Имам транспортер седиште на maxi cosi cabrio и има еден дел сунгерест за новороденче што е. До кога се користи тој дел? Гледам ноџињата вејќе нанадвор му се а без него како за седење ми изгледа ептен
На моето пишуваше до 3 м или мах 6 кг, а со него и каишите беа на долно ниво. Го извадив пред да направи 6 кг зашто се издолжи бебево и мораше каишите да одат на горното ниво инаку не го собираа.
Мамички релаксаторите до кога ги користевте? Се мислам дали да земам имам еден ама постар е не е како новиве. Па ако не седат мн да не купувам
Јас за ќерка ми имав ваков релаксатор Постар модел е (од 2010)ама до кај 6 месеца максимално го искористив. Каде што седев јас го носев и релаксаторот низ собите Е на него пишуваше дека може да се претвори и во столче и дека можат да седат и деца до 2 години ама искрено не верувам дека некое дете би седело толку во него. Поготово ќерка ми почна на моменти да се подигнува , додека лежеше внатре па го дигнав , веќе беше опасно да седи во него.. сега за второто дете пак ќе го искористам истиот. Според мене не вреди да се даваат толку мн пари за релаксатор.
Некој да има седиште од Cybex да се пофали/пожали? Поточно вакво со појас ме интересира: https://store.cybex-online.com/shop-by-age/car-seats/cybex/from-9-months
Јас ги гледав ама воопшто не ми се свиѓа тоа што немаат појас туку тоа напред е наменето да ги држи. Јас ова го меркам https://www.encimenci.com.mk/sedishte-bear-red-cangaroo-066916014
Да ми дадете совет за релаксатор. Јас ги гледав овие, или ако имате вие предлог. Цена од 3000-4500 ден
Јас бев 50-50 дали воопшто би купила, ама тоа им е одбрано да ни биде за подарок ама сепак сакаат јас да им кажам каков. Секој предлог е добредојден, и поефтин од пишаното да е
Јас имам како вториот но играчките што висат се различни. Бебе на почеток нејќеше да седе повеќе од 15мин но кога потпорасна, некаде од 3-4м уживаше во него. Вреди секој денар што го дадов за него. Сега е 8м и не ја ставам во него бидејќи се исправа и виси надоле.
На 9 кг е ограничено ради моторчето, ако е потешко нема да може да го лула. Мојата беше 8кг пред два месеци, инаку уште ја лула ама не ми е сигурна, многу се исправа нанапред, и дека е врзана ептен виси надоле.
Многу убаво изгледа Сања. Плус повеќе позиции многу практично ми се гледа. И одма е бетер чоис од моево. Ако некој ова на кангаро го има може исто да каже какво искуство има со него. Јас би земала до поголема килажа релаксатор. Пример моето бебе на три месеци имаше 8,5 кг а од тогаш и сакаше да седи во релаксатор. Ако твоето би било крупно бебе нема ни да може да го искористи поради тежината. Најмногу го користеше од трети месец до шести и ми помагаше со саат време на ден што е огромна помош за бебе кое нон стоп сакаше да биде во раце. Мојот е до 13 кг и свечено го спакував од седми месец. Почна да станува и воопшто не беше стабилно ниту сигурно повеќе.
Ние не купивме релаксатор, бидејќи не знаеме дали ќе сака да седи во него, затоа купивме од Бугарија столче за хранење кое воедно е и нишалка, како релаксатор, на адаптер е, а има и музика. Прво се користи за нишање дури е мало бебето, а после е столче за хранење. Ептен е убаво и стабилно. Мислам околу 8000 ден беше. Ако купиш и столче и релалсатор одделно пак толку ќе биде. Мислам дека и во Македонија се најдува по порачка од кај застапници за Lorelli, само поефтино беше во Бугарија.