1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој/таа одбегнува секс?!

Дискусија во 'Секс' започната од Leika, 8 мај 2012.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    @Fallen.Angel
    Би се согласила со Сноу и се тоа што напишала над мене.
    Би додала само дека ако имаш можност да излезеш со некоја другарка или блиска излези. Многу добра дистракција е и нема да мислиш на него. Не е ништо страшно. Подобро излези од таа токсична средина додека е време, не е ништо срамно, озбилно. Секој крај на било која врска е тежок дури некогаш и ни се чини неиздржлив. Но, верувај ќе помине се само што побрзо излези од таа средина. Не ти треба таков маж. Не е само сексот според ова што читам, ова е поголем проблем, а сексот е само дел од тој проблем. Не е работата тој да оди со некоја друга, а ти и бебето дома да го чекате додека он се забавува. Не се погазувај до толку.
    Биди си сама себе и бебето во прв план. Него избриши го.
     
    На Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Ти пишува девојка која горе доле била третирана исто од родител само што порано не сфаќав дека се работи за садистичко понашање, за кое да бидам искрена не постои лек. Со годините не се менува само опаѓа зашто личноста што те малтретира нема сила ни самата да го прави тоа повеќе.
    Не е ни чудо што си одбрала маж што така те третира.

    Најважното е пред твоите очи - твоето дете. За сите деца мајката е совршена, дебела, слаба, со крив нос, со прав, со секаков, за детето секогаш мајката е совршенство. И ако од таму не ти дојде силата да бидеш лавица знаејќи дека ти каква што си во нечии очи - во очите на твоите дете си совршена таква каква што си, онда стварно не знам. Ја би гризала да бидам искрена. Немам дете, ама знам дека маме ќе е*авам за него.
     
    Последна измена: 5 јануари 2021
    На Milobebence, thelittle17, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Полека се враќа самодовербата, преку постигнување лични успеси.
    Е сега, тебе џабе ти е секој личен успех... сите положени испити, сите килограми што си ги намалила, сите непроспиени ноќи за да израснеш здраво и среќно дете... кога имаш некој покрај тебе, кој прави се' за да не веруваш во себе.

    Мажот ти е насилник.
    Ова што ти го прави е психичко насилство.
    Тој ти ја урива самодовербата, исто како што мајка ти што ти ја уривала претходно.

    Да ти кажам нешто: имам скоро 130кг, со средно сум, не ни се запишав на факултет, никогаш не сум бркала некаква кариера, не сум најдобрата мајка на светот, ама некој да ми речи дека не чинам за нешто, глата ќе му ја скинам!
    И тоа го научив од бившиот... го отепав од спомнување чоеко, не престана да ика.|(
    Тој беше како маж ти. За се' ме омаловажуваше, за се' ме потценуваше...
    Знаеш кога ми стана поарно? Кога почнав да се оддалечувам од него.
    Физички и емотивно.
    Седни и напиши се' што ти кажал маж ти, се' што ти направил, се' што ти забранил, се' што ти врескал, се' што те навредил.
    Како листа. И читај. Ќе ти помогне да видиш дека не си ти проблемот.

    Ако не можеш сега да се разведеш, ако немаш услови, или храброст... отсакај го.
    Значи целосно престани да се занимаваш со него. Научи се да не ти е гајле што мисли и што ќе каже.
    Не се бори за него повеќе. Ич!
    Посвети се на себе и на детето.
    На факултетот, на твоите потреби, на твоите желби, и не му дозволувај да те запира во тоа што си наумила.
    Ако сакаш да шеташ-шетај, ако сакаш да одиш некаде-оди, ако сакаш денес цел ден само да си играш со малото-играј си, ако сакаш денес цел ден филмови да гледаш-гледај, ако сакаш да си направиш нова фризура-направи си.
    И нека не те одвлече од желбата стравот од неговата реакција. Тој секако се дери и вреѓа.
    Посвети се на ЈАС.

    Ти си битна во приказнава.
    Само ти, и никој друг!
     
