Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Транспортер и релаксатор

Дискусија во 'Бебе' започната од Sun.shine, 13 октомври 2011.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Ахааа мислеше за релаксатор :D :D јас мојата бебувка ја ставам уште во релаксаторот , ама каде каде е поудобен од транспортерот :!: се мести во лежечка и во полуседечка позиција
    Малата ја ставам во неа , поднесувам на време пр 15 мин и ја клацка :D
    и после и на неа и се здосадува :lol: :lol: неможе повеќе
    Иначе го препорачувам на идните мајки да си имаат еден релаксатор дома . се наога кога треба некоја работа да завршите , го ставате бебето и знаете дека е на сигурно . Мене барем многу ми се најде
    и уште го користам иако бебушка е веке голема ке полни 7 месеци
    сега за хранење го гористиме :lol: :lol:
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.159
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Леле па како твојава прцла седи, ми личи од сликине како прилично живо детенце, да е жива и здрава, многу е слатка.
    Инаку Љубица па како тоа релаксатор столче за во кола, ај транспортер, ама релаксатор. Тоа не е баш сигурно мамички, не е убаво прицврстено, и колку и да викаме ние нема врска, сепак е потребно за сигурноста на детенцето седиште во кола, во првите месеци може транспортер, ама подоцна веќе седиште кое му одговара на возраста.
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Фала фалаа :$
    иначе мирничка си е , неможам да се пожалам :nod:
    друго најубаво е а и најсигурно е транспортер ... јас еднаш се осудив да го држам во раце детето при возење и никогаш пак , зашто воопшто не е сигурно :?:
    а и незнам како пр релаксаторот ке го употребам во кола :?: не ми иде некако
    Ние уште малце ке треба да купиме друго седиште . веке е поголема и седи а транспотерот е веке мал за неа
    Го купивме прилично скап , и плус додатен дел за него за да е цврсто прицврстен
    ама го искоритивме многу многу
    си вредеше за сите пари :D
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Труднички муабети

    сериозно така го има направено, нели некои релаксатори се виткаат и како за седење и така го има на задното седиште, и јас се зачудив , ако се видам деновиве со неа и ако не заборавам ке го сликнам па ке видите сами, како е направено ;)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.159
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Да бе Љубице ама тоа не е сигурно, транспортерот колку толку може со каиши да се приспособи, а ова, има да летне недајбоже од најмала глупост, а башка полицијава како казнува во последно време, сигурно нема да и прогледаат низ прсти. Познаничка ја казниле 350 евра заради тоа што малата во раце ја држеле на автопат, демек имале корпа од оние што се вадат од количка, ама и кажале дека тоа не е седиште и ја казниле.
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Труднички муабети

    знајш како, тоа си е избор на родителите така? тие на ваков начин го користат од пролетта, и да тоа е прицврстено некако на задното седиште, не стои само така, и сигурно и тие немаше да го користат така ако не е безбедно...
    инаку јас ова го кажав како пример ;)
     
  7. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Труднички муабети

    будала работа а дали имаш пари тие сите работи да ги купиш одприлика скоро се е потребно ама се многу пари бе еј алооо шо мислат тие ние имаме толку многу па уште казни пишувале бре нека ми пишат не му плаќам :rofl: :rofl: :@
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Труднички муабети

    да за тоа си во право, нема секој мин 3000 ден за купи седиште така? и затоа можи мојата другарка го има направено ова, може и таа немала пари да купи :(
     
  9. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    мами4ки до кој месец ги користевте релаксаторите??? Јас сакам да му купам ама страв ми е да не го користам само малку време (иначе бебушот направи 2 и пол месеца) Ве молам казете ми ваши искуства позз до сите
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Јас го купив кога малата имаше 4месеци . малце касно ама го користиме уште :D
    Така да можеш да си купиш колку толку ке ти се најде ;)
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.525
    Допаѓања:
    106.053
    Пол:
    Женски

    Јас купив уште пред да се породам и керка ми ја ставав внатре од почетокот , и можам да кажам дека го користевме до 5,5 месец зашто почна да се крева нагоре и еднаш ми се преврте и толку веке не ја ставав :)
     
  12. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    мене најмногу ми е страв да не го надрасне за месец до два зошто стварно нема да ми се исплати да го купам, сепак фала ви :*
     
  13. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    сакам да ве прашам колку може да е најефтин релаксаторот и каде има во скопје.благодарам оти раце немам веке :D
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    па релаксатор и не е некое решение. Ние имаме, седи во него,но неможе цело време да е таму. Врши работа за 20мин -максимум пола час. Јас кога веќе немам сила а сака да е во раце, ја ставам во слингот, ја местам во положбата за нанапред и така си гледа и ужива, а мене половината и рацете ми се одморени.
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Јас преку ден ја оставам во релаксатор, таму си заспива, си гуга, и кога ја хранам ја хранам во релаксаторот. Си се навикна, а и мило ми е што го сака и не прави проблем. Се спасивме малку од навиката во раце. Бога ми сега не ни можам долго во раце да ја тржам, порасна буце.
     
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Она сеуште не го сака релаксаторот кога ја ставам седи во него 10 тина минути и ги гледа играчките 2 мин 8 мин е свртена накај мене и вааааа после повеќе сака да лежи на кревет имама едни плиш перници и ги гали тоа и е најголемо задоволство и тропалката инаку додека сме на шишенце само би сакала да ми е во раце а потоа кога ќе почнеме кашички ќе мора да си седи во релаксатор ако не за повеќе бар за ручкање
     
  17. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Мамички да ве прашам нешто на два ума сум дали да земам релаксатор. Јас сакам да земам бидејќи веќе ми натежнува бебето, не можам цело време во раце да го држам, а во кенгур може до 11 кг, а он е сега 7 кг, а во релаксаторот може до 18 кг. И кога го ставам да си лежи на креветче или на перници му се здосадува брзо и сака во раце да го држам и да го нишкам или во кенгур кога е си ќути. Маж ми се противи да земеме, вели тоа е промашена инвестиција и никако да се убедиме, па ме интересира какво е вашето искуство со релаксатори и дали вреди да се земе?
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Јас кога беше уште многу мала пробав со еден но никако не сакаше да седи во него. Сега овој другарка ми ми го позајми , ја ставивме во него на 3месеци, одлично го прифати и сака да си седи во него. Така што јас да го купам не би ми била промашена инвестиција, но еве имав среќа да позајмам.
    Според мене по паметно ќе ти биде да земеш од некаде ако си во можност да го пробаш, да видиш дали ќе сака бебуш да седи во него.
     
    На Sanjicka15 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци


    Aко не сака д аседи поубаво да не земате ,можеби мнгу подобро еда земете транспортер оној шт осе врзува за во кола и дома ќе го користите како релаксатор ама барем за шетање ќе ви биде искористен или можеби уште подобро е да си земеш слинг марама и бебето ќе си биде до тебе и ќе можеш до поголемко да го носиш ем рацете слободни мојата не седи ни во кенгур затоа се довумам дали да земам и слинг
     
    На Sanjicka15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.489
    Допаѓања:
    201.404
    Пол:
    Женски
    Тој ќе ти врши работа до 3 или 4 месеци максимум, а може воопшто да не го прифати... и онака штом ќе може да седи нема да го ставаш малото во релаксатор, ќе се исправа, па и да е врзано, ќе може да се преврти. Па сега ти види дали се исплати да купуваш релаксатор.
     
    На Sanjicka15 му/ѝ се допаѓа ова.