Седиште од 0+ е подобра варијанта од транспортер, пошироки се и секако ќе се искористи повеќе од транспортер што максимум е до 13кг ( што нема шанси да се користи таа килажа, од мое искуство). Има од 0-36кг, поскапи се ама за мене седиштето е најнеопходната работа за бебе, за се друго се прави компромис Зависи од бебето ама ако пробуваш да се навикне мислам дека и тоа како ќе ти е од корист, да висат играчки, подобар му е видикот, веќе ќе можеш и на второ ниво да го поткренеш (со дозвола од ортопед) за уште подобар видик. До 5 месеци солидно го искористивме, после во хранилка си седеше. Имај на ум дека сите такви реквизити се користат кратко, ама ако сама си со бебе по цели денови вреди и за некој месец користење
Треба на нешто особено да се обрни внимание за транспортер? Гледам има транспортери и за 1500, но и за 10 500 па нз...
една работа што ја приметив е дали транспортот (или седиштето) се сертифицирани (за ЕУ например ECE-R44/03 или ECE-R 44/04 или најново i-size). Aко е такво значи дека исполнува определени стандарди на сигурност и се тоа.. Во Германија ако имаш недај Боже несреќа а си користел седиште без сертификат, или дури сертифициран за друга држава, осигурувањето може ништо да не ти плати.. Ама пред се за мене тоа е знак за сигурност и провереност. Кај нас ги видов само Maxi Cosi со сертификат, на пример maxi cosi citi е со средна цена од околу 7.000 ден.
Здраво мамички, ми треба еден совет од вас. Дали да купувам релаксатор сум во размислување, колку истиот се употребува и дали навистина помага? Го гледав овој што мислите дали е добар избор? Искуство некоја да го користела?
Мењне релаксаторот ми беше една од најискористените работи. Го ставав во него од 2 недели. Мислам дека беше едино место кај што имаше фина денска дремка. Сепак, до детето е...па како ќе ти се погоди среќата, или ќе бидат максимално искористени пари, или залудно фрлени. Нема да знаеш додека не пробаш.
мојот беше со три позиции. На првата, со онаа позиција на 45 степени го користев додека не почна да седи, до 5 месеци некаде, после на другите две како столче го користев некаде до 1 година, како столче му беше, пример со мене на балкон да си седи и сл. Кога откри ново столче, го батали
Каков и да земиш нема да згрешиш само немој од тие 1500 што се метални вопшто не се стабилни и ако детенцете е покрупно се превртуват јас се искористив максимално ,транспортерот најмногу секаде го носевме во него и си седеше мирен а и релаксаторот го искористив едно добри 7 месеци само моја препорака не фрлај многу пари
Релаксатор со вибрации или како лулашка на батерии? Што повеќе сакаат бебињава? Во дилема сум каков да земам..
До која возраст се користи транспортер наместо седиште? Јас бебето мое кое е 6+ уште го возам во кола во транспортер во обратна насока од движењето, размислувам за седиште, дали да земам од 0+ или тие од 9 кгѓ Бебе сега има скоро 8.5 кг и транспортерот му е кнап.Седиштето пак ли треба обратно да се монтира?Мала ми е колата едвај транспортерот ми го собра, седиштата ми се некако многу гломазни.
Земи си за од 9+ во локо кроко има на кика боо не се многу гломазни ние имаме презадоволна сум назад може 2 лица да седат ние не го ставивме обратно право зошто и јас возам па да го гледам ,има и на чиполино некои модели што се помали и не зафаќат простор а се доста добри
До кога користевте релаксатор? @kukla21 ? Јас до скоро го ставав во него, како столче ми беше за да завршам некоја работа набрзина, ама откако седи самостојно страв ми е.
Како го "работи"! Скока на него, а тој цел се клати. Се навалува нанапред, лево, десно, надоле. Хорор е не сум ја ставила некое време без надзор.