1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Траење на работната недела

Дискусија во 'Правни совети' започната од themis43, 31 јули 2019.

  1. themis43

    themis43 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање во врска со двосменското работење во државните институции. Имено, од 1 септември 2017 владата воведе двосменско работење во повеќе државни институции, при што работниот ден беше намален за половина час, од 8 на 7.5 часа, и наложи работење во првата сабота во месецот. Читајќи го законот за работни односи наидов на диспозитив дека работната недела не смее да биде подолга од 40 часа. Во таа смисла, сакам да ве прашам дали е незаконски што секоја прва недела во месецот во неколку државни институции опфатени од одлуката на Влада се работи 45.5 часа, наместо пропишаните 40, и притоа пречекорувањето не се смета како прекувремена работа? Благодарам