По мене воопшто. Огромен е зафаќа многу простор, а седалката му е тесна. Од друга страна вибрации за мало бебе се штетни, колку и да се продаваат производи од разни брендови. Мое мислење земи си на Fisher или некој до 3000 ден што после тоа може да го направиш и како столче, барем максимално да го искористиш.
Во креветче или на обичен кревет ќе го научиш да спие. Немој да се лажеш во количка да го ставаш, оти после потешко ќе се навикне на обичен кревет преку ден. Од релаксатор јас го префрлив малото на креветот во спалната, без мака се навикна. Инаку, за релаксаторот претходно спомнат - лично сметам дека е претеризам, како вселенски брод е. Мака ќе си имате со детето кога ќе го надрасне. Дај Боже да грешам, ама реалнк, најобичен релаксатор ќе ви заврши работа. Замислете да не сака да седи во него?!
Моево е научено да го нишаш на обичен кревет немам како, ако го нишам со рака кај газето се буни не сака Како да го одвикнам од нишање?
Воопшто не е толку голем. Релаксаторов не прави вибрации, туку движења - возење во кола, кенгур.. Вибрации секако се непријати. https://www.4moms.com/mamaroo
Баш напротив мамаро ги имитира движењета на мајката и е одобрен од сојуз на педијатри. Земај @kukla21 . Мене ми е прекрасен.
Ако имате монтажно креветче во него стави го и нишај. Ако не, во обично ставај го, ден-два ќе имаш мака со спиењето, ќе се научи. Или на спална па кога ќе се подразбуди, пробај легни до него и нишкај го
А колку е релаксаторов? Инаку мене релаксаторот што го имам, ми овозможи да јадам и да одам до вц Го благословувам. Ама толку беше, некни ја најдов превртена на стомак во него. Можете ли да замислите како тоа изгледа? Мојот се прави столче, па ќе го преправам сега, голема е госпожа не е веќе бебе
Релаксаторот на Moms, го има моја пријателка со близнаци. Презадоволна е прави нежни движења и е супер... И ја би
25 000 за релакс што ќе се користи околу 4 мес дали и толку а замислите да не сака да седи во него ко шо кажа @Annath ко што има бебенца ни в количка не сакаат ..да не се разбериме грешка малце е претерано ова освен него ако не го користиме и надвор и в кола и дома и да го рекламираме за моди има релакс до 5000 феноменални ако сакаме веќе нешо лично количката дали ќе е толку пари што мн по се користе а може и со неа инциденти да праве ..за овие раб не треба брзање пак ќе кажам со добра намера кажано да нема лутење
Море ако помага да се смири бебе и да седи внатре, дупло ќе дадам Мое бебе грчеви немаше, плачливо не беше, ама ете, сакаше само во раце да се држиме, па и тие пола саат- саат во релаксатор за мене значеа многу. На пример со количката, бебе не разбира ни мима, ни стоук, ни чико ни ништо. Во смисла ако сака да се вози ќе се вози во секоја. Така е и со релаксаторите, но овој е поинаков, ако имитира движења, веројатно ќе го сака. Криво ми е што не го знаев за моето бебе.
секој со своето убедување и нема лутиш Исчитав доста за ова и верувам дека бебињата се склони кон создавање навики и планирам бебе да се "лулка" од прв ден, па ќе си се навикне Ич не сум тип што тера мода, а не ни знам дали е ова модерно, па ќе си го купам од практични причини. И за убава количка ќе има, не кратам на тоа на сметка на мамару Нишка како мама хахаха
Топлината и мирисот на мајката ниеден релаксатор не може да ги замени. Јас со двајцата поминав со обичен, најобичен релаксатор на Chicco. Големото не го сакаше, малово до 6 месеци спиеше во него. Нормално дека секој за свое дете ќе си купува што сака, ама реално, не вреди толку да се даваат пари за помагала што кратко време се користат. А производителите и продавачите знаат дека за бебе ќе се даде, па зошто да не дигаат цени?
Не се работи за продавачи. Мене никој продавач не ми го нудел, ниту ме убедувал да го земам. По логиката дека бебе користи се малку, ништо не треба да се купува.
Не би рекла дека ништо не треба да се купува, само би рекла дека не мора да биде премногу скапо. Сепак, тој е твој избор, јас си кажав мое мислење. Нема лутиш
Јас на релаксаторот маста му ја извадив до 5 и пол месеци. Најобичен беше нашиот, едвај 2000 чинеше, на подарок го добив. Од прв ден го сакаше се дур не дојде време за џампер. Па од 5 и пол до 8 џампер и од 8 е на земја. Раат видов со помагалава.