@irena.1 кажи ми дали е добар тој за симнување лакот, баш се мислев бива ли ги, ефективни ли се, ако да, да си земам и јас. Имам земано нешто слично, во бочица како ацетон, ама ништо не вадеше, па се откажав од такви навидум лесни скидачи. Инаку, такви погоре ко твоите имам и јас, добив некои рандом бои кога порачав сетов со лампа и ок ми се, а од али еве некои линкови што ги побарав во нарачките мои, овие сеуште се активни. Ѕирни некои, ама мислам од кој и да е линк да порачаш исти се сите, дали шипинг се разликува. US $0.76 1% Off | Mr Chem Gel Polish Set Manicure for Nails Semi Permanent Vernis top coat UV LED Gel Varnish Soak Off Nail Art Gel Nail Polish 4. https://a.aliexpress.com/_m0nTztl US $0.99 50% Off | ROSALIND Gel Polish Set Manicure for Nails Semi Permanent Vernis top coat UV LED Gel Varnish Soak Off Nail Art Gel Nail Polish https://a.aliexpress.com/_msaB3Th US $1.19 15% Off | MORDDA 10ml Gel Nail Polish Glitter For Manicure set nail art Semi platium UV LED Lamp Nail varnishes Base top coat Gel lacquer https://a.aliexpress.com/_mtj4KyP US $1.79 35% Off | Elite99 10ml Fast Air Dry Primer UV LED Gel Base Primer No Need Of UV/LED Lamp Soak Off Gel Nail Polish For Nail Art Design https://a.aliexpress.com/_mtvV5Wr
Можеби е до самиот нокт, @irena.1. Мене ништо од Revuar не ми одговара. А и некако не ми се свиѓа формулата кај овие лакови. Не се бендисавме ич и си купувам други во боја. И не ми се споредува трајноста на Revuar со Lidan на моиве нокти. Со Revuar одвај 4-5 дена ми издржуваат ноктите, со другиве буквално додека не се решам дека сакам да го тргнам гелот. Три недели издржав, после направив нови зашто едноставно не можев да го гледам повеќе израстокот. Сега нарачав некои од Алиекспрес, ќе видам какви се кога ќе ми стасаат. Овој top coat го имам и јас. Базата ми е мислам Lidan и ептен сум задоволна, следен пат ќе си земам и top coat.
До сега еднаш го користев и ок. Ама јас 3 слоеви од гел лакот. Значи ставаш, чекаш. Јас ставив уште еден пат и пак и чекаш. И гел лакот подраспука и туркав со тоа менталното. И се вадеше доста по лесно него без него. Нека ти потврди и некој друг што го користел, сепак јас само еднаш.
Од една парфимерија внатре во Зелено пазарче, мислам дека се викаше Bell. Од таму си купив сѐ за нокти, имаат сѐ и сешто.
Ќе ве молам поискусните да ми појасните: Вчера за прв пат правев нокти со гел лаковите од Ревуар. Е сега, ставив прајмер, па потоа базата, ја печев 4 мин и кога ја пипнав се лепеше па ја печев повторно и пак се лепеше. Дали така треба и да се продолжи со нанесување на гел лакот, дали треба да се пребрише со алкохол или не треба да се лепи воопшто? п.с. јас продолжив со нанесување на гел лак, потоа топ коатот и на крај ги пребришав со алкохол и се е супер. Дали грешам во некој чекор или се е ок?
Со неколку гелчиња кои ги имам има некаков проблем. Кога ќе ги испечам, буквално се лупат како да не се сушат, не знам како да објаснам. Онака како нерамнини се прават и кога ќе се гребне се вади цел нокт. Што може да е проблемот? Се по процедура си правам, турпијање, обезмастување, база...
Не, нормална дебелина како што си нанесувам и од останатите. Значи неколку вакви ми се имаат погодено и стварно не ми е јасно зошто така.
Кој гел-лак е добар за аматерско печење дома со ув/лед ? Да не се од али експрес. Од тука сакам да земам, не ми се чека.