabe, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.341
    Пол:
    Женски
    Вака може се мешам кај шо не треба, но никогаш не си кажувајте колкава ви е платата и секогаш имајте настрана заштедени пари оти никогаш не знаете кога ќе ви се најдат..

    @Fallen.Angel секогаш има решение, само не се откажувај.
     
    На Michaelalala, GirlRose, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    од неколкуте мислења што ги видов, хронологијата на настаните е ваква,

    Си се породила, долго време не сте имале секс, и плус си почнала да се криеш поради стрии, него не му било до тоа, но не знам од каде и како, се сплеткал со некоја друга, па не посветувал многу време на тебе, кога те видол во таква состојба скрешна целата, решил да прекине со другата и целосно да се посвети на тебе, но иако го направил тоа и траело тоа некое време, приметил дека не е тоа што био, не се чуствува исто како кон тебе веќе кога пробал друг цвет, и сега го мава вината, па не може да те погледне во очи, не може да ѕе баци, се јаде одвнатре, но и пак го посакува тоа задоволство што го имал со тебе а го нашол на друго место.

    Сега не знае што да прави со себе дали да продолжи како ништо да не било, или да ти ја каже вистината, тешко му е па само те избегнува и се насочува кон работата. или пак продолжил со другата, или пак чека време и место да ти каже се и да бара прошка од тебе, го мачат овие мисли.

    Тоа е според мене, не оправдувам ништо од ова туку само кажувам мислење од тоа досегашно напишано, а можеби грешам и тоа многу. не знам.
    @fallenangel
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Што ќе те кошта да дадеш совет без филмови правење? Можеш и да не дадеш совет, не дека мора.
     
    На CameliaMiller, happygirl, KateKane и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Само ова е на место во твоето мислење.
    Грешиш и тоа многу!
     
    На Bella_Stella, buba4e89, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  9. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel
    Да бидам искрена, не те следам од почетокот на твоите проблеми во бракот и сексот. Но, по се што прочитав можев да сватам дека маж ти е многу незрел за негови години. Да имам млада сопруга, која ми родила дете и која на секој начин се труди да ми угоди и покрај обврските што ги има, не би и правел вака. Мој единствен совет е да почнеш да си посветуваш внимание на самата себе. Зошто? Денес постојат многу жени кои секојдневно се соочуваат со ниска самодоверба, лош брак, брак без секс. А постојат и многу себични и егоистични мажи. Но, доколку ние самите не се сакаме и се срамиме од нашите тела, не треба да очекуваме дека и некој друг ќе не прифати и ќе не сака...
    Како што ти реков погоре, најбитна си ТИ и нормално твоето бебе(тоа те обожава онаква каква што си и верувај за него ТИ СИ НАЈДОБРА) . Сето внимание посвети го на вас двајцата. Во врска со сопругот, пробај да не иницираш секс,едноставно "излади се" од се поврзано со него. После заспивање на бебето наместо секс и исполнување на обврските спрема сопругот, пробај да правиш нешто што тебе те исполнува и отпушта. Почни да се сакаш себе си и да уживаш во тоа што си 21 година. Доколку работите не одат и нема начин да се средат, немој да се мачиш себе си. Не вреди за никој, особено не за некој што не се труди околу тебе, твоите потреби и твојата среќа. :)
     
    На Bella_Stella, Luminary, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    јас пак велам дај боже да си во право, дај боже да грешам, јас не реков дека сум во право само споделив мислење, или не смеам?

    Човек во животот секогаш треба да биде отворен за сите можнсти и ситуации, па и да греши претпазливоста не е на одмет.
     
    На naturallmess, poppie и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Членките убав совет ти дадоа погоре.
    Зацртај си план во глава каде ќе бидеш само ти и твоето дете.
    Стегни заби и заврши факултет и најважно од се, најди добро платена работа со која ќе можеш сама да опстануваш. Вакви 30 годишни цмиздриња што велат подобро е мама да ни готви, никогаш нема да станат мажи, затоа што маж не го прават плочкици на стомак, маж треба да ти ги баци и гушне стриите, да те охраби психички, да ти биде другар и да те сака тебе, затоа што во матично се потпишуваат брачни ДРУГАРИ, а не брачни љубовници.

