Релсксаторот ни е за од 0+ али сепак да прашам од кога можам да го ставам и по колку време за почеток?
Предвидени се за 2 до 3 часа.(освен некои модели како на макси кози на кои е назначено подолго седење) Инаку од раѓање одма се користат.
Ние го земавме тој од 1990 . Има вибрации и жабчето има песни. Единствена реклама на која и верувам . Имаат пишано дека помагаат вибрациите против грчеви и можам да потврдам дека е така. Штом почне бебуш да се витка , да се грчи му ги уклучувам и за кратко се искакува без маки.
Јас го имам тој доле десно од 1500ден. Го користевме до 8 месеца. Има батерија за вибрации, ама е некоја чудна батерија што не успеав да ја најдам и таа функција не ја ни пробавме. Иначе многу ми се погоди, лесно се вади материјалот да се пере, се исправа и на 90 степена за кога бебе е поголемо, може и да се лула и да се фиксира. Јас сум задоволна, ама ќерка ми немаше грчеви, па не ми пречеше што не ги користев вибрациите.
Јас го имам баш тој. Убав е, само нема вибрации. Како лулашка е, напред - назад. Има три нивоа на тајминг, 5-6 музики тивки не гласни и тоа е тоа. Солиден е, само колку ќе ти седи бебе не знам.
До 5 месеци секој ден. Почна од два/два и половин да седи во него. Баш во месеците кога треба да го држиш нон стоп во раце ќе ти помогне со еден час до два на ден што е огромна помош. Не мораш да купуваш нов купи на старо. Овде ќе најдеш дури и нови по пола цена: https://www.mamikreisel.de/ Исто и бабицата добро те советува. Наместо во релаксатор бебето треба да е на под. Овде од три недели веќе се на под на стомак. На два месеци се вртат благодарение на зајакнати мускули, на пет лазат солидно, на седум се исправаат и на девет веќе им одат. Твое е да одлучиш
Девојки, ај помош околу избор на релаксатор, дали некој го има овој, ми гледа ок цената.. Стварно над 5.000 ми е некако многу да давам за нешто за кое не знам ни дали ќе го користиме. А немам од кој да позајмам моментално.
Јас го имам и ми вршеше одлична работа до 5 месеци некаде. Не беше беба нешто wow љубител, ама за да јадам на раат, до тоалет да одам, или да раскренам по дома супер беше. После тоа веќе се поактивни и нема шанси да ги задржиш. Еднаш ми тупна доле од релаксатор и толку беше, го спакував.
Јас го имам, добар е, има клацкалка со различни брзини, различна музика, минути колку сакаш да се клацка, убав материјал е. Мислам дека за парите највеќе се исплати. Само мислам дека столчето не е за 0+, па ја во дупката го ставам делот за бебе од транспортерот и така поправо лежи. Инаку мојот не седи баш, не му се свиѓа многу, дали два пати по 15 мин во текот на денот.
Фалаа ти, после неколку анализи ми излезе дека е најисплатлив, искрено 100 евра ми се многу за релаксатор, пошо ете не се знае дали ќе ги сака.
http://www.libertabebecentar.mk/rel...relli-2/relaksator-lulashka-portofino-lorelli Мислам дека го има во Либерта, барем на страната им го има