Да во право си за тоа дека не се продава за долги релации,ама пак и од друга страна транспортерот се користи во првите 6-9 месеци(мислам додека не ги исполни тие килограми кои искрено јас незнам колку треба да бидат),па затоа Даниела можеби ги спомна тие кратки релации и тоа малку излегување од дома и за овие први месеци е сосем ок, според мене нема потреба од трошок само за некој месец. А кога се работи за СЕДИШТЕ за во кола тогаш 100% сум за без разлика дали се кратки или долги релации затоа што тоа макслимално се користи во било која пригода,барем јас го искористив за првото дете максимално и тоа до скоро 4 негови години,а планирам и за второво дете исто така маклимално да го искористам.Затоа јас му давам предност на седиштето во споредба со транспортерот.
Добро ај сега да бидам по прецизна значи за првите неколку месеци се употребува бебе капсула на кој долниот дел е фиксиран на седиштето во автомобилот а горниот е мобилен како транспортер и се става обратно од задното седиште. Од кога ќе почне да се седнува бебето се става во седиште повторно обратно од седиштето до кај најмалку 9,10 месеци во зависност од тежината на бебето, тогаш може да се сврти напред.
Уште нема законска регулатива дека мора да се има посебно седиште за бебе/дете, меѓутоа наскоро ќе биде. Сепак, како што кажав на почеток, полицијата обрнува внимание на ова, односно им посочува на родителе дека бебето мора да биде безбено во седиште, дали е сопствено седиште или каиш да има ставено. Доколку има дете помало од 12 на предно седиште, тоа е казниво со закон.
Јас ќерка ми прв пат ја ставив во транспортер кога наполни 6 месеца , а од овие транспортериве немавме купено бидејќи не одевме до тогаш никаде надвор од градот а + јас и мм не возиме инаку овде во Грција е 1000 евра казна ако те фатат без седиште. Кога наполни 6 месеца и купија моите вакво едно време си седеше, потоа од кога прооде не може да седи внатре повеќе од 1 час сама си се одкопчува и станува и ми е страв да ја држам во раце но некогаш неможам против неа сега пред месец дена едни пријатели ни дадоа столче вакво , ниско е неможе да гледа нормално преку прозорец но барем е врзана со каишевите од колата. Во него сега за сега седи
јас не сум возач, ни мм е, ни имам кола, ама на неколку пати кога сум одела на поголема релација сум позајмувала седиште. и сметам дека не е морално ама е потребно. бебе како бебе, а влазат в кола заспиваат, не ќе ни спијат враце. а и сметам дека се посигурни во седиштата. треба да е казниво со закон доколу не е бебето во посебно седиште.
Работава испадна јас сметам дека тревата е црвена??? Седиште е морално а релаксатор за дома или кенгур и играчки се опција. Транспортерот се користи до 13 кила за феминката што незнаеше а потоа има други системи за до 12 години. И да бидеме на чисто ова не е мое мислење туку е ФАКТ! Толку на темава а ќе ги замолам администраторите да ги префтлат мислењата во постоечката тема.
И јас имам дилема, не од правен аспект де. Транспортерот ќе го земам од сестра ми зошто речиси е нов. Но, таа има само транспортер, нема додаден дел од долу што се става во кола за да се зацврсти транспортерот. Прашањето ми е дали тој дел треба посебно да го купам или? И аналогно на тоа прашање, во југо дали можам воопшто таков дел да ставам или? Малку како неписмена делувам, знам.
Не сум сигорна дека разбирам баш за каков додатен дел зборуваш (не затоа што делуваш неписмено, јас ненаспана сум ) Нашиот транспортер нема никаков екстра дел. Едноставно на транспортерот има дупки(не баш дупки дупки), низ нив треба да помине каишот од колата и се закопчува како стнадард што закопчуваш појас во кола. Е сега на југо не знам дали на задното седиште има каиш. Хм, не знам дали и на во нашата кола има на задно седиште каиш, и ние имаме олд тајмер Не ми текнало да проверам. Ама во секој случај, танспртерот ќе биде во кола. Гледам некои пишале детето седи во транспортер/седиште додека не почне да ми станува досадно. Spoiler Јас да ви кажам летово одев со пријатели на одмор, 2 деца имаат (едно 3 и едно 5). И двете деца имаат свое седиште. Не беше мн долго патување, неколку саати ама децата не им се седеше цело време во нив. Родителите не ни помислија да ги извадат од седиште. Ма ќенкање, плачење, не им беше проблем, викаат за нивно добро е и мора се навикнат на тоа. Иначе за вака низ град поголемиот се возел без седиште, но со појас (ретко без) и секогаш му било кажано дека мора да седи додека тато вози. Очигледно често го практикуваат ова затоа што децата после некое време се предаваат знаат дека мама нема да ги извади од седиште дури и да плачат (освен ако нема некоја др причина освен досада) Па планирам и јас да го пробам истото.
cecilia ме насмеа ама во право си . До пред некое време беше срамота појас да ставиш инаку некој праша за додатен дел за транспортер. Јас го имам на MAxi Cosi транспортерот и има isofix дел кој е поврзан со самиот автомобил. Ама се може и без тој дел , со тоа што само ке се врзе со појас транспортерот.
