Не верувам да сум асексуална затоа што и сама некогаш дома имам потреба и самата се задоволувам со триење и си свршувам.
Имав дечко пред него, одевме 1 година ама беше врска на далечина, имавме пробувано ама не беше како со овој затоа што ништо не напрајвме тогаш само останавме на пробуваното бидејќи јас и тогаш се плашев и мислев дека не ме привлекува тој и затоа ставив крај на врската, но истото е и со овој неможам доволно да се опуштам и да уживам. Затоа и се плашам за мојата сексуална ориентација.
Одите 6 месеци и му немаш дадено? Или не те привлекува сексуално или да пробаш со друг. Треба да бараш човек што и ќе те сака и ќе те задоволи . Па и ти стисни заби и издржи не се плаши не е болка за умирање
Не е проблемот само болката туку и ко ке дојди допир со тоа ко ќе треба да влегува во мене ми е гадно.
Незнам стварно, а убаво ми е со него, се другото ми е погодено, никогаш не ми е досадно, ме сака премногу, ако е тоа дека не ме привлекува то значи дека ни претходниот не ме привлекувал, а можно е и машки воопшто да не ме привлекуваат, и од тоа ми е најмногу страв.
До кога ќе се замарате со годините ми се, подобро е за тебе да почекаш ... не е до годините туку до тоа да си спремна и љубопитна за да можеш навистина да го доживееш тоа што треба. Не се замарај со глупости. Полека, Рим не е изграден за еден ден, така и довербата не се стекнува наеднаш и ајде, секс ... Кога твојот мозок ќе се опушти ќе видиш не си обратна што задник те привлекува хаххаха пушти го да те истражува очигледно не брза и не сака да те повреди, тоа се цени.
Во живо некоја девојка да ме привлекувало не ме привлекува. Ама кога сум свршувала сама сум пуштала понекогаш видеа со девојки кои меѓусебно извршуваат сексуални работи. Незнам стварно како да си го решам овој проблем. Сепак е проблем...
Од тоа колку јас што знам лезбејка не се станува хахахха не се секирај ххахаха Вака, јас сум сега и мајка и се нормално си тече ... јас до 24год. дечки шетав строго само за рака се додека не тргнав со маж ми. За сите јас го имав истиот проблем како и ти, јас до ден денес го имам истиот проблем, по сите параметри човекот да е совршен за мене јас не можам, утепај ме не можам. Тука игра голем удел и доверба и хемија. Пушти мозок, со тој што е за тебе ќе немаш проблем. Тешко е на почеток, ама со доверба и љубов и хемја мора да има и ќе си биде се. Не се замарај со глупости, уживај!!!
Ама работата е што можеби одсекогаш сум била ама не било до израз а сега од ко почнав со дечко тогаш испаѓа дека не ме привлекува толку многу сексуално, а можеби е и до стравот од болката и тоа што ми е гадно...
Ако ти е гадно, не е тој вистинскиот или ти премногу се плашиш. Не брзај, што имаат врска годините. Таман ти се
Непознато ти е тоа е се ... а да не зборам дека ти е страв од последиците веројатно ... искрено ти кажувам, јас не сум дете и се познавам себе си добро, јас не можам и тоа мене не ми е прв пат па, ете страв ми е и што ја знам, дете имам ама не можам. Разбери, не се сите така лесно водени од нагоните, некои од нас ги контролираат и моментот кога е потребно да се опуштиш барам повеќе исполнети аспекти. Ништо не ти е, само многу потешко ќе се склопуваш со партнер и ќе ти треба мн повеќе љубов и доверба за да бидеш со него.
Ќе биде и тоа ама со тој што по некои малку поразлични правила од оние што важат за другите е за тебе. Не се секирај, има нешто малку чудно кај вакбиот тип луѓе изгледа, јас не можам и не е убаво ако не чувствувам љубов од др страна или има нешто едноставно што не можам да го објаснам, а посилно е од мојот мозок и воља. Јас сум таква и тоа е тоа, пробав да се сменам не може. Затоа ме зезаат со говорна маана сум, стално вкам НЕ, и сметаа дек амолење ми требало, не е така ама не можеш да докажеш.
Дајбоже да бидни веќе еднаш како што треба па после да немам вакви проблеми и да не се секирам. Фала на искрените совети.
А не се надевај дека тоа ќе се смени ако си таква како мене, тоа е тоа, само да ти се погоди некој и да ви е добро заедно ... ќе биде де, хаххаха како си се исплашила, а ваму не му даваш на човекот да мрдне. Е, ако не го пушташ како ќе се смени тоа. Нека заслужи и момчето и ти Ќе ве биде, релакс.