deka dolu e ramen neli mi rekoja deka samo vibrira i ne se nisa.zatoa me buni toa i ne znam dali da go kupam
Напротив, убаво се ниша, само платното е некако тенко, како во дупка е малото кога го ставам и мислам дека едната прачка баш под грбот го удира, ама до сеа не се побунил, си седи и си ужива во него.. ногарите се тенки, дека се за до 9 кг мислам.. мене ако ме прашаш, требаше обичен да си земам, вишок се и вибрации и музика.. барем за сега (3месеци е), ќе видиме за понатаму..
Мајки ако може некоја која има транспортер да ми прати слика како се наместени каишите на транспорт, нашите ги извадивме бидејќи беше многу мала, па сега пробувам и неможам да ги наместам.
Дани не мислев на каишите за во кола, туку на каишите што се во самиот транспортер, со каишите што се врзува детето.
Сега го сликав мојов транспортер Прв чекор двата каиши идеално да се поклопат еден со друг. Да прават таков полукруг. Втор чекор да ги вовлечеме во долниот дел На крај има едно клик дека се добро влезени.
Некоја мамичка искуство со некој од овие релаксатори? Знам дека се сите различни, ама на два ума сме дали да земеме или не, дали повеќе пари да се дадат или некој наједноставен Секој совет и искуство е добредојдено
Мајка ние го имаме третиот на сликата, јас сум презадоволна, максимално искористен. Веќе сме 5+ и уште си седи во него.
Ne frlaj mnogu pari.Moze nema da ti sedi.Ako e ko mojava.Se desava ni 5min vo denot da ne sedi vo nego,a platen e 260Fr
Мајка може да ми кажеш какви опции има? Има и вибрации и може сам да се ниша така? Пишува дека е до 18 кг меѓутоа тоа е како столче претпоставувам, а за релаксатор до 9 кг така? Има убави мелодии?
Мајка немој никако без каиши да го возиш детето. Колку и да е мало врзувај за беља секунда е потребна
Моите и двајцата седеа во релаксатор, малиов е скоро 6 месеци уште седи. Тоа многу ми помага во текот на денот. Дури и кога почнав да ги ранам, во релаксатор ги ранев, зошто сеуште не беа стабилни за во столче. Јас имам обичен, најобичен, ни музики, ни вибрации ништо на него. Релаксаторот ми е од сестра ми даден, а беше скроз нов, зошто внуците не сакаа ни секунда да седат во него, ко боцки да имаше внатре. Така да, ако дете седи и во најобичниот ке седи. Плус се користи неколку месеци.
Секако дека ја врзувам при возење. Транспортерот не го користам за во кола таму имаме седиште. Транспортерот ни служи повеќе како клацкалка низ дома и кога одиме на гости ја ставам да си седи во него
Има опција на батерија вибрира, одозгора играчките свират на допир. Од два месеци ја ставам во него, не ја врзував бидејќи беше мала и без вибрации си седи во него и си игра со играчки. Горниот дел почнав да и го ставам кога почна да ги гледа пред неа. Навистина мене ми е многу практичен, често си заспива во него. На нас ни беше поклон, мислам дека беше околу 3000 денари.
Предлог за солиден релаксатор? Ќе го земеме на старо. читав на нет дека на бејби бјорн се најдобри но гледам немат играчки/вибрации/мелодии... Дали е подобро со такви опцииили обичен?
Мајки бебето за некој ден ќе прави 6 месеци, е сеа прашањето ми е до колку месеци се препорачува да се користи релаксаторот бидејќи моево си седи во него без проблем едноставно навикнат е а и во релаксатор се раниме
Идни мамички, случајно на Фб ми излезе дека има транспортер на акција на Graco 2990ден. во Лотус М Струмица, помислив дека може ќе ви е од корист оваа информација. Еве линк : https://www.facebook.com/Лотус-М-346933238738143/
Ако ти е релаксаторот 0+ можеш да го ставаш. Ќерка ми ја ставив на месец и нешто, ама тогаш го купивме ние.