    Не е ништо непоправивливо, особено што има фини дечки на кои не им одел првиот брак па поучени од првото искуство си најдоа супер девојки со кои остварија се што не можеа во првиот.

    Патот кон успехот ќе ти биде тежок, ама ако издржиш ќе добиеш слобода! (да трпиш садистче кое на секое ќе те вреѓа и ќе ти одзема желба за прогрес е една од најтешките работи со кои ќе се справиш, и не смееш да подлегнеш, односно треба да те фати ИНАЕТ дека ќе успееш).

    И запамти пред да излезеш од тој брак кога ќе се наместат твоите коцки, ќе почне да плаче да моли за втора шанса, да сака ОН тогаш, ќе глуми дека се сменил и бла бла. Немој да си заборавила и да се премислуваш (отвори го форумот и сопствените мислења) па да подлегнеш и да направиш второ дете зашто луѓето НЕ СЕ МЕНУВААТ. Само полош ќе биде.
     
    Последна измена: 3 јануари 2021
    На sunshinebabe, Amellie13, Snow-Star и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    @Fallen.Angel другарче, да се разбереме а да не ти падне тешко ама муж ти има друга женска особа во негов живот во моментов.
    И тоа не женска особа за секс средби туку најверојатно се има зацапано дебело, а и она у него веројатно. Но сигурно и таа е во некоја врска-брак, па не им оди во прилог развод, растурање семејства и слично, па се "мачат" се гледаат периодично.
    Да те имаше преварено еднаш двапати со некоја ќе имал грижа на совест, па ќе ти се лигавел, па ќе се трудел околу тебе за да си покрие гревовите. Ама јас мислам дека дебело е зацапан во некоја која неможе да ја има секојдневно инаку одамна ќе ти понудел развод. Зашто он на 20и неколку да не е загреан за атрактивна тазе сопруга на 21г, мало сутра.
    Да сте 25г у брак, деца големи па ај некако можда си му дошла преку глава ама на овие години па да не се врти околу тебе и детето, да не му се крева на тебе у секси андервеар, ја незнам што муж ќе беше тоа.
    Дај Боже да не сум во право, ама од машка гледна точка, маж на 20 и некоја да треба да има секс еднаш на 6 месеци при здрава права и млада сопруга дома, тоа не ми е верно некако ама ич.
    Ти посакувам се најдобро, пред се да ти се среди бракот и да сте среќни и вечни заедно.
     
    На Harper, thelittle17, sunshinebabe и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.865
    Ко ќе видам мажи шо коментираат на темава
    [​IMG]
    Да не ве цитирам поединечно, ама стварно никој не ви дојде да ве праша за мислење,не мора да коментирате, НЕ МО-РА:shake:
     
    На Bella_Stella и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.341
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata па не кажаа ништо лошо, само споделија можни ситуации. А како ќе реши она, тоа е сосем друго.
     
    На naturallmess, julija86, thelittle17 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Во ред е луѓе. Се изначитав. Не велам дека не се можни вашите сценарија. Во животот се изнагледав на се нешто и научив дека никогаш ништо не можеш да тврдиш со сигурност кога се работи за друг човек. Колку и да познавам некого секогаш имам на ум дека и јас сум правела работи на кои никој не би му текнало дека можам да ги направам. Убаво што имавте што да кажете, не се лутам и не сфаќам погрешно. Искрено не е дека се сомневам ама и не сум целосно сигурна дека нема трета особа. И сите што ми кажавте да се посветам на себе и да си дигнам самодоверба некако го испуштивте најглвното.. Како јас тоа да го направам? Навистина кажете ми.. Пораснав на тој начин секогаш да почитувам правила и за мене да важат а за другите не. Сопствената мајка ми викаше дека сум неспособна, наивна, глупава и дебела. Никогаш сум немала самодоверба.. Моментално со изгледов уште помала ми е.. Начинот на кој живеам оддалечена од сите луѓе кои ми се блиски и самиот факт дека сум тотално сама заробена со луѓе кои ми ствараат негатива не ми дава да напредувам... Да можев бар со тетка ми, стрина ми или другарки да се видам ќе си го ладев мозокот по малку и целата ситуација ќе ја процесирав полесно.. а вака немам баш опции..
     
