До 18кг е . Ние го користевме максимум до 7ми месец, сега сме 10 и лази до него му се радува. Се вртка околу него и се поткрева. Сеуште седи во него по 10тина минути сигурно два пати во ден , ама сега шемата му е со нозете си игра на играчките.
https://nama.mk/proizvod/kombiniran-relaksator-3vo1-ibaby-blue/ Почнавме со користење некаде после првиот месец, се прави и во лежечка позиција , подисправена, како лулашка(тоа не го сакаме некако ни е страв), а понатаму може и како столче
И јас сакам од Нама да нарачам, а некако ми е и страв што ли ќе стигне. Кажи ми може ли да го отвориш при достава да провериш дали е ок или не дозволуваат?
Според закон 15 дена имаш рок при онлајн порачка да ја вратиш и не верувајте никако поинаку. Јас порачував од плати на врата не сакаа да ми сменат производ кој кога го добив сфатив дека не ми одговара. На крај ги пријавив во Пазарна Инспекција и од таму ме исконтактираа да одам за замена или враќање пари. Ниеден продавач онлајн да не ви се прави на будала затоа што законски стои 15 дена рок да вратиш.
Здраво Едно прашање доколку некој знае Дали оваа лулашка ја има истата функција како релаксаторот? Дали е за 0+ ?
Синко не беше фан на релаксаторот. По препорака на педијатар, почнав да го ставам откако почна сам да ја држи главата, затоа што релаксаторите немаат соодветна поддршка. Не седеше многу, брзо му досадуваше. Имај го и тоа на ум кога ке купуваш, чико не се баш евтини, може да се џабе фрлени пари.
Јас синко го ставам од 1 месец. А, користиме од kikka boo. Бебе ужива во него и знае да се заигра околу 45 мин. Кошташе 2200 мислам во Локо Кроко.
Девојки, сакам релаксатор до 18 кг или барем до 12 за бебе да може да го користи подолго (решена сум дека ќе сака да седи во него ). Од тоа што прочитав вибрации помагаат со грчеви, па тоа ми е големо барање. Пожелно е да има автоматско нишање за да му е поинтересно седењето во него и да може и да си се успива. Дали знаете каде можам да најдам комбинација од се? 90% се до 9 кг, мислам дека се исцрпив, ама пак да видам препораки, може сум пропуштила нешто.. Фала ви
Сите релаксатори се со иста килажа. Да ти кажам дека има големи шанси бебе да не дака да седи, да не се разочараш. И да не лупнеш пари за џабе. Јас имав релаксатор како клацкална, а има и тип како лулашка. Педијатар препорача да го ставам откако ке почне сам да ја држи главата, после 3 месеци. Синко не сакаше да седи долго, брзо му здосадуваше. За грчеви не помага ништо, за жал, синко 3 месеци си плачеше. Плаче, се дере, ние го шетаме, тешиме, мазиме. Кога има грчеви сака близина на мајка а не вибрации.
Зависи од дете внук ми во раце не сакаше многу склетџија бебе беше. Одма пиштеше во раце. Ама релаксатор многу му помогна и при грчеви и при успивање...ама зависи од бебе има разлика ако не земеш нема да знаеш. Верувам нема потреба од многу пари 2-3000 се доволно. Ама ако некој сака поубав и поскап зошто да не и тоа