Транспортер за бебе - дали е казниво ако го нема во кола

Дискусија во 'Бебе' започната од DanielaXyz, 23 септември 2013.

  1. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Здраво,

    [​IMG]

    Вака сега. Јас не возам, сопругот вози. Тоа значи дека за време на возење бебето ќе биде кај мене во раце, на задното седиште. Немаме потреба од транспортер. Дали сепак мораме да имаме транспортер во автомобилот? Дали е казниво со закон ако го нема?
     
    На nevesta и sofijanoka им се допаѓа ова.
  2. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    кај нас и во србија се уште не е сменет законот и нема казни за некористење на транспортер или седише во колата. меѓутоа доколку одите во други земји, грција, бугарија, хрватска, босна и да не набројувам казниво е доколку детето,бебето, не е безбедно.значи држење во раце не е безбедно за бебето.
     
  3. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    надвор од македонија може да биде казниво а во македонија ги нема тие закони.. ама по безбедно ти да си има седиште
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    22.061
    Пол:
    Женски
    темава веке постои !!

    Може во Мк уште не е донесен закон , ама секако дека е потребен транспортерот! Треба на прво место да ви е сигурноста на детето!
    Во раце колку би можела да го заштитиш ако нагло закочи колата , ке одлетате и ти и детето напред :^)
     
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Не знам за дали е сменет законот или не ама полицијата внимава на тоа.
    На една познаничка (имала транспортер на задно седиште) го држела бебето во раце па кога полиција ја застанале ја опоменале за тоа.
    Јас сум апсолутно за да се смени законот одма.
    Разбирам дека многу луѓе не можат да си дозволат да транспортер (и јас ќе немав ако не ми го позајмеа)
    ама се надевам дека барем ќе разберат луѓево дека бебе/дете (колку што знам јас со закон помало од 12г.) не треба да биде на предно седиште. :x
    Не разбирам зошто кога и вака и така си оддалечен од возачот за помалку од пола метар
     
  6. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Леле значи нормално е дека јас на бебето му мислам само најдобро, не паничете веднаш. И моите родители немале транспортер па еве ме мене жива и здрава мајка ќе станувам, фала му на Бога.

    Инаку бебето ако се вози во кола тоа ќе биде на максимум 2 километра растојание - еве и 5 нека се, од кај мене дома до гости или до болница. Нема да излагаме надвор од градот во блиска иднина, а не пак надвор од државата. За градски превоз мислам дека нема потреба од транспортер, бидејќи јас ќе седам на задното седиште со него. Ме направивте лоша мајка на уште неродено мајкуму стара.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    60.581
    Пол:
    Женски
    ^ Добро бе до кога со тоа моите родители немале транспортер па ете не живи и здрави!? :!:

    Немало ни толку автомобили како сега, немало ни воздушни перничиња кои спасиле безброј животи, ќе ги извадиш ако ги имаш од автомобилот за да бидеш иста како родителите?

    Кај мене без транспортер не можеш бебето да го изнесеш од болница, првиот пат ако те фати полиција без транспортер казната е околу $2500 а вториот пат ти го одземаат детето.

    Не се работи за добра или лоша мајка, се работи за безбедноста на бебето и дали е 2км или 200км нема разлика, сообраќајна несреќа може да се случи и на 2 метра од дома.

    Докажано е веќе дека е небезбедно бебето во рацете на мајката, зошто место џиџи/миџи не си инвестирате во транспортер/седиште???

