Манкир.мк нарачува од алиекспрес Подобро оди до александар козметик нај зебра се наоѓа и купи си гел лак од галакси
https://www.instagram.com/galaxyprofessional_macedonia?igsh=MXBjeWUwdnRsY3BmbA== Пишете им на инста ќе ви одговорат. Јас не живеам во македонија веќе не знам која им е најновата цена ама имаат премногу избор на бои
Дома кога ги правите исто ли ги стругате, плочката на ноктот? Јас до сега не сум ставала и не знам како оди постапката. Знам дека од стругање многу се тенчат или дома не треба стругање.
Ги правам ноктите дома, но за многу брзо време за 3 -4 дена и почнат да ми се лупат. Дали можеби е проблем што доволно не ги турпам, за да не ги оштетат многу? Иначе база, гел лак и после топ коат на крај.
Здраво на сите Ги разгледував понудиве на Ревуар... Сакам да си купам некои основни работи за дома сама да пробам да си правам нокти со гел лак... Ако може некоја што повеќе се разбира да ми каже дали се океј пакетиве? Во однос на цена, јачината на ламбата и дали сѐ тоа ми треба за во домашни услови или пак поединечно да си купам ако не се потребни толку парчиња?
Да пишам тука, можда вие знаете. Денес у дм видов гел за нокти. Знам дека технички не се користи без ув ламба, но дали ако го остаам доволно долго да се осуши, ќе го биде? Или па на сонце? И сакам да ве прашам каде може да се набави ув ламба? И по која цена?
Нема да го биде, мора ув ламба. Прашај во козметичкиве салони, или види во Александар кизметикс, или Клариса.
На зелено пазарче има продавничка, не тезга, со се опрема за нокти што ти треба. Имаш избор на ламби од 500 ден па нагоре. Онлајн има една страна фризерска опрема и таму можеш да нарачаш има ламби.
Девојки има ли низ некоја продавница електрична турпија, таква машинка? Ми се расипа не се уклучува, а не ми се чека за нарачка
@koritsaki да не ги проба Малена гел лаковите? Или некоја друга, ако купила да ги тестира нека каже. Им се мислам ама никако да дојдат на ред. Од Ревуар некако не бев задоволна, ќе видам можеби ќе им дадам пак шанса некогаш.
Здраво, ќе може ли некој со искуство да ми каже која јачина на ламба (ув/лед) е најдобро да ја купам за гел лак. Ви благодарам
@Mishela Бев во Дива парфимерија во ГТЦ , ги видов и Малена лаковите , се мислев од кои да земам ама ме предомисли продавачката, дека не ги земаат толку колку другиве на Ревуар. И дека веќе имам користено на Ревуар, земав пак од нив. Нареден пат кога ќе дојдам во Мк ќе земам 2 нијанси да испробам. Ти ако ги пробаш, баш пиши какви се. 100 ден се поевтини од Ревуар, не мора да значи дека не чинат.