Имам ставано во козметички салон, многу помалку се оштетуваат ноктите, не е траен и цврст како гелот, ноктите се потенки, ама сепак средени.
Од каде купувате гел лакови (од тие што се печат под ламба), можам од негде да нарачам онлајн а да не биде од Алиекспрес? Или дуќан, сеедно, кажувајте кои се добри.
Фала, нарачав неколку па ќе ги пробам следен пат кога ќе се лакирам. Во меѓувреме купив уште некои на Revuar. Фини бои имаат и они. Не испаднаа лоши како за прв пат, ај ќе се навикнам.
И јас купив на Ревуар да ги пробам и морам да кажам дека се супер. Далеку се подобри од тие од Manikir.mk а не се скапи 195 денари се. Исто и од Galaxy се многу добри, ги користам и нив супер се, само се поскапи 450 е еден. Супер алтернатива се овие од Ревуар.
Засега ги пробав само гел лаковите на Ревуар и Лидан. Вториве ми личат на некој италијански бред ама не сум проверила на нет што и како. Какви најдов, такви купив, не ми се мислеше нешто многу, само сакав лакови. Не ни имам многу, неколку бои што најчесто ги користам и крај. Супер се и едните и другите, дури можеби и овие на Ревуар подобри ќе испаднат зашто имајте предвид дека кога прв пат правев нокти, заборавив да ставам дехидратор и на ноктот си намачкав само база. Што значи, не ми ни беа правилно направени, а истераа цела недела без да мрднат. Бањање, коса миење, миење садови, чистење, готвење, не мрднаа. Но по недела дена еден се одлепи (и тоа затоа што се учукав во врата па пукна ноктот и се одлепи) и ги излупив сите по ред оти ми здосади бојата и сакав да го пробам другиов бренд. Кај Ревуар не ми се свиѓа баш формулата, многу е некако густ лакот. Дали дека прв пат се правев, па некако и непедантно ми испадна, не ми беше нешто баш и четката. Ама овие Лидан, ептен ми се погодија и мислам дека ќе се задржам на нив во иднина. Две недели терав без проблем, не мрдна лакот (овој пат нели, по пропис, со убаво турпирање и со слој дехидратор пред базата). Меѓутоа, многу ми подникнаа ноктите и почнаа да ми сметаат, па го тргнав лакот и вчера си направив нови. Инаку сигурна сум дека уште ќе тераа. И ептен раат со гелов, правиш и не се замараш на тема нокти во наредни недела-две. Сигурно би траеле и повеќе, ама јас цепидлачам кога ќе подникне ноктот и ќе почне да се приметува, па мислам дека шанси нема да терам со недели. Иста цена беа и Ревуар и Лидан, по 200 денари парче.
Од каде ги порачувате ламбата и лаковите, и која цена се? Ме интересира дали ноктот исто се оштетува како кога се нанесува кај професионални кои стават нокти? Или само се нанесува гел/лак без стругање?
Јас немам ставано надградба на нокти досега, ниту пак некогаш сум правела гелни нокти па не би знаела да кажам. А гел лакот е речиси ист како обичен лак, само што се пече под ламба некоја минута и потраен е. Сè ми е купено од дуќан за лакови на Зелен пазар. Лаковите отприлика 200 ден парче, а ламбата не се сеќавам колку беше, помалку од 1000 ден секако.
Само да ве известам дека на бит пазар гел лакот го земав по 100 ден парче, во покриениот дел кај што е пазарот за зеленчуци и овошје. Ако ви се мрда до таму
Ај ве молам да ми препорачате некој гел ама квалитетен и да трае до месец дена, а исто така ме интересира од каде ги набавувате боите на Ревуар?
Има дуќан на ревуар во Скопје, побарај на фб. Сум била и се има лампи,гел лакови со палети,основнигелови,типси,турпии. Можеш да набавиш во неколку дуќани, и имаш убави сетови на фб. Иначе ноктот се оштетува,омекнува без разлика дали е кај професионалец или правиш сам.Мора да се припреми ноктот за да стои материјалот.
Девојки си купив ламба ама не знам каков гел лак, прајмер и топ коат да земам. Да ми препорачате некои? Прв пат ќе си правам сама и изгубена сум.
Јас имам сет од Амазон ги порачав на фирмата Gellen, засега сум задоволна. Има различни бои и во нив исто има и base coat и top coat.