Мамички а од каде може да се купат производи на Fisherprice?? Имаат преубави релаксатори, транспортери, седишта во кола и колички. Има некој вакво искуство?
Каде во Скопје да видам за релаксатори? Немам многу време со оглед на тоа дека ми е мало бебенцето, па не можам да прошетам секаде... Каде да видиме, се разбира да имаат пристојни цени...?
Убави релаксатори и со пристојни цени имаш во Бертони, спроти ТЦ Бисер. Сигурно има и во Чико, а мислам дека сум видела и во Jumbo, и тоа Fisher Price релаксатори, кои мислам и дека не се многу скапи, максимум до кај 2000 се. Блонд како да имаше таков за малиот?
Да, имам релаксатор на Фишер Прајс, купен од Џамбо, ако се добро сеќавам цената му беше некаде околу 3000. Јас сум презадоволна од релаксаторот, погоре имам и слика постирано. Има две нивоа за лежење/седење на бебето + има вибрации кои многу го смируваа малиот кога беше помал, + кога ќе порасне, релаксаторот може да се користи како столче за седење Инаку, од што многу време поминува во него, почна да избледува бојата Изум на столетието
Да не отварам нова тема ќе прашам овде некако ми беше најсоодветно...од колку месеци се користи кенгур?
Има и такви кои се и за новороденчиња (на самата кутија пишува) и обичнo тие се со две пози односно свртено кон мајката-за новороденче и свтено обратно за 4+месеци.Позата на сликата е за новороденче
можеш да го носиш после месец испол мисалм дека тогаш е најсигурно јас му земав еден на bertoni и сум презадоволна само гледај да има потпора за вратчето и тоа делот што му се наоѓа на грбот да му го држи исправен `рбетот и немаш мака инаку син ми обожава да биде во кенгур
Е сега работата е што го добив на користење и немам каде да прочитам за од колку месеци е. Инаку е комплет со транспортер и торба за пелени и на нив пишува Ideal Bebe ако на некоја нешто ви значи.
епа види дали е кенгурот како на сликата да има потпора за вратот и дали местото кај што лежи (грбот) е цврст и ќе знаеш дали можеш да го носиш ако е вака нешто не би имало проблем да го носиш
Ние имаме релаксатор на бертони и сме презадоволни! Сеуште го користиме ептен, и сега сме дури и доволно големи за да си играме со играчките. Дефинитивно препорачувам релаксатор! Потпората за главата е одлична работа и гледајте кога ќе купувате релаксатор да ја има! Транспортер не користевме, некако сметав дека брзо се одраснува, па земавме седиште кое е 0+ т.е. од 0-18кг или некаде од раѓање до 4 години. Земавме на Nania, мислам супер сооднос цена-перформанси Исто така користиме и кенгур. Земавме стандарден 0+ кенгур на Chicco бидејќи сметавме дека ќе го користиме повремено. Но го користиме и повеќе од тоа, дури и низ дома ) Замалку ќе се залетавме по еден ултра комфорен Chicco кенгур кој беше 5000ки ама некако сепак не почеша џебот и земавме поедноставен.
Јас имам еден кенгур ама веќе ни е мал па гледав од мегастор да купам ваков Има ли некоја од вас искуство? А за мегастор прочитав убави зборови тука па решив и јас да нарачам!
Поарно ти е во количка да ја ставаш отколку да ја носиш во кенгур, голема е веќе. Грбот може да те боли, а и обично кенгурите не се препорачливи од ортопедите поради тоа што тежината на бебето не е добро распоредена во кенгурот или некако така беше, не сум сигурна. Јас имам лошо искуство со кенгур, еднаш го ставив малиот и никогаш повеќе. Не знам што вели Видоевски за кенгурче, ама од личното искуство не го препорачувам.
Божица, ако се сеќавам, прочитав некаде низ темите дека цуцето е малце пополничко, така? Ако е така, брзо ќе ти го надрасни и 2от кенгур, тие се за до 9кгр, после тоа е мачење и за тебе и за неа...користи ја количката - сега таа ќе сака да разгледува повеќе наоколу а дома оставај ја на под за да се челичи. Се` на се` - мој предлог е дека немаш потреба од вториот кенгур
Видоевски дозволува користење на кенгур, се разбира да е во сооднос со возраста. Ние купивме кенгур со негова консултација.
Јас изгледа многу и попуштам на ќерка ми! Во количка не баш сака да се вози, а со кенгур и до крај на свет би одела! Дури и заспива така обесена. И јас го прашав ортопедот ми рече дека е ок да биде во кенгур. Овој намерно го одбрав дека пишува е до 13кг па се надевам нема скоро да ги достигнеме. Сега малку ме подзамисливте....
Ние купивме ваков релаксатор, има вибрации, музика и други некои тракатанци, ама мене сепак пресуден ми беше изгледот, најубав дезен ми имаше и затоа се одлучив баш за него, повеќе ми се допаѓаше само еден на чико кој е и лулашка, ама имаше само плав, а ние веќе уредуваме на крем и розевко И ваков транспортер, на макси кози, ми рекоа најбезбедни биле, и мислам дека само за овие транспотери е дозволено во авион, па тоа ми беше исто битно.
И ние се мислиме да си купиме релаксатор . ИнаЧе со транспортерот од Maxi Cosi сме преаздоволни Нашиот е во кафена боја за да ни одговара со колиЧката . и навистина се премногу безбедни .
Enca.69 туу имаме сличен релаксатор И боите се пре пре убави . Нашето е лулашка и се мести на време 15 , 30 , 45 мин и малата уживка тоа ја нишка . и плус има мелодии Презадоволна сум