    Еве што се случува при судир на два автомобили со 50км на час. :x

    http://www.youtube.com/watch?v=K6tsgzFvVI0
     
    На kjukli, CameliaMiller, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Не треба законот да се гледа туку сигурноста на детето. И да го нема во МК мора да се воведе, не за друго, туку кога не се подига свеста кај самите родители, барем да бидат приморани со закон да го прават тоа.
    Ако ти си жива и здрава, не е секој ден Бајрам да си знаеш. Многу е лошо да се прави споредба пред 20-30 години и сега!
    Тогаш сообраќајот не бил ист, ништо не било исто.
    Со раце никако неможеш да го заштитиш и на светов се се случува, така да ако имате средства земете си еден, а ако не позајмете од негде. Не треба да се штеди за безбедноста и здравјето на детето во никаков случај.
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    22.061
    Пол:
    Женски
    `Не сакав да кажам дека си добра или лоша мајка , на крај краева ти ја носиш одговорноста за твоето дете !

    плус денес можеш ако не си во можност да купиш нов , можеш да најдеш и транспортер на старо
    Кај нас овде ги продаваат за 15 евра ...па нагоре
    Или да се позајмиш од роднини/пријатели .
     
  10. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    "јас кога сум била бебе моите не го правеле тоа"
    “Кога била мајка ми со мене трудна пушела, па што ми фали мене сега“
    “Кога сум била мала немало такви работи’’

    Навистина не разбирам. Па немало, ама сега има. Ако немало потреба не би го измслиле, и не зборувам само за транспортер, општо за милион др. работи.
    Никој не рече дека мајките што ги држат децата во скут во кола се лоши мајки. Туку дека тоа не е безбедно за бебето. (Иако си признавам дека ми се случило кога ќе видам мајка со дете на предно седиште да имам предрасуди.)
    Јас мислам дека има причина што во многу земји не дозволуваат бебето од болница да си замине без транспортер. Не е нешто што им текнало туку така па ај да го направиме закон.
    Како возат луѓево денес мислејки дека секогаш тие имаат предност како што напиша bittersweet, собраќајки се случуваат на 2 метра од дома.
    Има некои што не можат да купат колку и да е евтин и тоа е тоа, сепак јас мислам ако ти е важно
    вака-онака може да се заштеди.
    иако ако имаш за кола и за плин/бензин сигурно можеш да тргнеш на страна нешто (оди со бус место со кола неколку пати и ете парите за бензин тргни ги за транспортер,или парите за цигари, или за играчки
     
    На kjukli и bittersweet им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    Ако можеш да си дозволиш редовно да возиш автомобил, а знаеме дека е како уште еден член на фамилија кога ќе направиш пресметка за гориво, регистрации одржавање и сл. тогаш веројатно можеш и транспортер да купиш макар и на старо.
    Во другите земји и до ве-це не одат пешки, често се возат големи релации само за до маркет да стигнеш или болница, плус големата фрекфенција на автомобили...незамисливо е без транспортер.
    Но ако си од мал град од Македонија, и влегуваш во автомобил со бебе еднаш во месец или поретко за до болница пример, а таа ти е оддалечена 2 мин возење, патем по пат сретнуваш 5 автомобили најмногу...па нема потреба од толку потресување што ќе си го држиш бебушот во раце.
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    DanielaXuz,потполно те разбирам,но разбери и ти дека форумов е со такво уредување,сите по секого плукаат.
    Сепак,според мене,убаво е да се има транспортер,но и доколку се нема,не е проблем.Ќе си седиш позади и ќе си го држиш бебенцето. :)

    П.С:Ептен прав кренавте бе,феминки! :) Дишете длабоко,ајде,да не ни се породи некоја пред време :D :lol: (мала шала) :)
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    5.183
    ...зависи кој каква потреба има. Еве лично јас, бидејќи одев на раб. и успат го оставав во градинка малиот веднаш ставив во кола.

