@Annath @Ljubica87 фала за одговорите. Annath точно дека се правени за без јакна, друго објаснување нема, ама дур за згрее колата или за ептен кратки релации облечи соблечи е мачно , ај тоа, ама некое буцко дете ако е, на тоа не ли мислеле, дека некое е подебелко а не е сеуште соодветно да го врзат со каишот од колата. Син ми е 13кг сега го мерев, они предвиделе да се отстранат каишите кога детето ќе има 15кг најмалку, инаку по правило 18кг и да се врзува со каишот од колата, осносно на од прилика 2 годишна возраст, изгледа ние ќе почнеме порано да го користиме така.
Ние позајмивме релаксатор во кој поминале 4 бебиња малиот поседува по 20тина мин и не планирам нов да купувам.
Ама да не ти е слим фит детенцето , дека моето не е баш. Шала на стрна, и ти ли имаш Чико Јуниверс? Колкаво е твоето, син ми има 16 месеци и 13кг, каишите од седиштето веќе му се кнап, го стегаат ептен, без јакна и може да го врземе ама со јакна јок .
вакво имаме а каишите од самото седиште се мали нека виде мажоти во авто делови дали има каиш да го смените ако е од седиштето кратко
Јас имам некоја слична верзија на ова твоево, али како со дупка е леглово исто како на сликава. Фактички бебето треба да е во полуседечка, а не во лежечка позиција. Ставаш нешто да ја потполниш дупката? И од кој месец се става во неа?
Ставам мекано ќебенце,и баш бев минатата недела на ортопед ми кажа дека можам слободно да ја легнувам само да не спие во релаксатор повеќе од 2 саата ми рече А ја ставам од кај 6та недела отприлика
Би требало да е исто како во транспортерот вдлабнато. Во него може слободно да лежи уште од раѓање, не треба да се пополнува дупката, положбата е слична како во матката.
Јас имам едно прашање околу транспортерите за кола. Имаме ваков Chipolino , од ќерка ми. Дали е наменет и за 0+? Или морам да земам вакво како подоле на втората слика? Кога се роди првото дете немавме кола така да дури подоцна околу 12 месец купивме седиште. Ме збунува едно нешто , има две групи од 0 до 13 и од 0 до 18 кг. Тие од 0-18 кг се вакви како тоа што го имаме па затоа прашувам новороденче дали може внатре да седнува.
Мислам дека потемниот дел од материјалот на првата слика е додаток за новородено, се вади кога ќе порасне детето. Така да би требало да може и новородено во првото седиште, само се подесува наваленоста да биде легнато и мора да го има тој додаток. Немам лично искуство, ама од видеа што истражував за седишта така би требало да е.
Одпозади и обавезно играчки имаше во неа. Тоа кога излегував надвор од нашето населено место (бидејќи сме мало место. А доколку беше на ептен кратка релацијата напред)
Позади. Мене и сега кога е веќе 3 и пол години,седиштето ми е назад и така се навикна. Напред јас лично не би ја седнала
Имам едно прашање: за кога се наменети седиштата за во кола? Ние сме 8+ и еве здравје планирам и тоа да купам, но која е разликата меѓу тоа и транспортер? Дали со транспортер е додека го собира во него па после да се пребациме на седиштево,? Да не е обевзно седиштево ако идеме надвор од мк или може и со транспортеров
Имаш различни седишта, некои се наменети да можат да се користат од самото раѓање тие ти се од 0+ што се. Ако веќе имаш транспортер користи си го него до дека го собира секако дека и него го прицврстуваш до каишите, па потоа ќе си купуш седиште. Јас имам 0-18кг и почнав да ја ставам малата од некој си два месеца кога имаше. Претежно транспортерите се наменети до кај 6 месеци да се користат дури се свртени наназад, а после тоа во седиште кога ќе почнат да седат и се напред свртени да гледат.
Што мислите што е по практично седиште 0+ или транспортер? Сите колички што ги гледав со транспортер што идат ми се пре гломазни, па некако почнувам да мислам на опција летна количка 0+ во комбинација со седиште 0+ наместо 3во1 количка, направил ли некој таква комбинација? Сите што ми се во околина се со 3во1 количка за старт па после летна и 9-36кг седиште,па сеосеќам како таа народната "Сите наопаку јас на терсене"