До кој месец седат бебиња во релаксатор? Дали кога почнуваат да лазат веќе не им е интересно да седат во него?
Здраво мајки, дали некоја од вас го има овој транспортер и како сте задоволни од него? Ви благодарам однапред на сите
Јас сум презадоволна и по дома го ставам бебето во него, ужива... првиот пат му наместиа подлога од болница кога излеговме (да не е толку во седечка положба)
Одличен.. сестра ми го купи лани за малата и јас планирам да го земам за моето зошто е како нов. Од прв ден ја ставаше зошто има положба како фетус. Има неколку музики и начини на вибрации. Го користеше до 7 месеци додека не почна сама да седи.
Јас го земав, релаксаторот си е добар само ќерка моја многу кратко седи во него. Ист модел имав и за син ми само на фишер прајс, тој го искористи максимално. Така да релаксаторот си е ок само бебе да сака да седи
Луѓе што мислите за релаксатор, добри ли се за бебче? Треба ли нешто поедноставно или може и нешто вакво со музиче и тн.?
Моето е вакво слично од втората недела го ставам а сега веќе почнува да ужива Го ставам и 1 час сигурно седи си заспива и можам да испијам кафе на раат