Девојки, имам транспортер од внуците на сопругот. Како да го исперам да го средам? Не можам така да го ставам бебе, сепак три години стоел така во соба..
Јас инаку вакво имам ама гледам дека за некое време може тесно да му биде, па сакам поголемо да му земам за понатака. Не знам до колку години се возат во седиште
Јас имав земено на Локо Кроко Дино 9-36кг, малиот ми е слабичок а висок. До 7 години си седеше во него, ем го собираше ем сакаше да гледа низ прозор од повисоко. Братучедка му имаше мислам седиште на Cangaroo, али доста потесно беше за разлика од неговото. И кога се роди бебе го тргнавме седиштето за да имаме место за транспортер плус и за мама кога ќе вози тато.
Друго е во живо да се види. Рано ни е нас сега нешто над 7кг е ама разгледувам. Сакам да е поудобно, да не е цврсто камен како на пластика да седи, ко сепак не ми се фрлаат многу пари до кај 100е, па ќе видам дали ќе најдам нешто за таа цена има разни производители белки некое ќе се погоди.
Mi izleze na reklama nekoe na encimenci joie li kako i da se vikase. Vaka ok izgledase pod 6.000 bese moze da e nekoj popust vidi si
Тие како на сликата се бустер седишта,чим сте 7 кила не ти препорачувам,според мое искуство минимум година ипол да има дете за такво седиште. Фиксно е,агол 90степени,каишот ќе му биде висок,главата ќе му паѓа... Има такви 9-36 и со позиции е такво може, ама и не мора до 36кг,доволно е до 25, и така повеќе од 5 години нема да седи во седиште.
Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во патнички автомобил, на предното седиште, не смее да се превезува дете помало од 12 години. Понатаму, според истиот Закон, во патнички автомобил, на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Што се однесува до предното седиште, според ЗБСП, смее да се превезува дете до 2 години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште, поставено спротивно од правецот во кој се движи возилото и истото е прицврстено за седиштето во возилото, со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.
И јас размислував дека не мора да биде до 36 кила, т.е. до 12 години мислам дека е тоа. Доволно би ми било и до 25 кг, но некако повеќе избор има до 36. Ама те разбирам и во право си, некако овие многу се под прав агол. Се двоумев да земиме и од 0 до 25 некое, но се уште ни чини транспортерот па затоа не ми се земаше од 0, одма ќе треба да ги тргнам тие меките подлоги за најмалечко. На транспортерот пишува до 13 кг, но слушав ортопед кажуваше независно од килажата, може да се користи се додека главчето не му излегува над транспортерот. Ќе почекам секако ни е рано , само ќе барам некое така со позиции, па доколку начекаме попуст ќе си земиме секако не ни се брза. Овие ќе отпаднат изгледа
Me zaintetesira googlav za eu, ko sto vidov sekoe dete ponisko od 1.35m treba vo sediste, nad 1.35 moze samo so pojas pozadi
Јас мислам тоа со тежината до 25 или 36кг едината разлика е што тие до 25 се помалецки или потесни. Ова јас што го имам е стварно големко и убаво али ете синко макс го користеше до 7г и некој месец, сега е 131 цм и скоро 25кг. ( дете истата висина или пониско а со 36кг би било доста побуцко а може и да не го собира веќе во седиште. Језда они мислам до 36 рачунаат да го оставиш само долниот дел од седиштето и на тоа да седи) Инаку јас тоа го купив кога ја земавме другата кола, мали имаше 3ипол год и супер му беше. За бебче помало од година ипол па може и две (зависи од детето)ваквите седишта големки би биле @Pacient srna малце сме подраниле ние по ЕУ стандарди
Затоа најдобро е кога ќе имаме прилика да прошетаме да разгледаме во живо. Друго е кога ќе ги видиме едно до друго во продавница па ќе ги споредиме за кое е пошироко, поудобно и со позиции. Фала ви за помошта, колку и да разгледуваш друго е кога ќе слушниш совет од некој кој веќе има искуство и може да ги посочи предностите и недостатоците .