    На Milobebence, 1209, Snowflake97 и 36 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Се сложувам со ова Вајлд што го напишала, принт скрин направи и прочитај го 100 пати ако треба.
    Ти треба слобода, не си осудена на затвор ти. Па и тие што се осудени мислам повеќе слобода имаат од тебе. Прочитав некаде не ти дозволувал на психолог да отидеш, разочаран бил . Фак хим. Оди ако ти треба поддршка за да си средиш мисли и да ти даде ментални алатки да излезеш од кругот на самосожалување. И слаба да си , пак ке ти најде нешто да ти замерува маж ти, не се секирај. За таквите никогаш не си доволно добар. Баш онака- одјеби го во својот мозок, колку и одвратно да звучи ова. Спаси се од токсична средина, на начин што ќе работиш на себе. Не знаеш за 5 години или 3 или 7 што ќе се случи. Битно е да си во добра психичка состојба и спремна ако не се смени ситуацијата, да можеш да си заминеш во иднина.
     
    На Milobebence, Snowflake97, IRBBB и 17 други им се допаѓа ова.
  5. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Ако за почетна точка ја сметаш самодовербата тогаш гуглај цело време за самодоверба. Јас така правев на времето кога немав самодоверба. Најмногу ми помогна еден совет, 'да глумам дека имам самодоверба' и со тек на време ќе се соживеам со таа улога и ќе имам се повеќе самодоверба. На фемина прва тема што имам почнато да ја читам е Самодоверба.
    Мн е важно сега ти со детето да не бидеш како мајка ти со тебе за детето да прерасне во самоуверена и стабилна личност.
    Самодовербата е во главата. И на форумов има "грди" и "дебели" и "грди и дебели" кои зрачат со самодоверба и газат се пред себе, а има и "убави и слаби" кои немаат ни грам самодоверба. За мене лично не постојат такви зборови, јас никогаш немам забележано убави, грди, слаби, дебели. Заклучоциве се од некои членови кои сами се опишале на форумов.
    Самодовербата сама ја креираш, создаваш. Абе колку и да си дебела, креваш глава највисоко што можеш се додека врат не те заболи и чекориш гордо по улица. Па ти вредиш многу повеќе од маж ти, а ти немаш самодоверба. Избегнувај особи што луѓето ги делат на слаби и дебели.
    И на Кафе пауза има текстови за самодовербата.
    Навечер можеш да се исплачеш и да си легнеш на мокра перница ама утрото зрачиш со САМОДОВЕРБА.
     
    На Milobebence, IRBBB, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.865
    Ај најди ја каде е таа тема8-|
     
    На Fallen.Angel и ☆P!nselsp!tze☆ им се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    На Fallen.Angel и ☆P!nselsp!tze☆ им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.951
    Пол:
    Женски
    Луѓе да се разбереме нешто. Нема убав и грд човек. Има луѓе што ти се атрактивни и луѓе што не ти се атрактивни. За некој критериум за убавина е плочки на стомак и бразилски газ, за мене е убава насмевка, шарм и харизма. Ми се пуштале дечки што изгледаат како од модно списание излезени, six pack, све тоа, џабе кога не ми биле привлечни. Сега сум со човек кој ме освои со насмевка, со харизма, едноставно карактерот и односот спрема мене ми ја диктираа таа атракција, а не дали ги задоволува или не некои критериуми за убавина. Мене ми е најубавата личност на цел свет. И да, варираме двајцата во тежина, некогаш се чувствуваш поубаво, некогаш не, ама во мои очи апсолутно никаква улога немаат килажата, телото и облеката. Јас гарантирам дека fallen е убава девојка, едноставно ваков мил човек, caring не може да е неубав. И сакам да си стави во глава дека има луѓе што во дел од секунда би посакувале да се со неа, а не да и бројат стрии или да ја тераат да се настега во алишта во кои нема да и е комотно.

    Штета што во 2021 година уште на некои 30 годишни мажи најбитно им е да покажат каква жена вртат или не знам, да им е битно дали имаат или немаат стрии. Па стриите се најнормално нешто, во музика пола од девојките гордо си ги покажуваат, веќе и во песни луѓево пеат да се врати стариот и поприроден изглед. И не ми е верно дека пишувам олкав пасус за тоа колку не е битен физички изглед, колку други проблеми имаат тие како брачен пар да решаваат.

