Мајки едно прашање,до кога ги стававте бебињата во транспортер,мислам дали може и на 4-5 месеци или веќе ќе му биде мало?
До кога ке го собира Мојов беше до 5 месеци. На 6 веќе стануваше, сакаше да седи.. па кога научи да седи самостојно ги качив на таван и двете
Mojot uste si se vozi vo transporterot 5+ sme. Ne go sobira vo sediste so skafander a nenozam da go izvadam toa perniceto na sedisteto sto e, pa zatoa si terame uste so transpkrterot na nego uspeav da mu go izvadam perniceto i taman go sobira so se skafander. Transporterot sega go koristime kako sediste vo kola samo, a ko ke se stopli koga nema da nosi skafander ke mu go montiram sedistwto
@TheSecret знам дека има друга тема за седишта но на голем мака сум и бебето мое е 5+ го возам во транспортер но сакам да купам седиште кое го имаш ти и од колку до колку кг јас не знам која група да земам
Зависи какво ти треба. Има повеќе од 0-18кг, од 9-18кг, 9-36кг (за ова последново не сум сигурна). Овие што се од најрана возраст се ставаат и обратно од правецот на возење за разлика од другите, и се менува положбата од седечка во лежечка. Бидејќи е твоето уште мало, а најчесто брзо ги прераснуваат транспортерите, пожелно е да земеш од овие седиштава што се до 18кг што може да се монтираат и обратно од правецот на движење. Исто убаво кај нив е тоа што се навалуваат за спиење, па бебето/детето не е искривено. Затоа барај седишта од 0-18кг, може да се користат до кај три години, а некогаш и подолго, зависно од детето.
Ние за син ми имавме како вториот на сликата на fisher price мислам беше марката ист како овој на сликата само зелен, од раѓање до година ипол се на него беше. На почетоткот само си седеше и спиеше после и за да го ранам го користевме ..мислам душата му ја извадивме а уште е како нов ,знам го перев во машина на 60 степени и ништо не му беше.. јас ти го препорачувам
Dodeka go sobira vnatre i ne e pretesko za da go krenis. Na samite transporteri pisuva do 10 na nekoi do 13kg. Toa za bebe ti e okolu godina kaj nekoi i godina i pol zavisno od toa kolku napreduva. Moeto pogolemoto na edna godina imase 12kg ama vo transporter ja sobirase do 6 meseci. Si bese visoka i uste e. Taka da.. dodeka go beri stavaj go nema gajle.
Вториот е jungle moni го гледав во енци менци,и да пишува дека е до 18 кг и дека може да се користи како столче за хранење,па подобро таков за да го искористиме,незнам и другите два што ги постирав какви се затоа прашав,а овој може да се љуља така?
Епа да тој е истиот како нашиот и ние од енци менци го купивме има и вибрации и тие играчките горе свиреа,плус се прави и како столче и да може да се лула
Моето бебе е скоро 3 месеци кажете ми што да му кушам за седење кога се возиме во кола (транспортер или седиште )
Транспортерот се користи релативно кратко време, ама тоа зависи нели од бебето. Ако е понапредно во килажа и должина, можеби треба да размислите за седишта што се користат од најрана возраст, прво се поставува под агол од 45 степени обратно свртено од правецот на возење, а после и како седиште кое се навалува кога спие детето.
Za sinkobtransporterot ni se najde i toa kako,vo nego se vozese do 12meseci sega eve i za bebuska mi se najde,a relaksatorot do 6 nedeli naj iskoristena alatka ponatamu sinko ne sakase da sedi a sega za bebeto ke vidime kako ke bidi
Не чини,од едни блиски бебето му се превртуваше со ваков релаксатор нанапред и веднаш го сменија со друг
Количка веќе одбравме ама се мислиме за транспортер или седиште за во кола. Колку време би се користел транспортерот, дали се исплати да се купи зошто е плус околу 8000 од цената на количката, или место транспортер за после 6 месеци кога повеќе би шетале да земеме некое квалитетно седиште за во кола што може да се користи до 3 години. Совет?
Јас го користев теанспортерот околу 9 месеци мислам. Зависи од детето, колку е големко. Кај некои може и пократко доколку детето е подолго и покрупно кај други подолго. Тешко да се предвиди, но некој месец плус минус од оваа цифра. Мене лично ми беше доста практичен на кратки дестинации како внесување во куќа, прегледите... кога не можеш да ја носиш количката. Потоа преминавме на наредна категорија +9кг. Инаку, има и седишта +0 до+25 кои се со наслон. Тие имаат наслон и не се толку гломазни како оние до +36. Имаат дел за новороденче во средината кој потоа се вади и се приспособува за наредната возраст. Доколку планирате да се возите со кола да, треба седиште од сам старт. За шетање во количка корпата си ја врши работата ама за во кола мора. Доколку ти е неисплатливо купување на транспортерот кој е во сет со количката набави некој од друга фирма кој е +0.
Ти благодарам за брзиот одговор. Најверојатно ќе биде само количката па здравје после да му земам добро седиште. Незнам што е подобро, прво детенце, и милион прашања за да не згрешиме.