Комбинација нишање и вибрации гледав имаше во Бебе супермаркет. Е само не знам за килажата, види на нивниот сајт, има карактеристики и опис кај производите. Моево седи во релаксатор, но не е баш љубител на вибрации, не седи многу, 15-20 минути најмногу. Да заспие во него шанси нема. Си велам да имаше лулашка, можеби ќе спиеше така. Ете различно е кај сите, не се знае како ќе се погоди. Ако ти е кејф, купи, зошто да не, па ќе кажеш дали сака или не сака
И јас го барав истото ама не го најдов. Тие што имаат вибрации се ептен за новороденчиња и понатака за поголемо не може да се користи. Тие што се за до поголема возраст немаат вибрации... На крај го земавме тој на Foppapedretti, седиштето се откачува за после да седи во него кога ќе биде поголем и кога мрда се лула седиштето. Мислам дека го плативме околу 8000ден. ама имав среќа мене ептен ми се најде. Поголемиот дел од денот е во него и сега со грчевите и скокот само во релаксатор може да спие преку ден. Ама пак почекај да се породиш да си го видиш бебето дали ќе сака да лежи или во раце ќе биде, па тогаш ако имаш потреба ќе купиш. А за грчевите ти кажаа, не дај боже да го фатат ништо не помага, треба да си помине време и да ги снема. Мислам дека мајката најмногу може да им помогне.
Нашиот беше лулашка, си викав да не беше лулашка може повеќе ќе седеше . Или седи или не, ама мислам дека има удел и мајката колку е упорна да го остава. Мојов а се побуни одма во раце го земав и на крај прекинав да го ставам, нормално дека нема да седи..
Скроз Мојот се бунеше ама во вториот скок ми дојде преку глава, едноставно рацете ми паднаа и не можев повеќе, го оставив и си легнав во спална. Кенкаше 5мин и прекина. Сега му пуштам песнички на тв има многу шарени спотови и лежи, ужива.
Какви спотови уште не му држи внимание ништо. Во хранилка сега највеќе го ставам. Му местам играчки и една по една ги пробува ги џитка и пак кенка . Само поточиња очиња ги сака и на тв кога ќе ја слушне се загледува и се смее, друго ништо
Да кажеше порано, ќе се заменевме, да не ни е криво Не го земав кога ќе закенкаше, но тој саглам плаче кога не сака веќе да седи. Сит го седнував да видам и после некое време почнува да плаче кога ќе му се приспие. Би плачел можеби и еден час, но нема да заспие. Кога ќе го ставам на цице, издишува како да му олеснало и во секундата заспива. Еве го сега едвај јадев, му дадов цице, шмукна два пати, се тргна и со обравчето се потпре на цице како перниче и спие. Само да не можам да мрднам, лежам укочена за да спие.
Ист беше мојов, вика вика, а во раце истата секунда заспан.. Ама кога ќе пораснат напорни се, сака сѐ да види да џапне. Не сака ни сега никаде освен во раце, а беби на негова возраст си лазат си се заигруваат сами..
И пред тв сум пробала. Си гледа, се радува, си зборува и прета, но ќе му здосади после некое време и му се приспива, плаче и нема шанси да заспие така во релаксатор. Среќа во раце не го држам за спиење. Ве читам така ви спијат, јака ви душа, раце да ти паднат.
Јас го имам овој. До 18кг, се прави и како корпа за лежење и има повеќе позиции за поткревање. Со вибрации и голема стреа. Синко на почетокот не го сакаше ич ама сега почна да си седи по 30мин и со вибрации и цуце во уста си заспива во него
Ова е од Бебе хоум? Сега најдов слично таму, се прави како корпа и се спушта подлогата да биде рамна за спиење.
Релаксаторите се до 9 или 18 кила,со тоа што тој до 18 што е,до 9 го користиш како релаксатор,после тоа само за седење. Има на вибрации до 18,ама нема лулка,баш од таа причина што не се користи над 9 како релаксатор. Имајте во предвид дека 18кг е дете од 3/4 години.
Да, секако.. но, еве братучетка ми има синче кое (Господ здравје да му дава), машала на 4 месеци е 9 кг... еве и мене стално ми викаат големо бебе ќе родам.. додека почнам да го користам, ќе го надрасне
И на другарка ми исто на годона дена 14 кила,па еве го 18 на скоро 4.Стагнираат после не оди баш така не се секирај. Плус не е проблем 2-3 кила плус ,алуминиум се не се кршат немај гајле
Скапичок ама одличен, ќе те замени ќе ти биде од помош, има убави начини на лулање што баш смируваат. Се поврзува и со телефон можеш да го контролираш, и музика можеш исто така од тел.да поврзеш.
https://bebehome.mk/product/tiny-love-релаксатор-cosy-grey/ Овој го купивме До 18 кг е, може да се прави како корпа за спиење, вибрира, има музика, бели звуци, нежно ноќно светло, може да се лула и да биде статично. Мислам дека е полн погодок Да се надеваме дека бебе ќе сака да седи во него
Женски каде можам да најдам навлака за транспортер maxi cosi?Имам количка на quinny со транспортер на maxi cosi ,но бидејќи ни ги подарија значи користенисе,сакам да земам навлака за транспортерот.