    Има Закон во РМ ама не се применува баш и недокажан е :^) :) . Дете до 12год не смее да седи на сувозачко седиште а позади обавезно со придружба на возрасен. Дали ќе го ставиш во седиште, вржеш со каиш - зависно од возраста е твое право. Според ЕУ (земји членки) седиште е задолжително до 12 годишна возраст.
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.142
    Idna majka :) ,transporterot ne go prodavaat samo za dolgi relacii,da se razbereme ;) ,transporterot e izmislen za bezbednosta na deteto(dal bilo dolga ili kratka relacija,toa e "negovoto "sedishte za vo kola),bez razlika dali zakon e izglasan ili ne,kazna mozhe ke platish,ama skraja da e od poloshi raboti.
    Edna poznanichka so soprugot i i deteto na zadnoto sedishte si sedelo(skoro 2godishno)im izletal edna budala pred niv,mazot kochenje ,detevo kako sedelo vo sredina(od pozadi)letanje niz shofershajbna,zivotot mislam im se skrati za dvaeset godini,ah zaboraviv da napisham se kachile site vo kola za do lokalnata prodavnica da ispazaruvaat.Nema pravila za vakvi raboti.
     
    На Elen4e_sonce и Emotional123 им се допаѓа ова.
  15. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    мене коа ми е у транспортер ми е понесигурна :tmi: и пак со раце ќе го обиколам и држам :@
    супер си се споредбите со некогаш и сеа, што сеа небаре по улиците слетуваат авиони и се возат тенкови??? бизнис си е у прашање! За вакцините ви се верува дека е бизнис, а за транспортериве не ??? :P ако треба да се деси нешто не дај боже ќе се деси и у транспортер да е.
    Ако си имаш можност набави си, ако не почекај некој месец да пркне па купи си седиште кое ќе го искористиш подолг период. Моево бебе на 2 месеци го врзав со каишки- што дека имав транспортер коа првите 2 месеци лежеше на перниче од што „многу и беше удобно„ на главчето. Транспортерот и помага и на мајката да не држи бебе цело време во раце што е навистина оптеретување и за неа и за бебе поготово ако е на подолга релација. Инаку знам случај - мој близок другар како бебе преживеал баш поради тоа што мајка му го држела во раце како бебе- се тумбале, излетала колата од пат зимно време, бебето било заштитено во мајчина прегратка, а мајката со скршеници цела и сите се живи и здрави. Ова се десило у германија! ;)
     
  16. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Може си во право дека се крена мн прав, ама јас го гледам ова како позитивно нешто. Очигледно луѓето размислуваат на оваа тема и имаат (јаки) ставови околу тоа.
    Не се работи за една мајка конкретно,
    барем колку што видов
    туку воопшто за транспортер за во кола и како е најбеззбедно да се вози бебето во кола.

    nevesta
    Обично не сакам да одговарам на вакви коментари затоа што не сакам да се замарам ама ова ме буцна на погрешно место
    Не знам од каде си ама овде во СК мене ми е страв сама да возам во кола а не пак со бебе. Посебно сабајле кога одат на работа или поручек кога се враќаат од работа.
    Свесни дека се работи за бизнис (како и за се друго) секоја жена/мајка може сама да си донесе одлука дали е тоа добро или не.
    Иначе во право си дека ако нешто треба да се случи ќе се случи и во транспортер и во седиште.
    Ама јас секогаш викам ако постои и 0.001 шанса да му помогнам и да го заштитам бебето би го направила.
     