    На 21 година нормално е да сакаш да имаш односи и јас сум сакала и сите што пишуваме во темава сме сакале, секој човек има желба за здрав сексуален живот. Сфаќам зошто тоа ја боли @Fallen.Angel, ама и за тоа има решение, да се најде човек што едвај ќе чека да те има, а не ти да правиш пируети и стенд ап за тој да те примети.

    Мораш картите на маса да ги извадиш за да знаеш дали ќе биде вашето или не. Еве ти си спрема да поработиш на вашиот брак, ама не смее и не мора да биде тоа еднострано. Или нека се потруди малку околу детето, околу сопругата и околу бракот, или нека те остави рајат да си живееш и да најдеш човек кој нема да се плаши да е сопруг. Потребна ти е промена, дали со него или без него, ама максимално ти е потребна. Вака ако продолжиш само ќе си накалемиш некоја болест и никогаш нема да си среќна.

    Не е ниту срамно, ниту страшно ако страста изгаснала, ако веќе го немате тоа што сте го имале. Подобро е да си продолжите по свој пат, отворени кон нови нешта отоколку да остарите и овенете несреќни, ден за ден. Јас навистина се најдобро ти посакувам и сум ти кажала, кога и да ти се збори, јас сум тука. Мој број имаш.
     
    На Cecko85, Milobebence, 1209 и 33 други им се допаѓа ова.
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    @Fallen.Angel мислам дека твојата грешка е што се потценуваш и му се покоруваш на мт,му даваш до знаење дека го сакаш,дека не можеш без него,дека се ќе направиш за него и он сега манипулира со тебе.
    Знам дека уште пред свадбата се жалеше, и тоа беше првиот знак дека треба да подразмислиш дали да се мажиш или не. Притисоци имаше од сите страни,па да доаѓале по тебе.....
    Он сега гледа дека ти трчаш по него и си го билда егото,а тебе ти уништува самодоверба. Одјеби го.
    Не му угодувај,прави се незаинтересирана,не му збори,нека види дека можеш и без него и дека не ти значи,макар и да глумиш. Или ќе се вразуми и ќе почне он да се труди околу тебе или едноставно ќе видите и двајцата дека не оди,и ќе се разведете.
    За забрана да излегуваш,зошто му се покоруваш? Па он нели оди на кафе секој ден,нема ли да фати корона? Како он излегува така и ти. Оди со детето,ама нему не му е за корона,него му е да не мрдаш од дома и да останеш слугинка и угнетувана од сите,уште толку да те срозне.
    Пробај да бидеш ти ладната,ако и така не бива,разговарај со татко ти,ако може да ти помогне некако.
    Стварно толку млада,живот е пред тебе,да се јадеш секој ден за мт и цела негова фамилија,не вреди.
    А да те сака,не би се однесувал така со тебе,не би те понижувал и навредувал,ниту би ги ставал неговите или било кој друг пред тебе.
    Пробај со игнорирање или да си одиш одма,друго решение не гледам.
     
    На Milobebence, bicycle, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    @FallenAngell ,не треба да трпиш такво однесување млада си и со дете и живот пред тебе .имав токсична врска и отпосле сфатив дека сум била глупава да трпам толку за некој не ме вреднувал .еднаш ми се пушташе друг дечко и примети дека јас немам самодоверба ,ми рече зарем ти не се сакаш себеси ?е до таму бев стигнала и си научив лекција да си сама за себе оти има разни стереотипи и мерила но единствено е важно ние себе како ќе се вреднуваме и другите така ќе не ценат.твојот сопруг не покажува кон тебе почит и според мене е се изгубено во тој однос ,научи да се цениш и замини од таму каде не ти е добро никој не е незаменлив.а за сексот еве мое искуство џабе јас се мачев со тој дечко психички и физички и неговите не ме сакаа и заминав од таму засекогаш.
     
