Еве го работи и на батерии што е супер бидејќи е подвижен секаде и има даљинско. Само на лулање е со различни брзини и се подесува седиштето понатака да седи нема вибрации. И јас сакав ради грчевите ама еве добро поминавме и со овој
Женски дајте ми препорака за релаксатор што има и вибрации и опција за автоматско лулање. Само да е со пристапна цена, да не е над 6000 ден.
Го имам јас но повеќе ми служи за хранење. Играчките се мн далеку и беба се нервира бидејќи не може да ги дофати
Топ се на Брајт стартс, кога пиша за вибрирање и лулање сакав да ти пишам за брајт стартс, ама не пишав одма и заборавив, толку. Многу се продаваа како алва, а рекламации ич, задоволни беа луѓево доста
Ние овој го земавме и е преодличен Разликата со овој мислам дека беше адаптер на струја има мојов а овој што ти се свиѓа е само на батерии
И јас го имам овој, го добив подарок. Бебе е 2.5 месеци, добро ме служи засега. Се заседува по пола саат пушта раце по играчките ама не ги дофаќа. После и здосадува и ја фаќа нервоза. Ама па некогаш знае да заспие тука со вибрации, ако ништо друго не помага за заспивање. Мана му е што нема автоматско лулање, има само вибрации. На батерии е. Да бирав јас, за тие пари ќе одберев многу поубав.
Моја препорака прво ако имаш од некој да позајмиш да видиш дали бебе ќе сака да седи воопшто во него Мојов ич несака едвај по 15 мин седи
Кога за парите сепак не вреди значи јас да не избрзувам, да најдам некој и со автоматско лулање барем, се да има. Фала ти многу на искуството
Јас се извинувам што те цитирав,мислев на @IRBBB и реплицираш дека нема лулка транспортерот, а ти за друг си коментирала, па викам како нема лулање. Ми се измешале нешто постовиве sorry
Плус овој има лулање лево десно,и се врти мислам за лулање напред назад,другите се најчесто напред назад нишање,другиве се поскапи. @IRBBB обавезно гледај барем на адаптер да е,само со батерии мн замарање е според мене.
Оф бее На крај релаксаторот ќе испадне повеќе пари од креветчето комплет. @Krofna* фала ти мила за советот, ама немам од кој. Ќе експериментирам. Ако не седи, јас ќе си се релаксирам.
Прашај, имаше на некои можеше да се докупи адаптер,имаа џекче за да се уклучи. Не на сите ама прашај, ако има за 100 денари ќе земеш адаптер од пазар.