Здраво Ако знае некоја членка да ми објасне малку повеќе за транспортерчињата, освен што се користи како седиште за во кола поставено обратно од правецот на движење на автомобилот, колку време е препорачниво да бебенцето седи во транспортер, пример дали може да се користи за долги прошетки или дома да си заспие? Или не е препорачливо долго време да седи во него?
Ние максималнo искoристивме затoа штo нашиoт се става и на кoличка. Па лесен е за транспoрт на бебе вo кoла, надвoр гo ставаш на кoличка... Нас oртoпед не сoветуваше на 1 и 45 мин да правиме пауза.
Да и кај мене се става на количка, но многу слабо сум упатена, исто и од колку до колку месеци се користи?
Педиjатрите сoветуваат дoдека не пoчне главата да му излага дека мoже да се кoристи. Ние сме скoрo 5 уште кoристиме баш затoа штo ми е практичен. Oд прв ден извадивме бебе сo негo oд бoлница. Не треба да ставаш дoдатoци на глава дoдека е мнoгу малo ,а и пoнатака и наjбитнo oд се да биде врзанo.
Од прв ден се користи додека не го израсне. Не е убаво дома да го учиш да спие во транспортер, ама за шетање секако дека ќе спие така. И нас ни е ептен искористен, цело време така го шетаме надвор, и за во кола обавезно мора да се вози во транспортер.
Со љуљање е? Ние имаме сличен. Бебе кога како сака да седи. Спас е за кратко да се позанимава коа ќе ти паднат раце или кога треба да завршиш нешто. Ние не го користиме нешто посебно, му здосадува на бебе. Зависи од бебето дали и колку ќе го искористиш.
Здраво, некој да не има искуство со релаксаторите од нама? И конкретно кој релаксатор сте го користеле? Гледам прифатливи цени но не знам за квалитет.
Сличен имаме од Лорели, од прв ден го ставав по препорака на патронажна. На почетокот не сакаше многу во него, 10 ,15мин, а сега (на 5м) седи и по повеќе од 30мин
Nie preed 10 godini kupivme relaksator za prvoto dete,okolu 6000 den bese so vibracii na nozete koga ke udi svirese,so svetkki na zvezdicki i krukcinja na obracot i igracinja plus... Ako me veruvate deka 5 generacii go umrevme od koristenje .... Dve moi,pa dve na bratmi i sega posle mn godini vtorata kerka..ne e mrdnat ne e osteten ist e kako prviot den. Na fisher price e...moite bez nego ne zaspivaa. Normalno i so pauza, ke stavam i na krevet,vo race ne sakaa icc samo relaksator... Go preporacuvam za site pari najvrednoto nesto sto sme go imale za bebe...kolickata ic ne ni e iskoristena ama relaksatorot puke:$... Duri pisuvam ona se klacka pred mene...nema race ucenje i da ne mozis nis da fatis.. Blagoslov
Мене пред една недела ми го донесоа релаксаторот комбинација со столче за хранење од нама купен и искрено ич не ме бендиса, не се лула електронски туку вибрира, многу нестабилно ми се виде, ставив бебе внатре му пуштив вибрации кога бебе врисна еден саат не можев да го смирам. Од лорели имаат мој братучед и стварно е многу добар
Ние имаме од тој синиот со жабче и сме презадоволни. Го земавме 1990 достава до дома и штом имаше малиот грчеви одма му пуштав вибрации. Како магично да му делуваше , одма си се искакуваше. 7+ сме и уште го користиме. За вакви работи не се даваат многу пари затоа што не знаеш дали дете ќе сака да седи внатре. Мојот и ден денес ужива во него , кога ќе се заигра со играчките над него , ако не ти е грев не го вади.
Од моето искуство, релаксаторот беше искористен само два пати по 2-3 мин бидејќи бебе вриштеше во него и остана нов во подрум, за жал.