    На Milobebence, FallenAngell, Kaja991 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.365
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Немој во ниту еден случај да се потценуваш себе си.
    Ти вредиш многу повеќе од него и неговата фамилија.
    Престани да се мачиш и земи ги конечно работите во свои раце затоа што мораш, поради малото и поради себе.
    Вака неправејќи ништо само губиш време.
    Па и да имаш вишок килограми чудо големо, има и за тоа решение, ако си несредена и запустена, ќе засукаш ракави и ќе поработиш на тој план.
    Не поради него за да му се допаднеш и да го молиш за секс, туку највеќе поради себе.
    Сфати дека само ти и малото треба да ти се на листата на приоритети.
    Само вие двајца сте битни во моментот, никој друг.
    Ако има потреба, стави го на пауза факултетот, потруди се сама да застанеш на нозе, знам дека можеш, побарај помош од луѓето за кои што зборуваш дека ти се блиски, ако ти понудат помош, супер, збирај партали и замини, па нема да си прва ако се разведеш, нема ни да си последна.
    Престани да почитуваш правила и да се покоруваш само за да им угодиш на сите.
    Колку и да си добра, колку и да им ќутиш и колку и да им одиш по ќеиф, запамети дека на луѓето никогаш нема да им погодеш, секогаш ќе најдат начин за да бараат игла во сено.
    Прашуваш од каде да почнеш, како да го направиш тоа.
    Почни од било каде, некогаш и најмалиот чекор е многу важен чекор наместо да чекаш од небо да паднат решенија и да се средат работите.
    Тој човек, жалам, ама не е за тебе, малото не заслужува да расте во таква средина.
    Овозможи му да има убаво детство, а не детство полно со трауми.
    Вака само си правиш полошо, тонеш во депресија, а така не си помагаш себе.

    Другарка ми со малечко прва прилика замина од дома поради сличен третман од нејзиниот поранешен маж и неговите.
    Како така, се снајде и со работа и се.
    И беше тешко на почеток, не велам дека е лесен секој ваков почеток но потоа работите ќе си течат како подмачкани, само ако решиш да се спротиставиш.

    Се надевам наскоро ќе се средиш, со среќа.
     
    На Milobebence, thelittle17, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. snowflake.xoxo

    snowflake.xoxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Обично ретко коментирам по форуми, сосема случајно ја отворив темава и веќе пола ден заглавив читајќи. И не ми се верува во колку слична ситуација сме биле, само што јас не останав трудна и го баталив типот после дооолги 5 години измачување.

    @Fallen.Angel, девојче, не те знам, али прво нешто што ми падна на памет после прочитаново е дека сакам да те гушнам и да ти кажам дека не е се толку црно како што сигурно ти изгледа во моментов.

    Премногу си млада за да дозволиш некој да ти го диктира животот како ќе му текне на него, а притоа да не сака да биде дел од истиот. Сигурна сум дека да биле сменети улогите и да бил тој на твое место, немало да го трпи тоа однесување. Не те обвинувам воопшто што го дозволуваш тоа, сум го дозволувала и јас, и многу време ми требаше да сфатам дека на некои луѓе џабе е да им ја дадеш и целата љубов на светот, ако не сакаат да ја прифатат. По себе знам колку добронамерни совети сум одбивала, знам дека е тешко кога самодовербата ти е на ниско ниво, поготово поради ситуацијата во која си израснала, но, тоа во никој случај не те дефинира тебе како личност. Верувам дека кога си стапила во брак си очекувала да биде исполнет со љубов, грижа и разбирање, но верувај тоа нема да го добиеш од толку површна личност на која и е битен само твојот изглед.

    Мене лично носето ми е поголемко, сум добивала многу погрдни коментари од дотичниот што го спомнав погоре и започнав да се мразам поради тоа. Од тие 5 години поголемиот дел ми помина во непреспиени ноќи поминати со липање, се додека не се запрашав себеси дали тоа што не сум совршена значи дека не заслужувам да бидам сакана и почитувана? На крајот од денот, никој од нас не е совршен, изгледот не детерминира дали си добра личност или не, не е битно дали имаш 50 или 150 килограми итн. да не набројувам, ја сфаќаш поентата. Битно е личноста со која го поминуваш целиот живот да те сака таква каква што си, а потоа да најдеш партнер кој ќе те сака на истиот тој начин.

