Ја не повикана да се убацам. Ги немам пробано од малена ама ги пробав до голден роуз гел лаковите и топ се. Добро пигментирани и убаво се нанесуваат
Јас ги гледав во ДМ, ама сè некако таман да земам на каса, раката назад ми се враќа. Чекав некоја да пише искуство да не се зезнам да ми стои така по фиоки, ама па и не дека се нешто скапи. Ќе почекам да ми стигне новата УВ лампа, па ќе земам еден за проба. @MorskaSirena и тие на Голден Роуз ги гледав, супер штом се добри, имаат фини нијанси.
За дома да си правам гел лак што ми е потребно да се опремам? Ламба, турпија, дехидратор, прајмер, база, боја и топ само? Во последно време и кај жената што ги правам не ми трааат долго, на 3 исти прста цело време ми се дели гелот од ноктот, па сакам да си пробам дома да си ги правам.
Прашање. Дали ако земам голден роуз прајмер или некоја друга фирма ќе биди океј со Ревуар база,лак и топ? Затоа што алергија ми направи прајмерот на Ревуар, а другите работи ми се океј, па не сакам да давам пари за нови. Што мислите?
Може да немаш проблем, треба да пробаш. Јас имам прајмер , база и топ на Ревуар, а останатото ми е Еликсир
Јас ги користам тие, ги имам Milkey white, cover pink i pink. Првите два се убави, некогаш и ги комбинирам, еден слој од cover pink, па milkey и се добива баш френч. Третиот има помалку пигмент, а бојата е убава. Мене ми траат околу две недели и почнуваат после да се креваат на некои места.
Јас го имам овој од ревуар во шишенце и топ ми е. Некогаш го користам само тенок слој пред гел лак а некогаш и за наливање го користам
@Mishela каде ги Постов е стар но барам долго време во ДМ гел лак и никако да најдам, сем тие на macarons ,што се скапи, ако може да пишеш каде отприлика се ставени во делот за нокти или? И во кој ДМ? Благодарам
Пред касите стојат Малена гел лаковите. Во тие металните полици што се вртат и има бонбони, мастики, нешто ситно. Обично наредени се таму кај што им стојат другите Малена лакови, кармини и моливчиња. Пиши дали ќе се снајдеш.
Стојат кај турпиите, грицкалките, трепките, вештачките нокти, сè што е додатоци, најнакрај после сите марки. Имам заприметено во повеќе продавници нивни гел лакови, би требало во сите да ги држат. Но најдобро прашај некој вработен дали имаат гел лакови какви што бараш. Марка не заприметив, така да не знам да ти кажам дали се горенаведените, но цена им е 800 и нешто, ако ти е од помош. Инаку уште ништо немам пробано од гел лакови. Едно време само со лак се мачкав, ама сега веќе ни тоа.
Здраво, во план сум да порачам ув лампа и стружалка од тему, исто така од ревуар онлајн ќе порачам пример, база и топ, што друго ми е потрено за да можам дома да си ги средам ноктите сама? Во прилог пуштам слики од лампата и стружалката...
. Јас ова би ти го препорачала, стружалка и колектор на прашина заедно , да не купуваш 100 работи, мојата е слична на оваа и сум многу задоволна И вакви филтерчиња порачај си од тему, кога работи апаратот за собирање прашина, ставаш од филтерот и прашината на него се собира и потоа го фрлаш за,да не ти навлегува во апаратот и да го чистиш потоа.