@emkaemka Немам корпа јас, ама во право си за во корпа е идеално. @kukla21 за мамару зборев. Приметив периодов дека не му е удобно, со главата баш на граничникот од додаток допира, ама си викав да не му е рано за без подлогата.
Не сум видела, ете прочита мене ми рече да ставам било каква подлога за да го поткренам, па стави и ти..
Девојки ајде помош Имам транспортер од Бертони, на него пишува дека е од 0 - 13 килограми. Вака изгледа: Ме збунува тоа што вели дека е до 13 килограми, а е легнат. Малава ќе полни 6 месеци уште малку, тоа значи дека ќе почне да седнува, таа има околу 7 килограми, и сега не знам дали да купувам нов или ќе можам да го користам овој уште.
Рано е за седиште. Треба стабилно да седи, а тоа е околу деветтиот месец. Мислам дека и килажата треба да биде поголема за седиште, минимум 9кг, ако не се лажам. Дотогаш во транспортерот нека си лежи.
Можеш да земеш седиште, има од 0+ месеци седишта кои се навалуваат на ниво како транспортерот. Синчето веќе на 6м не го собираше во транспортерот имаше 8+кг тогаш. А инаку почнуваат да седат од 6,7 месеци, па нема ни да сака да седи во транспортерот веќе, ке и биде неугодно.
Мислам дека и во седиште од 0+ треба да биде свртено да гледа наназад ако има под 9кг, исто како во транспортер. Така ми е останато по сеќавање од упатството на седиштето. А и од транспортер до транспортер зависи, нашиот беше ептен комотен, немаше потреба од седиште толку рано, а бебе големко
А како ќе го наместиш?? Верувам со лице пак накај седиште ќе е, па зар така ќе има повеќе видик дека може повисоко?? Или ти го видов, може и странично да го ставиш, ама пак се мислам тоа е од +6м?? Моево седи уште во транспортер, не се буни, го збира, така да до 6-7м верувам ќе е во него, ионака седиштето ни е од 9кг и убаво да седи, па и ќе нема избор Иако на совозачко кога е посреќен е и помирен, ама и назад си седи
Го наместив по "протокол" - наназад завртена повисоко е и има подобар видик. Вака во транспортерчето, ко во дупка, башка и тесно, ко стисната беше. Денес го сефтосавме. Дете задоволно. Се жалеше само на семафори кога стоевме Странично не се става. Тоа е за да го наместиш детето во седиштето.
Моево изгледа дека седи во транспортерот затоа го сака Се мислев дека и странично може да се возат тоа баш практично да го свртиш и наредиш, вака ќе се препружам
Го вртиш према тебе, ставаш дете и вртиш нанапред/наназад. Има и закачалки за каишите да ти е чисто седиштето. Ептен е џиџе
Дечки, транспортерите се закачуваат и на количка? Такви ли да барам? Или посебно само транспортер и ви седи во кола цело време? Не знам што е попрактично.
Мојот се закачува, во комплет со количката е. Со оглед на тоа дека не е воодушевен од корпата веројатно ќе го користиме повеќе транспортерот. Лесно се става/вади на седиште во кола , за количката има додаток и се мести на неа. Од кола дирекно на количка.
Мора да е во комплет со количката зашто секој модел своја приказна. А има и транспортери без можност за закачување, наменети само за во кола. Ние едвај најдовме транспортер за нашата количка, модел од 2014 Се зезнавме што веднаш не ја земавме цела во комплет со транспортерот.
Има такви што се закачуваат на количка ама мора да ги купиш да одговараат на количката. Мене на пример ич не ми беше битно да ми е компатибилен со количката и си купив посебно количка и седиште за во автомобил (0+). Транспортер за првите два-три месеци позајмивме и потоа почнавме бебе да го возиме во седиштето за кола. Количката ја бирав да ми одговара за други работи а не за траспортер (имаше со неа и корпа и траснпортер ама не видов потреба од нив и не ги купив).