И во Капитол има Како да ми издржи гел лаков повеќе од една недела без да се пододлепи? Мн ретко терам до две недели
Да знаете дека грчката марка на гел лакови Elixir ги донеле во Космо тинекс и имаат 20% попуст. Јас ги користев порано , одлични се
Земи си на Ревуар. Најевтино ќе те фати Дехидратор 200ден База 250 Гел 350 Топ коат 250 Лампа од бит пазар околу 700 И боите им се по 250 денари на Ревуар Имаш гелчиња во боја и по 100 денари, ама не се печат секпгаш убаво, јас од ревуар сум презадоволна
Ревуар имаш во ГТЦ, Сити мол мислам, јас ги имам и во населба во локална парфимерија. Имаш и на инстаграм нивна страна revuarmakeup можеш да ги видиш производите, а над 1000 денари имаш бесплатна достава. Лампа ќе најдеш да, јас купив пред некој ден.
Предлог свело розев/син/лила гел лак од Ревуар кој има интензивна боја? Имам купено 3 светло розеви и бојата се нанесува нерамномерно и мора 3 слоја да ставам и пак не сум задоволна. Или ако имате предлог за друг гел лак кој го има во продавница/парфимерија.
Дали ги има некој пробано новите сетови на Ле мини макарон? Доаѓаат во сет лакови и ув ламба. Ги има од неодамна во еликсир.
Искуство немам ама имам гледано кај србинките рецензии.Траат највеќе до недела,ама сите се жалат дека таа ламба е слаба и не суши добро.Мислам цената е висока за таа ламба и лак што баш нема да ти бркаат работа.
Според мене е непрактично и неисплатливо. Посебно ламбата ако чекаш нокт по нокт ќе изгубиш доста време.
Предлог за некој млечен и/или нежно розе baby pink гел лак од маникир.мк? И дали знаете OPI дали прима нарачки за гел лакови а да не се работи за козметичко студио?