Што е тоа гел лак? Во козметички салон се става, или дома си се мачкате? И кај се купува? И што да речам: Ми треба гел-лак? Извинете... јас во пештера живеев до денес
Гел лак ти е нешто слично на гелот што го ставаат по козметичките салони но, помалку се оштетува ноктот. Инаку се става во било кој козметички салон и некаде цената му е половична од обичните гелови (400-600ден. барем јас за таа цена имам правено). Се надевам ти помогнав малку.
Има и во козметичките продавници. Постојат 2 вида: што се печат или не. Траат подолго од обичните лакови, имаат поголем сјај и се погусти.
Има и гел лакови што можеш да ги купиш и сама да си се лакираш дома. Јас сум ги пробала тие на Essence, мислам ги има во ДМ. Погусти се, и подолго траат од обичните. На козметичар не сум ставала, за тоа не би знаела да ти кажам Спојлер: Слика
Не знам која цена беа, одамна немам купено, се префрлив на дуото од Голден Роуз Инаку да, густи се, траат, и преубав сјај даваат на ноктите
Мислам дека беа како и останатите Есенс лакови, околу 180 денари. Јас сум позадоволна од Продиџи гел лаковите без печење на Голден Роуз. Феноменални се за таа цена. Ете криво ми е што не ми текна да си купам уште некоја боја дури им траеше попустот.
@Mishela @Luminary благодарам на споделеното искуство девојки. Само уште ова. Овие лакови стандард со ацетон се отстрануваат или треба турпија? Дали ноктите се поцврсти како со гел лак со печење или како со обичен лак?
Со обичен ацетон се вадат лесно, не се како оние што се печат со лампа. Ноктите не се толку дебели како со класичен гел, ама лакот трае многу подолго од обичните лакчиња. Кај мене може да тера до две недели без проблем, ама го вадам обично на недела или недела ипол затоа што ноктите многу брзо ми подникнуваат па грдо ми изгледа да ги носам така. Да сумирам, како обичен погуст лак се гел лаковите без печење, траат подолго и не изгледаат вештачки, не го прават ноктот дебел. Цврстина добиваат кога ќе се нанесе од топ коутот, а со Есенс некогаш немам потреба од топ коут зашто лакот си е во дебел концентриран слој и добива веднаш таков гел ефект.
Не е класичен гел лак како тој кој го користат во салоните, се вади лесно со најобичен ацетон, па не го оштетува ноктот. Јас секогаш ставам база пред лакирање, било каков безбоен лак за да се заштити основата на ноктот, зашто каков било лак за нокти да нанесеш без база може да го пожолти ноктот. Со база поубаво легнува самиот лак, може да се прескокне тој чекор но не е на одмет да се примени. Јас секогаш ставам база и уште еднаш поминувам над лакот за поубав сјај.
Не памтам точна цена ама да, од 220-240 некаде. Поскапи од 250 нема шанси да се, а кога ќе видиш, ептен се исплати. Еден лак околу 120 денари испаѓа.
@Mishela дали сите ги користиш? Или некој што користел да каже? Доволно е само лакот и top coat или мора и base за да се добие ефектот? Некој да препорача некој друг гелен лак од кој е задоволен? Prodigy на Голден ќе ги нема веќе, се трошат залихите.
Здраво девојки, сакам да ве прашам ако некоја од вас знае... Дома имам прибор за гел нокти, но ме интересира дали врз обичен лак може да ставиме top coat и да го испечеме во машинката? Некое вакво искуство...