ние земавме на чико со вибрации само , предобар е и плус до 18 кг е , до негде 36 месеци ќе може да седи во него .... од 3 ден ја ставам и си заспива во него па ја префрлам во креветче .... најмногу за материјалот се фатив јас , овој има многу добар материјал , мек е и одлична потпора на грбчето ... https://www.encimenci.com.mk/relaksator-balloon-miss-pink-do-18kg-chicco-791288100
Вибрации му сметаа на моево, се изедов жива што немав земено релаксатор и со лулање. Додуша, никогаш не ни засака релаксатор, 20 минути максимум издржуваше, за разлика од бебиња што и си спијат во него.
Моето уживаше во тој на лулање, жал ми беше што не го купив порано, има нежни музики, само до 9 кг беше, моето до кај 1 год се лулаше зашто беше слабичко. Сега чекам второ бебенце и ке си го користам од старт.
Кога би бирала пак овој би го купила, многу добар една познаничка го користи и презадоволни се, и како што кажа одлична потпора за грбчето има што е најбитно. Нашиот од бебе хоме го зедовме со лулање и секогаш кога ќе ја ставев во него свиткана како кифличка беше, и го баталив. Ем скап, ем не го употреблив скоро ич.
https://www.encimenci.com.mk/relaksator-cloud-grey-stars-moni-066sg40237 Ние овој го добивме на поклон,ваков сакав,има некоја искуство? Се надевам не згрешивме...
другите сите што ги гледав незнаев како би функционирало подисправена позиција и плус бебе мало од 50 см во него цело свиткано ќе биде , овој бидејќи може скроз легнато бебече во него ,а кога ќе потпорасне уште три нивоа има , а друг не најдов ваков ....
Мојот е таков стај го пушти цртани и моеш да заборајш бебе дека имаш Се смее се радува ужива најдобра инвестиција ми е
Ех, цртани ако му пуштев, сигурно ќе сакаше да седи, само што јас не му давам да седи пред телевизор и да гледа цртани Инаку, каде и да е ставен, зркнат ќе гледа ако се пушти и нема да трепка. Јас пробував со играчки над него, така да се занимава. Единствено летото малку подолго сакаше да седи на тераса, си гледаше дрвја, тие му беа цртаните
Лево од количката е транспортер и се користи додека е мало бебето, може да се монтира на количка, се монтира во кола обратно од правецот на возење. Од десно е седиште за во автомобил, во зависност од тоа за која килажа е, се користи или од раѓање или на пример од 9 кг. Ако се користи подоцна, се става во позиција на правецот на движење и бебето гледа нанапред. Најлево е корпа за новороденче, се користи околу 6 месеци, бебето си лежи и е заштитено во неа.
Епа затоа немал анимација и не му се седело Ја бејби тв му пуштам со песнички или ју туб палам и тие нашите дизни ги пуштам Аладин го обожава
Треба можеби да му пуштам барем на македонски јазик, против цртани сум и што и да е на англиски или на некој друг јазик. Инаку сигурна сум дека и мојов ќе обожава, ама мама е лоша и не дава Море добар си е и вака, си игра со играчки, супер му е. Го занимавам на друг начин, не ни знае дека постојат телевизија, таблети и компјутери. Заборавив за тоа да ти пишам, па додадов погоре во истиот пост. Корпа за новороденче, да си лежи додека го шеташ.
Најлево е корпата за новороденче. Го вадиш тоа седиште што е наместено на количката на таа слика, и ја ставаш корпата на негово место. Во неа го возиш бебето, свртено накај тебе до кај некои 6 месеци кога веќе ке сака да седи наместо лежи - тогаш ќе го вратиш седиштето
Каков имаш? Јас сега разгледувам од енцименци незнам каков да земам, Ако можеш сликни го Дали е и со лулање и со вибрации?