Транспортер е препорачливо да се има заради безбедност на бебето. Кога бевме на ортопед докторката не искара бидејќи бебе не беше врзан во транспортерот, го врза и буквално го сврте обратно бебе не мрдна ни кажа дека до 6 месеци дури не почне сигурно да ја држи главата да биде свртено со лицето према седиштето, зошто и при најмало кочење тие немаат толкава стабилност и може да дојде до сериозни повреди на вратот дури и кршење. Држењето во раце не е безбедно имам прочитано дека при судир мајка која го држела бебето буквално го згмечила со телото при јаки удари невозможно е да се контролираш и да останеш стабилен. Затоа е добро да се има сега бар не се скапи и може да се најдат од 2000 ден.па нагоре Има една изрека ти внимаваш кога возиш ама друг не на запад дури и за 500 метри ги ставаат во седиште или транспортер тоа не е заради казни туку заради сигурност.
Според мене транспортерот треба да е задолжителен. Така и ја возам. И не можам да сфатам кога ќе кажат кратка релација. Мајки, не знаете колку коли се искршени на паркинг, некој им улетал, не па на нашиве улици. Јас секогаш се врзувам не па детево. Не е луксуз и тие 50 евра не се ништо во споредба со животот на едно детенце. Нас транспортерот буквално ни служи за до кола и за возење, дома или на гости си е во релаксатор или легната нарамно. Ќе земам и седиште, зошто зимава изнаоблечено нема да ја собере. И дај боже стално да сака така да се вози.
Моево бебе со сила седи во транспортер ама ич не го сака дека е стуткано во него. Живеам на 2 спрат и полесно ми е да го изнесам со транспортерот да го прошетам ама едвај еден час достојува во него. Па се мачам со корпата го слегувам по скали и тежи ама што да правам така барем шетаме подолго време без плачки и супер си спија во корпата. Среќа барем колцата ми се долу оставени на првиот спрат. А во кола обавезно во транспортер го возиме, некако издржува гледа низ прозорец и му е интересно а да се вози со количката во транспортерот не сака. Па кога излегуваме некаде со колата обавезно и корпата ја земаме, среќа имаме и голем багажник од колата.
Не сакам да бидам сфатена погрешно, но тоа транспортер ми е жива глупост. Од причина што е многу тежок празен,а камоли со бебе. Тој 10 кила, а бебето 3 кила пример. И додека го изнесувам ќе се искилавам до кола, па и мм ми помага. Седиште ми е попрактично, ама не знам дали има за 0+?
Да, знам дека е поради безбедност. Е сега кога одиме со мм некаде заедно и ако ни е со кола 5 минути да речеме, јас не го ни земам транспортерот, баш поради таа причина што ја кажав,а за други подалечни места за шетање кога одиме во транспортер ни е. Сега наскоро ни е во план седиште да земеме
И нас транспортерот ни е најискористен дел. Без него не ни помислувам да ја возиме со кола ни на кратки релации. Тешко е за носење со бебе не викам не, ама го ставам на количка и немам гајле.
Мојата количка е без транспортер... Корпата е за 0+. Ќе видиме како ќе се снајдиме за возење и така зимно време нема да одиме нигде. Со транспортерот вкола на болница
Корпата од количката е 0+, ама не е наменета за во кола и транспорт на бебе, туку за возење на количка. Секој си знае за себе, ама не би ја ризикувала безбедноста на бебето во кола. Првиот месец сигурно 2-3 пати ќе одите на контрола, не е за шетањето.
Ќе се вмешам во дискусијата за транспортерите! Транспортерот е за безбедноста на бебето, се друго како тежината на истиот, естетиката, кратки реалции е помалку битно од сигурноста на вашето дете. Навиката за седење (лежење) во транспортер и понатака седење во седиште се стекнува од сам почетокот. А ако му допушташ на детето еднаш во раце, другпат во транспортер тогаш ќе те манипулира и никогаш нема да стекне навика дека местото му е во транспортер или седиште. За транспортерот не се многу потрудив да го користиме и важно ми беше да не плачи бебето, па ептен малку лежеше во него. Ама таа грешка не ја повторив со седиштето, и на почеток кога пружеше отпор не и попуштав. Еве ја сега 3 год и 7 месеци се нема возено во нашата кола ако не е во седиште па макар и на една минута да е возењето. Мој совет, од старт во транспортер, нека научат каде им е местото кога се возат во кола.
Јас пак ич не го искористив транспортерот. Баш затоа што транспортерот е за во кола. Во него не се вози бебе константно. Дури и при патувања треба да се прават паузи за да се постави бебето на рамна подлога ако се вози подолго од два саати. Затоа јас имав количка со седиште 0+ и така си го возев бебе. На почеток секако шеташе само надвор по паркови и слично а бидејќи живееме блиску до парк немаше потреба од кола. Купивме и седиште за кола 0+ и почнавме во тоа да го возиме бебето од кај 4 месеци. Мене ми беше побитно да земам безбедно седиште за кола со изофикс и добра количка отколку количка што има траспортер што се монтира на количката. Така што секој нека си бира според тоа што мисли дека ќе користи. Инаку не се возел ниту еднаш во кола ако не е во седиште. Навикнат е дека во кола само така се вози и крај. Безбедбоста е најбитна.
Во кола обавезно е во транспортер. Ни еднаш до сега не сум го качила во кола без него. Безбедноста на бебуш нели е најбитна од се. И кога го шетам во количка обично е во транспортер зошто во корпата е многу легнат, а во транспортерот поубаво си гледа. Кај и да е веќе нема да го собира во транспортерот па ќе купиме седиште.
Zdravo sakam da prasam dali transporterot moze da go stavam na sovozacko sediste i da vozam taka ili mora da e pozadi transporterot