    Сепак, телото е само школка која ни е дадена не по свој избор, но ние го градиме нашиот карактер, и тоа е она што го избираме. Секој од нас има нешто што би сменил во физичкиот изглед, но тоа не значи дека не заслужуваме да бидеме сакани поради тоа. Не дозволувај ни ти, ни бебчето да ти живее во толку површна средина во која физичкиот изглед е побитен од карактерот, знаеш по себе колку е тоа токсично и ништо добро нема да произлезе од тоа.

    Во однос на сексот, немој ради еден колбас да трпиш цела свиња. :!:

    И за крај ѕирни го видеово, мислам дека ќе ти помогне при одлуката.


    Поздрав, ако треба нешто можеш да ми се обратиш во секој момент, тука сум.
     
    На thelittle17, 1209, LoneWolfGuy и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.519
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel те памтам кога кажуваше колку те форсирале за свадбата и адетите а мајка ти мислам тазе почината...небитно,уште тогаш си помислив,тешко девојчето,абе очи ќе им ископам и не им терам ќеф,премногу црвени знаменца од тогаш.
    Што чувствуваш ти кон него? Го сакаш? Ако да,нз како после се ова,се мачиш многу,не си свесна колку ќе си среќна без него,еден е животот,преземи нешто,сега имате бебе,тоа ќе порасне,ќе почне да разбира,во каква средина ќе го воспитувате? Жртва ќе ти е и детето,трауми ќе си има,извини ама јас не мислам дека нешто би се сменило на подобро понатака. Убаво ти пишаа погоре,убавината е многу повеќе од физичкиот изглед,животот може да биде многу убав надвор од тоа дувло во кое што си сега.
     
    На thelittle17, IRBBB, LoneWolfGuy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    @Fallen.Angel ова што ти го прави тој патетичен изговор од маж, е типичен gaslighting (има многу добри објаснувања за оваа појава, на интернет. Ако прочиташ, многу нешта ќе ти станат јасни и ќе си го препознаеш маж ти). Факт е дека он е: манипулатор, нарцисоиден и токсичен. Настрана тоа што е крајно недозреан за брак, неспособен да биде било каква потпора (и од аспект на партнер, и од аспект на татко) и што (за жал, или за твоја среќа), не те сака. Млада си, бегај од овој брак што поскоро. Никогаш нема да му бидеш доволно добра. Ни ти, ни вашето дете. И двајцата ќе бидете ставани во ситуација да му се докажувате цел живот...
    Може не знаеш за подобро, можеби си во заблуда дека овој однос е нормален и дека си во колку толку нормален брак, но верувај ми, кога ќе наидеш на вистинскиот човек за тебе, ќе видиш колку не си била во право. Не запаѓај у некој твој индивидуален Стокхолм синдром, и престани да гаиш чувства за сопствениот “џелат” што те држи ко заложник. Он се храни од твојата несигурност и зависност. Сака да си живее свој живот, со максимална слобода од секаков вид, а ти да бидеш секогаш на располагање и никогаш да не се осмелиш да приговориш. Знае дека ако работиш на себе и ако сконташ дека вредиш, он ќе ја изгуби контролата. Бегај од овде! Веднаш!
     
    На thelittle17, IRBBB, Bella_Stella и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Да не ве цитирам. Се прочитав. Не сакам да добиете впечаток дека не прифаќам совети. Едноставно кажано јас таква сум како личност, ми треба долго време да сфатам нешто и додека не ги заработам сите удари и не изодам до крај не се откажувам. И претходно претрпев многу. Секогаш одам до крај за кога ќе дојде време да се пресече да немам за што да жалам. Ако пресечам пред време се мислам потоа и се јадам што би било ако оставев повеќе простор и време.

