Дали некој го има користено овој релаксатор да сподели како е задоволен? Според вашето искуство дали е доволно релаксаторот да е само со вибрации или сепак да купам и со опција за лулање?
Нас ни го донесоа на подарок ама јас не сум задоволна... Многу исправено стпи, дури кога беа 5 месеци моите тогаш ги седнував и тоа траеше еден месец после ги спакувавме. Вибрациите се многу лоши а музиката ништо посебно.. Има многу поубави за тие пари, или нешто малце поскапо од ова.
Mamaroo. Јас го купив ама не можам да споделам искуство, сеуште сум бремена. Се надевам бебе ќе го сака. Се изначитав и секаде има предобри критики. Е сега скап е. Се зависи од буџетот што го имате за релаксатор.
И јас зедов Mamaroo .Само нека не седи принцезата во него … Му гарантирав на мм дека сите беблаци го обожаваат
Дали имате искуство со релаксаторот kinderkraft од либерта и од чико овој што е сега намален на joie?
Јас го имам на јоие и е преубав Со адаптер, плус батерии, се клацка лево десно напред назад, со вибрации може одделно да го извадиш од постоље буквално има се Е сеа што бебе несакаше да го види тоа е друго случајно го извадив една членка сакаше да го купи дека уште ми е под гаранција и го ставивме да седне во него беше воодушевен и ете го веќе некој ден ужива Неочекувано