    На Cecko85, mira.mira, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Имаш другарки?
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Имам неколку поблиски.. Едната ми е далеку, другите ми се блиску.. Но не излегувам никаде.. Корона имало.. До кај моите не сум била 2 месеци...
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.341
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel самодовербата ќе си ја градиш постепено, ништо преку ноќ не се случува. Тоа зависи исклучиво од тебе (тргни настрана луѓе - некогаш ќе имаш нивна поддршка, некогаш не). Гледај го факултетот, визуелизирај ја иднината (звучи смешно вака ама пробај), кога ти е тешко мисли на детето и ќе ти даде сила. Верувај, секогаш има начин. Само не потклекнувај. Падови во самодоверба и јас имам уште иако надминав доста работи.
     
    На CameliaMiller, arabella_ и Осе им се допаѓа ова.
  19. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Стави се на прво место, ти и твоето бебе. Маж ти ич не го мисли затоа што не заслужува... Како тоа ти вика да седиш дома ради корона, а он и на работа и со другари си излегува? Зошто го слушаш? Јас уште утре би излегла со другарките, па и со бебето. Или можеби се плашиш како маж ти би реагирал? Ако е тоа, немам што да кажам освен дека ситуацијата/средината во која се наоѓаш не здрава.
    Тешко ми е да ти кажам, но можеби најдобро е да си заминеш од таа токсична средина и да одиш кај твоите. Не гледам друго решение за твојов проблем. :/
     
    На thelittle17, sunshinebabe, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Одлучуваш да се ставиш на прво место, заедно со твоето дете.
    И после правиш се' што треба само со тоа на ум.

    Нема униварзална формула, никој не го живее твоето секојдневие за да ти кажува како да постапуваш.
    Тука сме со годините, и сакам да верувам дека секој може подобро во проценките.

    Што било, поминало. Лично, не гледам потенцијал за партнерство со некој кој во најубавиот период не бил до мене и нашето дете. Најубав, ама и тежок. Колку, секоја фамилија за себе си знае.
    Спрема тоа, ги согледувам сите опции кои ги имам. Имаш нешто твое? Кај твоите соба? Не роднини, а место каде си живеела порано. Некој да ти помага со бебето? Да? Тогаш оди и продолжи со факсот, барај работа и поднеси документи за развод. Одлепи фластер директно и продолжи.
    Ако немаш таква опција, води дипломатија каде живееш сега додека немаш поволни услови да се осамостоиш. Маж ти не го перцепирај. Кога е дома врткај се околу бебето, учи, терај го свето колку можеш. Не стагнирај. Учи, надградувај се, барај работа. Се бориш сама за себе и за детето, и за никој друг.

    Кога сакаш да излезеш да шеташ, кажи му дека имаш потреба од воздух и дека излегуваш. Покани го и него. Ако спомне корона, кажи дека штом оди на работа, штом излегува од дома и се гледа со други, шансите тој да ги зарази неговите се поголеми од твојата прошетка сама на отворено.
    Ако не бива така, шетај со мајка му. Сриозно. Не мора да разговарате, ако ти прави муабет, слушај и одговарај внимателно и со минимални детали, ама излегувај од дома. Подобро ќе се чуствуваш.

    Почни да си веруваш на себе. Верувај, најдобро знаеш како за себе, а и за своето бебе.
    Самата пишуваш за сопствените искуства, зарем истите не те поучуваат како не треба да ти тече животот? Дека не треба да дозволиш близок да те омаловажува? Дека штом тоа го прави, не те почитува? Кога не те почитува, не му е гајле за тебе? Дека таква личност покрај тебе до крајот на животот не треба да имаш?

    Стегни се психички. Што и да се случи, ти треба да си потпора на самата себе. Не се погазувај, и не дозволувај некој друг да те погазува.
    Ако ништо друго, заради тоа да бидеш пример на син ти. Зарем сакаш и тој да поприми од прадоксот во кој расте?

    Време има, ама времето минува. Не го губи џабе, затоа што навистина си млада и имаш потенцијал за ново многу подобро поглавје.
     
    На Milobebence, Harper, AlchinovaR1979 и 13 други им се допаѓа ова.