Зависи од типот на транспортер.Јас со првото дете имав транспортер од Chicco и во таа серија, немаше долен дел или фиксатор...така некако го викаа...дури и сакав да купам дополнително, ама во продавницата ми рекоа дека за тие модели , фикастор нема. И без проблем го користев првин како транспортер, па од 5 месеци до 12месеци како седиште за во кола.Инаку транспортерот се користи многу многу кратко. Одма пораснаа и не ги собираше, па си купив класичнидеткси столчиња за кола. И тоа е навистина добра работа.....а не во скут да ми седат или да ми шетаат низ кола...се работи пред се за нивната безбедност.
Кога баравме количка, не сакавме ни да слушнеме ако не е со транспортер и корпа. Не дека сме помодарци, туку во Скопјево наше пренатрупано сообраќајки има на секои 3 минути, и не е правило дека на комшијата секогаш му умира козата, може да не стрефи сите истото, само Господ да не чува. Транспортерот е измислен од паталци а не од помодарци, за бизниси и глупости можат да зборуваат само ПРОСТИ луѓе. Слободно нека ме банираат ако сакаат, ама некој да купува играчки од 50-100 евра а да не помисли на транспортер/седиште затоа што било помодарство или кратките релации се безбедни? Па маж ми го удрија на паркинг пред зграда пред неколку години, цела кола од 5 метри не ја виде тој што го удри. И тоа право во задниот дел, силно. Поблиску од тоа, амин. Се жртвуваме себеси 9 месеци, правиме се за да пораснат здрави прави, ама сметаме дека транспортерот и седиштето се бизнис и глупост и ќе ги бојкотираме??? А на Чико играчките по 3 000 и прожектори, и модерни постелнини и оградици се поважни. Не сваќам и не сваќам! Мајка ми немала транспортер, ама татко ми возел 30 на саат додека не пораснав, и м'кнеа некаквимити појаси од странство за да може во старите коли да не врзат позади. Мислеле значи, не дека не мислеле. Само немало, па неможеле. А сега на секој чекор има, од ефтини половни до најскапи и најмодерни, и јас ќе речам не ми треба, мене тоа неможе да ми се случи ниту пак на моето дете?! Не разбирам...
Факт е дека е потребен, без разлика дали е казниво или не, ако се нема. Јас разбирам дека не сите можеме да си дозволиме некои од работите кои ни се потребни за бебе, ама искрено, некои работи не се многу неопходни и се може без нив, за разлика од транспортерот или седиштето за автомобил. Денешниот сообраќај не се споредува со оној пред 30 години, кога ние сме биле деца. Денес секој вози, имал-немал дозвола, не почитуваат правила, не пазат на брзини и пешаци, никој не внимава, сите брзаат да стигнат кај што наумиле. Децата не треба да бидат жртви на тоа.
http://www.ringeraja.mk/statija/detski-sedishta-mora-ili-treba_3081.html Еве една статија од рингејаја на оваа тема. Неможам да поверувам дека една Албанија е понапред од нас на оваа тема цццц Само на нашите деца и во Црна Гора ништо нема да им биде ако не се во седиште.
Не знам дали е казниво ама знам дека мене ме има два пати застанато полиција и ме има опоменато зашто брат ми седел на предно седиште а немал 16 години. Јас моето бебе си го имам ставено во седиште за в кола кое има опција за вадење и е слично на транспортер.. и седи на средина на задно седиште.. не смее на страна.. убаво е што и транспортерите повеќето од нив имаат опција на мини седиште за во кола. А и убаво е што скоро сите колички одат со транспортер. Ја претерале само со цената на транспортерите кои не одат со колички. Во чико еден транспортер е минимум 7.500 денари. Морам само да кажам да не беше транспортерот не знам што ќе правевме за транспорт, во него бебушот си спие каде и да одиме, не му е ладно, удобно му е, се нишка.. да му цутат рацете на тој што го измислил.
Колку што знам законот е, после 12 смее на предно седиште. Инаку ја малиот во транспортер на предно седиште го ставам, ем ме гледа се смее - си пееме песнички. а ако заплаче при рака ми е одма цуцла му давам (цуцлата долу кај воланот ми стои во кутивче), вака ако почне да вришти позади што ќе му правам. Знам дека по прописи не треба напрад ама па немам др.избор.
Доста долго е неактивна темава, ама ќе си ја пробам среќата. Имаме купено седиште за во кола/ транспотер. Цврсто сум решена дека џуниор ќе седи во него од прв ден. Во упатството за инсталирање пишува дека детето треба да гледа наназад, на интернет наоѓам видеа како да инсталирате седиште (свртено напред и назад). Дали имате искуство како е подобро. Претпоставката ми е дека бебе треба да гледа наназад додека не почне самостојно да го држи вратот заради поголема безбедност при кочење... Ај опрајте ме
И ние кога го купувавме траснпортерот ни го кажаа истото, и во самото упатство од транспортерот е така прикажано, да се постави така што детето ќе гледа наназад. Ние уште користиме транспортер, иако веќе почнува да му станува тесен и склет го фаќа, летово размислуваме седиште поголемо да земеме. Од прв ден си седи во транспортерот, го обожава, ужива да седи во него. Навикнат е на него многу Да си го користиш од старт, да се навикне, дефинитивно најпотребната работа за бебе е. Јас без него не би ни помислила да влезам во кола.
@awl законите во поголемиот дел од државите кажуваат дека бебе до една година треба да седи свртено обратно. Но за жал не сите коли (постарите модели) и не сите седишта можат да се монтираат така.