    На nevesta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    јас сум шофер од мои 19год.и сум скопјанка по раѓања и по потекло од родители ;)
    немам страв од возење, како во скопје така и на автопат до словенија на пример, а и во истанбул одлично се снаоѓам- каде што некој како пешак не би знаел кога да премине улица ;) ако имаш страв од возење подобро и не седнувај во кола- од несигурните возачи произлегуваат повеќети незгоди во сообраќајот.
    Транспортер и седиште имам од причина што бебе ќе седи позади само, а ја ќе возам, но, едно е совет, друго е да се осудува као „ја сум грижлива мајка, а ти не си срам да ти е треба да гориш во пеколот!“ дајте и совет, а она сама нека си одлучи што е најсигурно за неа ;) Као ја купив транспортер и сум подобра и погрижлива мајка од тебе, а којзнае дома како го чува и пази али битно транспортер има у кола ;)
    дадов совет- толку од мене на темава :)
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    1.163
    По форуми не се образувајте. Модерни времиња се интернет имате па прочитајте за ваше добро е.
    Јас еве ќе си признаам едвај чекав ќерка ми да направи 9 кила за да ја ставам во седиште свртена кон патот. И се најде една мајка така што се прави дека знае се и ми вика никако до 13 кила детето да не го вадиш од седиште свртено со грб кон патот. И јас нели мајка млада си викам мрш мори ти ќе ми кажуваш и си дојдов дома ме фати јанѕа и си викам чекај да прочитам на интернет. ИИИИИ кога видов колкава е разликата во однос на ризици по здравјето на детето!!!! сега јас сум поборник за таа идеологија. Баш сега и законот ќе го менуваат да е задолжително децата да бидат свртени со грб до 15 кг. Овие закони не се носат за џабе, тие постојат за да ги заштитат нашите семејства. Еве ти ќе го држиш во раце тоа нема да излета ама вратот како ќе му го заштитиш?
    До некое време беше срамота појас да ставиш во кола демек сељак си ама сега не е така. Нештата се менуваат, има напредок во општеството и тоа е за поздравување.
    Полека и кај нас ќе се имплементира тој закон па за второто дете здравје боже ќе си ставиш седиште во кола и ќе си викаш аааауууу ова било од многу паметни луѓе измислено алал да им е и срааааам ќе те јаде што си си го оставила првото дете на милост и немилост на совесните возачи.
     
    На kjukli, CameliaMiller, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    60.581
    Пол:
    Женски

    Леле браво за тебе, скопјанка била, big deal |( |(
    Што има врска жити се дали си скопјанка или гевгеличанка, па уште ќе кажуваш кој имал кола кој не,
    ај сега сите ќе кажуваме од каде ни е потеклото и од кога возиме автомобил....ццц не сме машки па ќе си ги мериме стаповите :lol: .

    Што мешате баби и жаби, вакцини, бизниси итн, тука од кога е задолжителен транспортерот и седиштето намалена е смртноста на деца испод 5 години во сообраќајни несреќи за преку 70%. :!:
    Тоа се факти а не бабини деветини и бизниси.

    И ај жити се кога ќе почнете со тоа демек некоја е нападната барем посочите кога и каде со цитат, секое мислење кое се разликува од вашето е напад, како деца сте бре и место да посочите каде е форумџиката нападната |( почнувате да вреѓате.....никоја не ве напаѓа па да се браните со вреѓање. :x

    Погледнете дали е бизнис транспортерот или заштита.

    http://www.youtube.com/watch?v=CWgnuTH6mqQ
     
    На kjukli, tace73 и Glasna им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    10.824
    Пол:
    Женски
    Луѓе да нападнеш некој значи да речеш
    глупа си, каква мајка си ти, ти ваква си онаква си!!
    , на женава никој тоа не го рече.

    И птичкиве на гранка знаат дека транспортерот е битен дел, затоа што безбедноста на детето е многу битна, каков бизнис- мизнис.

    Мајка си го гушнала детето и преживеало и ај сите да ги гушкаат.
    Сте гледале снимак на фб страна која дете излетало при судар и камион замалце го прегази после? Да не закочеше камионот детево ќе отидеше!
    Ете ја тука улогата на транспортерот!
    И законите во многу земји за оваа работа се донесени со причина!
    Не се спие на тоа уво кратка релација, гушкање- мушкање.
    Абре луѓе гледате ли што се дешава по светов? Колку чудни работи се случуваат?

    Дај бе луѓе не сме во 15 век да му емм мајката, и тоа кој од кој град е воопшто не игра улога во образованието, знаењето и интелигенцијата на луѓето. Демек ние скопјани ариетски народ а? Бре, бре.
    Некој може да вози ако сака 15 години ама пак да незнае да вози, тоа нема никаква врска и тоа воопшто не е муабетот.