Има добри опции ама многу е звучен. Вибрациите се слушаат. Јас општо сум против вибрации за бебе. Плус бебе си сака близина, да му пееш, да го нишкаш. Може и да ти се погоди бебето воопшто да не сака во релаксатор.
Јас не, другарка моја го има. Не го користеше којзнае колку, не и се најде многу како што очекуваше. Работи само на вибрации, нема опција ти да ги лулаш или нишаш. Мене затоа не ми беше ни во план да го купам.
Тоа мрдањето е звучно и работи само на струја. Тоа сигурно е и целта, да ја замени мајката, ама мене тоа не ми се допаѓа.
@macka91 Ние го имаме користено, од новороденче до 8-9 месеци седеше мојов. И јадеше во него и се нишкаше се. Ние бевме преезадоволни. Иначе може и да се лула без звуци. Незнам зошто го продадов. Сега за второ немам
Да си купиш пак Јас го видов и во живо го пробав, немаше вибрации ама викам може не сум обратила многу внимание
Релаксаторот е оценет како еден од најдобрите што постојат. Тие звуци и го смируваат бебето. Има едно како возење во кола. Мојот го обожаваше и ден денес чим влезе во кола он заспива. И во релаксаторот скоро секогаш заспиваше Земи го нема да се покаеш. А јас тешко, и да земам малата од брат и нема да може раат да се лула
Коа ќе родиме значи 24/7 само у раце у релаксатор ако ставаме одма сме немајки , #прашањештомемачи за првото не користев сега за второто со време ќе си купам уште пред породување , и тоа со сите опции можни , од лулање 24/7 и само у раце не се функционира сам дома
Јас го имам од првото. Не вибрира. Имаш неколку движења да одбереш и звуци, а вибрации нема. Зависи мн од детето дали ќе сака да седи, ама тоа не можеш однапред да го знаеш.
Се зависи од детето, мое мислење ако имате желба за релаксатор земете си некој поевтин, немам искуство со овој релаксатор но со тој што го имав синко воопшто не седеше на почеток сега ми врши работа за хранење и тоа кога седи кога не
Па релаксаторот е убав, има многу опции за клацкање, музика, ама детето мое не сакаше ич да седи. Дали 5 пати по 5 минути има седено. Сега го дадовме на другари, нивното бебе ужива во него, си спие во него, се клацка.
Ќе се надоврзам на напишаното. Значи за релаксатор е ризик да дадеш многу пари. Моето првенче го користеше релаксаторот максимално, маста му ја извади. Сега за бебе среќа купив еден од 2000 денари, да кажам дека 5 минути седи во него многу е... Сега чекам да ми стигне од внуците релаксатор да речам од помодерните, ај може овој не и е погоден ама чисто се сомневам дека ќе седи и во тој!
Во право си. Јас за моево бебче немам и мислам дека не би седел затоа што сака да си шета исправен господинот. но сакам како поклон за бебчето на брат ми кога ќе се роди ама ќе видиме, ќе размислам дали тоа или нешто друго, нормално ќе ги прашам и нив однапред
Практичен е, има неколку опции на движење, а звуците не се ништо посебно (чукање срце, шумолење, течење вода- мислам овие смируваат бебе до кај месец два, после тоа си бара разноликост) Сите производи на 4момс се одлични, на ист принцип работи и креветчето што го имаат, кога го земавме релаксаторот баш го видов. Не ми се допаѓаат 3те топки горе што се прикачени, брзо му здосадуваат на бебе Мислам дека членката која спомна дека вибрира, мислеше на кратките вибрации кои ги има кога се движи горе долу, неприметни се но сепак постојат
Да се надоврзам за релаксаториве тоа дека бебе нема појма дали е скап или евтин еве го и моево имаме еден од 2000 и во него по цел ден можи да ужива ама тој е шарен во сите бои и ептен го сака додека тој скапиот ама нема шанси да го седниш не да се лула не со музики и вибрации абе ништо не сака..иначе ние два добивме на поклон па ни донесоа уште еден и најдов кај да ги заменам тие два за поскап и еве џабе не седи во него а седи во овој од 2000 ни музика има ни вибрации ни па се ниша сам само е шарен и му менувам играчки.. Да знаев дека нема да седи барем столче за хранење ќе си купев
Здраво мајки, едно прашање, можеби не е за тука ама добродојдено ќе ми биде вашето мислење. Кумовите се понудија да ни купат релаксатори, па ме интересира од кои сте задоволни и нормално да се со пристапна цена?! Ви благодарам однапред на сите