    Ете синоќа се беше како што треба, малиот заспа, натемпирав да се туширам откако ќе заспие, планирав да седам во бањарка и да го провоцирам. Се истуширав и само што седнав видов дека глуми дека му се спие. Седнав да читам тука се одново и сфатив дека само губам време и дека џабе ќе седам полугола кога на крај пак ќе треба да си легнам нервозна и рано да станам сабајле. Па си реков ај да не си губам џабе времето дај барем да поспијам секако ништо ќе нема. Господинот што ме избегнува и глуми поспан спиеше до 17 часот, а јас од 6 станата, и пак во 6 ќе треба да станам. Не вреди да седам и да чекам за џабе. Се облеков во пижами и легнав, малиот заплака и он одма истрча. Ладно ладно го прашав зошто стана, демек му се спиеше нели. Се осети нападнато и одма се налути. Го земав малиот и не се трудев да го заспивам туку си го гушнав до мене. ММ ми вика да не сум го учела така ќе било проблем потоа да спие сам во креветче. Му вратив дека нема тоа да се случи во скоро време и дека не е негов проблем каде и како спиеме јас и бебето кога тој секако сам си ужива во спална. Ми се насмеа на тоа и ми рече : " е да далеку е тоа, има време додека да порасне."
    Се стуткав со бебето на гарнитурата и он иде да го бакне за добра ноќ, па ај и мене, неколку пати го бакна бебето, па неколку пати мене и чека, кога не го бакнав се наведна уште еднаш го бакна бебето и си отиде да гледа ТВ, па некои други негови ритуали и не знам што потоа, пиев хелекс и брзо сум заспала.
     
    Последна измена: 8 јануари 2021
    На Cecko85 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  16. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    11.972
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Никогаш немој да дозволуваш заради личност која не вреди, да се понижуваш. Не ја знам ситуацијата од самиот почеток, но доволно прочитав. Имаш 21 година и живот пред тебе. Имаш детенце кое заслужува да живее во среќна средина исполнета со љубов. Вака од страна е многу полесно да се кажува ама од срце ти посакувам да собериш сила и да излезиш од тој нефункционален брак. Семејството сте ти, детето и мажот, вие самите треба да градите иднина, а не да ви пречат неговите родители. Иако има 30 год тој ништо нема научено за тие години. Незрела личност која нема ни амбиција да направи нешто во својот живот. Мораш да се смириш не ти треба хелекс на 21 година. Размисли убаво, побарај помош замини од таа средина. Никој нема право да суди спрема физичкиот изглед, поготово кај тебе што имаш и дете родено. Тој што те сака и почитува ќе те сака и со 20кг плус или минус, и со стрии и без нив. На 30 години си површен ако физичкиот изглед ти е пресуден, неизживееан си. Немој да се потчинуваш имај си свој стаф и цврсто држи се кон него. И за ум понатаму во животот без разлика колку ја сакаш и почитуваш личноста ако таа не дава за возврат ништо не се труди да ја промениш, нема да можиш. Се надевам дека иднината ти носи среќа која што ја заслужуваш и личност на која ќе му бидеш се. Тука сум во секој момент за тебе
    Имаше едно што пред некое време го прочитав на нет : За некој можеш да направиш еден куп изненадувања и пак да не си му доволен, а на некој му е доволно само да му се насмевниш
     
    Последна измена: 8 јануари 2021
    На Cecko85, eliesaab, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lazy - Daisy

    Lazy - Daisy Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    16
    Не дека одбегнува секс, но желбата за секс му е значително намалена. Во последно време, јас сум таа која иницира секс, а тој се почесто и почесто е "уморен" или "му се спие".
    Сфаќам дека овој период е стварно уморен (имаше и некои здравствени проблеми, за среќа ништо сериозно не испадна) и дека јас сум таа што има поголем sex drive, меѓутоа ситуацијава почна да ме иритира!
    Сексот ни се сведе на максимум 2 пати неделно последниве месец-два.
    Период ли е? И дали е ова честа појава во бракот?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Период е. Појава во бракот (ретка или честа).
     
    На Lazy - Daisy и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Се случува.
    Либидото не ни е секогаш исто.
     
    На hermosa и Lazy - Daisy им се допаѓа ова.
  20. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски

    Ова е многу честа појава во бракот. Без разлика дали кај мажот или жената,знае да се случи да се има намалено либидо. Самата "ситуација" во која се наоѓаме не само ние, туку цел свет моментално, не соборува психички. Плус умор, физички активности, др.проблеми.. Нормално е. Немој да се секираш. :)
     
    На Lazy - Daisy и KatrinaP им се допаѓа ова.